
Борислав Крмов
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Значи во земјоделието моментално имаме општа криза заменик министер, за која што и вие сте одговорни. Значи имаме проблем малтене со сите земјоделски производи, со нивниот откуп, со ниската цена, со оризовата арпа во кочанско, со јачменот и пченицата во овчеполско итн. Јас ќе се задржам на еден специфичен проблем, а тоа е на проблемот со откупот и цената на млекото во малешевско-пијанечкиот регион. Значи имаме неисплатени субвенции веќе 16 месеци. Над 70 милиони евра им должите на земјоделците и здружението Сементал од Делчево алармираше, тоа е здружение со околу 80 сточари кои што произведуваат околу 15 илјади литри млеко дневно. Субвенциите по грло говедо не се исплатени, за млеко не е исплатена, и тука има и една работа што не зависи многу од финансии, тоа е стандардна процедура, значи нема анализи да говедата за да може сточарите и да ги отуѓат, да ги продаваат. Дури ни тоа не е направено. Јас претпоставувам тука не е за штедење како претходните ставки, туку е од една пасивност и незамарање на претходниот министер, а и вие нели, вие сте неговиот заменик. Значи на кратко да ја опишам сагата кои тие земјоделци ја преживуваа со месеци. Значи прво немаше никаков откуп заради тоа што се појавиле вишок на млеко кај локалните млекари, немаше откуп, па потоа имаше откуп, па после пак немаше откуп. До понеделник имаа нешто откуп, па тој откуп прекина. За жал новиот министер нормално се знаеше дека ќе биде избран и потврден тука како предлог од премиерот. Тој беше на средба со земјоделците, со сточарите од тој регион. Јас баш тука сакав да слушнам што договориле. По мои информации моментално се одвива откуп без цена, значи толку се очајни земјоделците, сточарите што го даваат моментално млекото. значи подобро да го дадат без цена на млекарите отпосле ќе потпишуваат договори. Претпоставувам и тие кои што земаат моментално добиваат некаде меѓу 20 и 23 денари, а реална цена за еден земјоделец да му биде исплатено производството е 30 до 34 денари. Значи до 30% помали цени и просто е несфатливо како имаме вишок на македонско млеко кога македонското млеко покрива некаде само 62% од македонскиот пазар. Одговорот на ова прашање е проблемот на увоз, на неконтролиран увоз млеко во прав и млеко од Србија. И затоа сакам вас министре да ве прашам, бидејќи што е тука работата. Има тактиски план кои што наводно се согласил новиот министер дека ќе го спроведе и течат рокови. Не е само тука министерството, тука е Агенцијата за храна и ветерина и некој други министерства кои што треба да реагираат. За жал не е тоа ставено тоа ништо на хартија, се е на даден збор. Ние ќе ве држиме за тој збор, значи тоа ќе биде наредната недела, две. Дали воопшто се работи за нешто за вистинско ветување, дали се решава овој проблем или се што се работи за да се замолчат сточарите барем овој период да мислат дека има некој договор, за недела, две пак кога ќе пукне кризата пак ќе има. За да ја решите оваа криза која што нон стоп се повторува и ќе се повторува. Вие треба да го исконтролирате неконтролираниот увоз на млеко од Србија. Затоа што големите или нај големите млекари во Република Македонија кои што се сопственост на Српски фирми. Повеќе се грижат за кооперантите нивни од Србија, за сточарите од Србија него за сточарите од Македонија. И тука нашата Влада замижува на таа работа, иако знае што е проблемот. Значи, моето прашање е, што ќе преземете, дали нешто ќе преземете да се анулира не контролираниот увоз на евтино млеко од Република Србија.