Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пратеничко прашање за инвестициите од Емиратите и покачувањето на пензиите

Резиме

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска го праша премиерот за посетата на Обединетите Арапски Емирати, темите на разговорите и интересот на компании од таа земја за инвестирање во Македонија. Таа праша и колку средства од Буџетот се обезбедени за зголемувањето на пензиите и дали тоа ќе продолжи.

Премиерот ја оцени посетата како успешна и рече дека се разговарало за можни вложувања во туризмот, инфраструктурата, градежништвото и енергетиката. Наведе дека очекува економски вести по најавена возвратна посета на претставници од бизнис-секторот и спомена можни проекти, меѓу кои Попова Шапка и Чебрен и Галиште. Во објавениот одговор нема информација за буџетските средства за покачувањето на пензиите ниту дали тоа ќе продолжи.

Б
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бети Стаменкоска Трајкоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бети Стаменкоска Трајкоска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Пред не цела година за промена на власта затекнавме пепел од држава. Уништена од неработење и крадење, со интерес на Владата на СДСМ и ДУИ само за лично богатење. Почитувани колеги, почитувани јавност, анализирајќи ги многу од работите, меѓу кои денес бидејќи животниот стандард е покус сакам да ви прикажам еден табеларен приказ од Народна банка на Република Македонија каде јасно може да ги воочиме директните странски инвестиции и со овој табеларен приказ како истите се одвивале во минатото. Почитувани, наглото зголемување од 2024 година, на овие, ќе кажам народно, дупки се од 2023 година. Е сега анализирајќи ги овие директни странски инвестиции во државата за изминатите години и ова намалување од 2023 година не тера на помислата зошто има толкава пасивност во неработењето на тогашната Влада. Одговорот на ова прашање сите го имаме, додека народот се лажеше со добиваме чист датум, историска одлука на Европската Унија, само што не влеговме во Европската Унија итн. Европскиот совет донесе одлука за почеток на преговори, ги памтите овие лаги. Едни што сега не се тука во оваа просторија си подаруваа и си даваа на сопствените деца фирми за производство на електрична енергија, наместо фокус да имаат на нешто друго. Едни додека во министерствата за време на пауза од играње на фудбал си делеа народни пари на ново отворени фирми од Желино, фокусот не им беше директни странски инвестиции и подобар животен стандард. Но колеги фокусот исто така и на колегиве кои се тука, дел отсутни во моментов од салава, им беше тој период да се сликаат и соработуваат со криминалци, наместо да ги гонат истите, тие за возврат им делеа пасоши. На други, драго ми е што слушаат, преку фиктивни фактури и фирми крадеа милиони евра поврат на Данокот за додадена вредност од Управата за јавни приходи. Трети Рекет 1, 2 и 3 итн. скандалите со кинеските вакцини и многу, многу крадење на народни пари, наместо фокусот да биде животниот стандард на граѓаните. Цензурирање на слободната мисла во културата, афера Броило или пак мотивот на користење на шкљунски софтвер за прислушкување во Македонија, набавка на државен имот во вредност од само едно евро за метар квадратен. Фокусот беше одземање на надлежности на луѓе што се борат за правата на децата. Фокусот беше да се оставаат да водат институции наркодилери. Фокусот беше Леонардо, наместо НАТО сертификати фокусот беше да се создаваат и да се правдаат скандалите во Министерството за одбрана. Сомнителни избори на конзорциум за Бехтел и Енка, Лариком Импекс и ред други скандали кои не беа фокус за носење на директни странски инвестиции. Е сега заради тоа неодговорно однесување во минатото на денешната опозиција денес имаме потреба од многу работа. Меѓу другото и суштинска потреба од инвестирање во Македонија заради подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Минатата 2024 година како што може да се види од табеларниот приказ на Народна банка се забележани рекордни инвестиции во Македонија. Премиере, на покана на