Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пратеникот Исмаил праша за декларацијата за стратешко партнерство со Британија

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил побара појаснување за декларацијата за стратешко партнерство што министерот за надворешни работи ја потпишал со британскиот колега, особено за соработката во врска со нелегалната миграција. Тој праша и дали декларацијата ќе биде објавена во целосна форма, на македонски или англиски јазик.

Заменик-министерот одговори дека договорената соработка се однесува на мониторинг и контрола на границите во случај на нова мигрантска криза. Тој рече дека не се предвидува испраќање мигранти во Северна Македонија или формирање логори и дека договорот во тој дел нема да биде поинаков од договорот со Фронтекс. Во одговорот не се наведува дали или кога декларацијата ќе биде објавена во целосна форма.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 31 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателке. Јас имам две прашања, едното прашање е за две институции, а тоа е за Државната изборна комисија и АВМУ, не гледам претставници тука. Но затоа овие прашања ќе ги оставам писмено да ги поставам, не гледам друг излез. А второто прашање ми е за министерот за надворешни работи господинот Тимчо Муцунски и тој гледам дека не е тука, не издржа до крај. Но неговиот заменик е тука па ќе искористам прилика да го поставам прашањето на заменикот на министерот за надворешни господинот Тимчо Муцунски. Имено господинот Тимчо Муцунски четири прашања ми нема одговорено, ни писмено, ни усмено, не знам веќе како да допрам до него, кога доаѓам на ред до прашување, увек го нема и денес дознав дека Комисијата за, меѓу историската Комисија имало покачување на плата од 78%, а моето прашање кое што цело време го избегнува министерот е баш беше тоа, поврзано со оваа Комисија односно за потребата од нејзино реафирмирање. Никогаш не одговори на тоа прашање, но денес дознав за што е така. Но добро, сега се однесува на едно друго прашање во однос на активностите на нашиот министер. А тоа е во врска со декларацијата за стратешко партнерство која пред две недели министерот ја потпиша во Лондон со британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами. Имено, во оваа декларација, односно во соопштението кое МНР го издаде по повод овој настан во Лондон, беше наведено дека целта на оваа декларација, односно содржината внатре е заради не знам стратешка соработка, партнерство, безбедност во НАТО, па дури имаше за правда и внатрешни работи, но немаше ништо во врска со она што за истата оваа декларација по повод истиот настан. Токму неговиот колега во Твитер, на официјалниот неговиот Твитер профил кој што меѓу другото вели дека таа се однесува и на соработка за спречување со нелегална миграција, односно кај него е нели факт илегл имигрејшн. И сега за да не шпекулираме, јас би сакал и директно да ве прашам на што се однесува тоа конкретно и дали конечно ние ќе добиеме во интегрална форма оваа декларација за да не шпекулираме за што се работи, да можеме ние самите да видиме што навистина содржи таа декларација за која мислам дека итно беше повикан без најава, дури дознавме од медиумите дека веќе е во Лондон министерот за надворешни работи и би сакал да знаеме на што се однесува ова. Дали вие намерно во вашето соопштение не го споменавте ова и дали и кога ќе ја добиеме интегрално, па и не мора на македонски јазик, на англиски јазик, битно да знаеме што е попишано. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 31 јули 2025 година Заменик на министерот за надворешни работи и надворешна трговија: Почитуван пратеник. Почитувани пратеници, почитуван претседателе. Ви благодарам на прашањето. Значи кога станува збор за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сите знаеме дека тоа е еден историски чекор кое што не се случува баш многу често на територијата на Европа особено со држави и земји кои што се од овој дел на Источна Европа и на Западниот Балкан. И сметам дека тоа е нешто што оваа Влада иако станува збор за еден повеќе политички чин, еден од најголемите успеси на оваа Влада изминатава година, затоа што во минатото беа ширени секакви шпекулации, нели дека актуелната Влада има поинаква политичка ориентација, геополитички не знае како да се ориентира итн. Но со тој чекор мислам дека успеавме да докажеме дека нашето, дека нашите политички, нашата геополитичка ориентација е свртена кон Запад и кон НАТО и со една од најголемите светски сили како што е Обединетото Кралство направивме таков договор кој што нема значење само во делот на економијата, кредитирањето, односно обезбедувањето некаква за она што го говореше претходно и премиерот обезбедување на можност за кредитна рамка и користење на средства по најповолни услови за стратешки проекти во Република Македонија. Туку и политичко партнерство кое има за цел да помогне во повеќе области на трансформацијата на нашата држава и на нашето општество кон постигнување на цивилизациски и европски стандарди во областа на правдата и на внатрешните работи, во областа на образованието, здравството и сите други значајни области каде што треба да се развива понатаму нашата држава. Во дел на она директно што прашувате, мислам дека и министерот Муцунски објаснуваше во јавноста, мислам дека и премиерот неколку пати говореше, дека она што е потпишано околу помош за справување со евентуална мигрантска криза итн. Станува збор за, бидејќи Обединетото Кралство е држава која што знаеме сите дека истапи од Европската Унија како членка, беше претходно членка на Европската Унија, истапи. Претходната Влада дури со тоа се фалеше со потпишување на оној договор со Фронтекс дека бил на чист македонски јазик, не знам на каков друг јазик може да биде потпишан. Се фалеше со тој документ токму дека договорот со Фронтекс е за заеднички напори на земјите членки на Европската Унија и на нашата Влада за обезбедување на границите и за мониторирање на тој дел од границата во контекст на спречување на мигранти, фацилитирање на целиот тој процес. Тоа што е договорено со Обединетото Кралство е токму во тој контекст бидејќи Обединетото Кралство истапи од Европската Унија и со нив мораме да имаме и да потпишуваме некаков договор, бидејќи знаеме колку е заинтересирана Велика Британија, што поради домашни причини, политички, што поради навистина напливот на мигранти на островот. Земјите од Западен Балкан меѓу кои и Република Македонија се наоѓа на портата, на така наречената поранешна балканска рута за мигранти и е заинтересирана да има свое учество во мониторингот и контролата на тие граници. Договорот во тој дел значи не е ништо, нема да биде ништо поразличен отколку што е оној со Фронтекс, а бидејќи Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска не е дел од Европската Унија, евентуално тие се разбира дека сакаат да имаат посебни договори да склучат со овие земји од Западен Балкан. Она што се шпекулираше во јавноста и што неколку пати беше демантирано и од амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, меѓутоа и од официјални личности повеќе во Велика Британија дека ќе биде поставено прашање за некакво интегрирање на мигранти, испраќање на мигранти во трети земји меѓу кои и Република Македонија дека тука ќе бидат, ќе се формираат некакви емигрантски логори итн, е тотална измислица и мислам дека тоа не само што не бил дел од никаков разговор, туку едноставно оваа Влада ниту помислува во таков правец да се одвиваат нашите односи со Обединетото Кралство. Значи, станува збор за соработка во контекст на мониторингот на евентуална нова мигрантска криза која би можела да се појави поради, вие гледате низ светот, имаме насекаде, насекаде имаме условно речено воени конфликти и кризи и ако евентуално проработи оваа балканска рутка, нормално Обединетото Кралство е заинтересирано и во тој дел да има сопствено учество. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања