Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Прашање за мерките за поттикнување на домашниот туризам

Резиме

Пратеникот Сали Мурати го прашува Министерството за култура и туризам какви конкретни мерки презема за поттикнување на домашниот туризам, повикувајќи се на пад на бројот на домашни туристи во првата половина на 2026 година. Документ со одговор не е достапен во приложениот материјал.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседателе на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија:

Официјалните податоци покажуваат дека првата половина од 2026 година завршила без раст на вкупниот туристички промет, при што расте бројот на странски посетители, но опаѓа бројот на домашни туристи.

Во таа насока, го поставувам следново прашање:

Какви конкретни мерки Министерството за култура и туризам презема за поттикнување на домашниот туризам, со оглед на забележаниот пад на бројот на домашни туристи во првата половина од 2026 година?

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје, 03.09.2026 Сали МуратИ

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија Пратеничка група „Европски фронт“

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања