
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 11 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Сега имаме прашање за министерот за правда Јетон Шасивари, почитуван министре тука ќе поставам едно прашање кои ги тангира директно јазичната еднаквост на граѓаните и јазничите права и младите Албанци во државата и нејзините институции. Станува збор за илјадници млади Албанци кои што поминале години на правните факултети, полагале испити, завршувале и вложиле време, пари и огромен труд за да станат дел од правосудниот систем. Меѓу нив е и мојата ќерка. И затоа и повеќе и ме боли. И токму на овие студенти кога треба да им се отвори вратата кон правната професија државата им поставува уште една пречка. Вие господине министер оваа проблематика многу добро ја знаете. Одамна ја знаете, дури од април самите изјавивте дека ова не е право. Дека правосудниот испит треба да се полага на албански јазик. Затоа јас, но и граѓаните имаат право да ве прашаат. Што се промени господине министре? Зошто ја променивте одлуката и мислењето? Вие давате едно решение како комбиниран модел. Теоретски дел на албански, а практичен дел на македонски јазик. во една држава кога правата треба да бидат 100% гранатирани за сите граѓани вие давате решение со 50% право. Вие сте министер, вие не на некоја партија или коалиција туку на сите граѓани. Треба да бидете исти за сите граѓани. Правосудниот испит не само теорија, правникот пишува, изготвува, аргументира и подготвува правни документи. За тоа едно јазично право не може да биде целосно во теорија, а ограничено во пракса. Уште едно, студентите бараат дијалог со вас. три студентски парламенти доставија барање, а последното барање од студентскиот парламент на универзитетот во Тетово е доставено на 31 август. Студентите го направија својот дел, сега вие треба да го наградите или да ја завршите задачата што ја имате како обврска. Кога ќе ги повикате на средба овие студенти. Претставниците на трите студентки парламенти. Вие нудите, давате решение само за правосудниот испит. Тие освен правосудниот испит бараат решение за сите државни испити.