Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Прашања за локацијата на регионалната депонија кај Битола

Резиме

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска праша дали Министерството и Владата го разгледале заклучокот на Советот на Битола за дислокација на регионалната депонија, како и дали се одржани состаноци со општините во Пелагонискиот регион за да бидат информирани за проектот. Таа посочи дека граѓани протестирале и се противат на локацијата во Новаци.

Во одговорот, Министерството наведе дека избраната локација е во рамките на РЕК Битола и дека проектот треба да замени диви депонии со санитарна депонија според европските стандарди. Одговорот наведува и дека се планира пристапен пат што нема да поминува низ Битола и населените места во Новаци, како и дека институциите комуницираат со општините и регионите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван вицепремиер, деновиве до мене и до колегите кои што доаѓаме од Битола во овој Парламент стигна едно писмо од кое што јас би сакала да прочитам еден дел од каде што ќе го извлечам моето прво прашање. Иако градоначалниците од Битола и регионот ја најавуваат и презентираат изградбата на регионалната депонија најавуваат објава на тендерски постапки за истата јас како претседател на Совет како и сите советници немаме никакви информации во врска со депонијата. Побаравме информација од општина Битола, но писмена форма на меил ни беше одговорено дека информацијата ќе ја добиеме кога ќе биде распишан тендер за изградба на депонијата. Јавноста реагираше бурно на информациите објавени во медиумите дека во близина на Битола ќе се гради нова депонија, а со тоа се создаде паника и вознемиреност која е оправдана бидејќи ни ние како Совет, ни граѓаните имавме доволно информации за депонијата. Би сакала исто така да ве известам дека загриженоста на граѓаните се преточи во протести кои беа со конкретни барања. Знаејќи ги нашите надлежности прво како граѓани, но и како советници едногласно го прифативме предлогот на колегата, советникот Иван Ќулаковски заклучок со кој Советот на општина Битола бара од Владата на Република Северна Македонија измена на локацијата за регионалната депонија. Оттука моето прашање е следно, дали вие како министер за животна средина и просторно планирање во рамките прво на вашето Министерство, потоа на ниво на Влада го разгледавте заклучокот кој што беше едногласно изгласан во Советот на општина Битола од сите советници кои што ги имаат изгласано граѓаните на Битола кои побараа дислокација на регионалната депонија. Дали вие како министер за животна средина сте одржале состаноци со општините на пелагонискиот регион за да ги информирате за целиот процес за регионално управување со отпад и изградба на нова санитарна регионална депонија. Граѓаните реагираат дека не сакаат депонија во Новаци, во Битола има протести. Би сакала да знам што вие направивте на оваа тема.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Во врска со првото прашање кое е за депонијата во Битола значи првично да ја информираме јавноста и во врска со проектот за депониите и проектот за подземна инфраструктура се финансираат од европските банки. Под два од Европската банка за инвестиции и под еден од Банката за развој. И нормално кога финансиски се поткрепуваат овие средства да се почитуваат европските стандарди. Овие проекти се почнати во минатата Влада и во врска со информација значи динамиката во овие две проектни единици е многу по интензивна и се деблокирани бидејќи овие кредити се направени за да се реализираат овие објекти. Во минатото не почнале и сега се работи интензивно и во првиот проект значи со општините каде до сега сме постигнале да реализираме над 15%, а сме го зеле со 0%. Со кредитот од Европската банка за обнова и развој за кредитот кој го имавме за депониите можам да ви кажам дека избраната локација е во РЕК Битола внатре. Локацијата во Битола во моментов има над 50 диви депонии и идејата е овие да се елиминираат и да се создаде една депонија со европски стандарди. Сегашната депонија е на граница со РЕК Битола и сега ќе биде во рамките како најдобра локација внатре во границите на РЕК Битола. Значи моменталната локација која ја користи општина Битола е на граница и сегашната е внатре. Сегашната локација значи го загадува воздухот, водата и земјата. Новата локација ќе биде во рамките на директивите на Европската Унија за депонијата и законите во државата. Средствата се обезбедени и оваа локација нема негативност врз амбиентот. И во врска со, ние сме информирани и за одлуката на општина Битола и за пристапот на советниците, па затоа идејата е да до оваа депонија да не се користи актуелен пат, но да се изгради пристапен пат кој не поминува низ Битола, но поминува околу Битола и е во функција на повеќе општини. Поточно значи нема да поминува од Битола и населените места во Новаци. Уште еднаш ќе потенцирам дека новата депонија нема да предизвика загаденост, туку ќе направи елиминација на 50 диви депонии во рамките на Битола. Ова е во функција на подобрување на ситуацијата со дивите депонии. Во оваа прва фаза ние треба заедно да собереме сила за да влеземе во втора фаза и крајната фаза е рециклирање на отпадот и од едно лошо за државата да се направи една можност за бизнис и за доброто на граѓаните. Така да напротив ние сме во комуникација со единиците на локалната самоуправа и со регионите и се ќе се направи во интерес и ништо нема да се направи што не е во интерес на граѓаните. Значи истиот пристап е и со регионалните депонии на републичко ниво.

Сите пратенички прашања