претседателот на Обединетите арапски емирати остваривте посета на оваа држава во Југозападна Азија, исклучително богата, организирана држава која е всушност обединета од вкупно 7 емирати. Таму како што можевме да видиме ги промовираме можностите и условите за инвестирање во Македонија. Може ли премиере да ни откриете за што точно се разговараше на тие средби. Како сте задоволен од состаноците и дали има заинтересираност за инвестирање на компании од Обединетите арапски емирати во Македонија. Ова е моето прво прашање. Моето второ прашање е повторно поврзано како што кажав и на почетокот со животниот стандард на граѓаните. Со мартовската плата исплатена во април значително се покачија платите на вработените во здравството, образованието, безбедноста, а се исплати и линеарно покачување на пензиите на пензионерите од 2500 денари. Што значи за изминатите 6 месеци, беа вкупно исплатени на пензионерите 5000 денари повеќе. Моето конкретно прашање е колку пари се обезбедија од Буџетот за ова покачување и дали се има во план ова покачување да продолжи со што би се подобрил животниот стандард на граѓаните.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бети Стаменкоска Трајкоска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Почитувана пратеничке Стаменкоска, вашето прво прашање беше информации околу посетата на Обединетите арапски емирати, посета која што можам да ја оценам како исклучително успешна. Кога зборувам како исклучително успешна оваа посета за разлика од можеби на некои политичари на таа дестинација по самата своја природа е различна бидејќи мотивите се различни. Ова беа државнички мотиви, а не бизнис приватни мотиви или културни присуства на одредени концерти и сл. Претпоставувам очекувате јас да ви дадам одговор за државниот пристап при посетата на Обединетите арапски емирати, за другото не се чувствувам компетентен да дадам одговор, ќе треба да ги прашате нив. Што се однесува до самата посета можам да кажам дека делегацијата беше пречекана на исклучително високо ниво. Кога станува збор на високо ниво тука мислам дека самата средба со претседателот на Обединетите арапски емирати во Абу Даби јасна порака кон тоа за кое што јас сега денеска зборувам. Посетата која што во принцип и состанокот со претседателот и главниот емир траеја од прилика 25-30 минути на наше задоволство се отворија теми и посетата беше три пати пролонгирана од страна на претседателот на емиратите и траеше некои 75-80 минути, што за нас претставуваше исклучителна можност да се претставиме, а од друга страна да размениме одредени мислења по одредени теми пред се геополитички затоа што од вака влијателен лидер посебно во тој регион, гледате денеска какви се ти не случувања се случуваат таму, да се слушне некоја дополнителна информација претставуваше за нас навистина огромно богатство и дадеме ние некоја информација за овој дел од Европа и за овој дел од светот. Ќе има многу убави вести од оваа посета. Јас очекував дека уште денеска ќе се случат тие убави вести, но еве поради некои детали кои треба да се до усогласат очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре која што ќе биде административно политичка, а останатите убави вести кои што ќе бидат економски очекувам да се случат до крајот на годината откако ќе имаме возвратна посета од страна на многу влијателни луѓе во бизнис светот во Обединетите арапски емирати. Многу е важно да ја сфатиме структурата на државата за да можеме да појасно да им објасниме на граѓаните. Станува збор за 7 емирати обединети во една држава. Дубаи е еден од емиратите кои што делува најкомерцијално во рамките на светот и таму имавме средба со Стопанската комора една од најголемите во светот и разговаравме во 4 области, за 4 области за потенцијално вложување, а тоа се туризмот, потоа инфраструктурата, градежништвото, и енергетиката. Но она што мене ми претставува посебно задоволство да кажам дека од оваа есен повторно се враќа редовната линија која што ќе ги поврзува Скопје со Дубаи и операторот Флај Дубаи веќе потпиша договор со Министерството за транспорт и е нешто кое што ќе биде одлично за македонските граѓани, а сега веќе преговараме и за дополнителна линија, дали таа ќе биде повторно Дубаи и Абу Даби до Охрид. Дали тоа ќе биде преку ЕР Арабија сеуште се преговара и се разговара, но јас би бил исклучително задоволен до годината да објавиме уште една дестинација и тоа да биде Охрид без разлика дали ќе биде операторот Емирејт или ќе биде ЕР Арабија јас мислам дека тоа ќе биде дополнителна додадена вредност за туризмот во Охрид. И Уште нешто, за престојниот исламски верски празник еден од најголемите, а можеби и најголемата туристичка агенција во емиратите ќе го прогласи месецот претходно како месец за Македонија и ќе ја промовира Македонија како туристичка дестинација на жителите на емиратите. Он вети дека со таа негова пропаганда оваа информација ќе стигне до најмалку милион луѓе. Е сега ако сето ова се искомбинира со ова за кое што зборуваме директното поврзување, од прилика летот е некаде околу 5 часа тоа ќе значи голема додадена вредност за нашиот туризам како држава, имајќи предвид што станува збор за исклучително богато општество би рекол раскошно општество со јасна визија и план судејќи според првиот човек претседателот навистина сум импресиониран. Стратегијата покрај Стопанската комора во Дубаи имавме средба со Стопанската комора во Шарџа тоа е третиот вака по развиеност емирати веднаш споен до Дубаи, но исклучително развиен за наши услови, но според бројот на жители колку ние отприлика 2 милиони иако Емиратите домицилното население им е помеѓу милион и 200 и милион и 300, вкупниот број на населението е 10 милиони, се останато се доселеници странци, локално домицилно население меѓу милион и 200 и милион и 300 илјади луѓе. Во рамките на посетата исто така остваривме исклучително квалитетни средби со неколку врвни компании меѓу кои што се во енергетиката Мазда, потоа најголемата градежна фирма која што ја има градено најголемата и највисоката зграда во светот Бурџ Халифа. Понатаму која што исто така гради во регионот тоа е господинот Мухамед Алабар кој што гради во соседството ќе ве потсетам и во соседна Србија и соседна Албанија. За жал изминативе години никако не успеал да оствари комуникација со нашата Влада па да дојде тука, сега ќе дојде во јуни со целосна делегација од таму. Веќе таргетираме можна негова инвестиција така Ема Игл Филс ако го имаме тука и господинот Мохамед Алабар тоа значи дека голем дел од компаниите ќе можат да продолжат тука да инвестираат. Ај ди кју тоа е најголемиот инвестициски фонд на Абу Даби го управува министерот за трговија, исклучително квалитетна би рекол средба, не квалитетна, него многу квалитетна. Мубадала исто така огромен фонд, огромна компанија која што инвестира насекаде во светот. Јас се чудам зошто до сега не сме успеале да ги привлечеме ако успеале да речеме да градат облакодери во Торонто, ако градат облакодери во Франкфурт, во Лондон, во соседството реков се присутни во соседна Србија, Албанија, зошто кај нас не дошле и што е причината. Ова го поставувам повеќе како реторичко прашање, јас слушнав што била причината, тоа не е причина и затоа сега во јуни месец тие доаѓаат во делот на туризмот понудивме неколку локации на нашиот туристички бисер Охрид, се разбира, потенциравме дека поради УНЕСКО заштита и сл. има одредени ограничувања во рамките на градбата. Исто така разговаравме за заедничка компанија која што би го изградила и целосно модернизирала ски центарот Попова Шапка зошто доаѓаат специјално две компании да ја разгледаат можноста бидејќи Попова Шапка како ски центар еден од ретките јужно од австриските Алпи кои што нуди такви услови да се скија од 2000 до 2700 метри надморска височина односно да бидам попрецизен од меѓународен аеродром за 40 минути да сте на стазите да можете да се скијате, тоа е аеродромот во Скопје. Дури и министерот за надворешни во шала кажуваше ако доаѓате со приватен авион и го ставите ски чизмите уште во авион и за 40 минути ќе стигнете до ски стазите. Има огромен интерес, и јас очекувам дел од овие проекти да се реализираат, меѓу кои да не го заборавам и проектот Чебрен и Галиште.

Сите пратенички прашања