О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Марија Петрушевска, поставено на 36- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Почитувана Петрушевска, второто прашање беше поврзано со проектите кои што се дел од јавните повици кои што ги објавува Министерство за локална самоуправа. Дозволете ми да ве информирам дека вториот повик е во тек, првиот е завршен, првите речиси 6 милијарда денари, проекти во вредност од 6 милијарди денари веќе се на општините пренесени по различни програми, дел од општините ги завршија тендерските постапки и почнуваат со реализација на тие програми, на тие проекти се извинувам, на неколку јас лично присуствував. Еве, во Неготино бев вчера, два такви проекти, партерно уредување на еден булевар и улици на еден дел од градот со канализација фекална и атмосферска веќе се работат, тоа се проекти каде што и општината има кофинасирање, а се дел од тој прв проект, односно прв повик. Во некои други општини исто така, бев присутен, присуствував, каде што дел од тие проекти се работат и можам да ви кажам дека огромен е интересот на граѓаните и буквално има состојба каде што излегуваат од куќите да се заблагодарат бидејќи нити имале канализација нити имале асфалт, дел од нив ниту вода нормална имале. Сега добиваат основни услови за живот, тоа е она што секоја Влада и локална самоуправа е должна да го обезбеди, да луѓето имаат основни услови за живот, да имаат вода за пиење, да имаат канализација и да имаат асфалт, се останато е до креативноста на населението повеќе или помалку. Но, ние сме должни тоа да им го обезбедиме, не може во 21 век ние да зборуваме за вештачка интелегенција, за голема зелена транзиција, за напредна технологија или за не знам што уште не, а дома имаме примери каде што луѓето газат кал, се дават во фекалии, при првиот дожд поплавени се дома и немаат вода за пиење. Мислам малку е лицемерно сето тоа. 17 пати да почнуваме преговори со Европската Унија, дури може да во главите на некого сме и веќе внатре а во суштина да немаат луѓево вода за пиење или барем техничка вода во 21 век. И, цениме дека тој проект беше потребен, тој проект беше потребен да инвестираме во капитални инвестиции за да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани. Во текот на вчерашниот ден бев заедно со министерот за локална самоуправа господинот Перински ме информираше дека заклучно со вчерашниот ден имаме веќе 34 општини кои што поднеле предлог проекти за финасирање кои што ќе бидат дел од вториот повик. Таа бројка вкупна беше 179, за вториот. Кога носевме одлука за вториот повик, внатре во Владата имавме дискусија, дали да биде како првиот или да оставиме поширок простор да се размавнат општините со повеќе проекти во рамките нели на критериумите и да не го ограничиме на тесен временски период туку да го оставиме неколку месеци и така постапивме. Донесовме како Владата одлука без разлика од која партија сте, без разлика како сте, имате рок до 30 април да поднесете проект кој што нема да биде ревитубил односно нема да има дозвола за градба туку ќе ги исполнува законските услови да може истиот да се тендерира. Што значи дека уште некој период им се остава на општините да стигнат до дозвола за градба. И, тоа мислам дека е голем чекор кој што ние го направивме. И, со се овие 15 милијарди денари кои што се обезбедени на различни под програми во Буџетот, на различни министерства, ние доаѓаме до вкупна бројка од 21 милијарди денари само од овој проект плус дополнителни програми кои што си ги имаат министерствата, ќе ве потсетам во Министерство за животна средина и просторно планирање 3 милијарди денари се откочија проекти кои што стоеја со години закочени. Зошто? Затоа што, претходниот министер одлучил: Видете, ВМРО - ДПМНЕ има повеќе градоначалници, сега на нив ли ќе им ги финансираме проектите? Не може. Тоа беше кредитна линија од Европската инвестициска банка, 50 милиони евра околу 3 милијарди денари. И така натаму, и кај Николовски во транспорт исто така, преку Светска банка и слично. Што сега ние на ВМРО-циве ќе им. Пазете, така било и така бил изговорот. А, јас неколку пати денеска повторив дека сум претседател на Влада на сите граѓани. Не можам јас да кажам сум на овие на тие лево или на тие десно. Така што, јас очекувам дека со завршувањето на вториот повик веќе ќе имаме исклучително огромен број реализирани проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на животот на нашите сограѓани а сега зборував тука и за асфалт, зборував и за канализација, зборував и за водоводи но ќе ве потсетам во тие проекти има и училишта. Тука е претседателката Јаневска, ме гледа, реновирање на исти, проширување. Има и градинки, не се само водоводи, канализација и асфалт, онаму каде има потреба. Онаму каде има потреба јас се молам на Бога да има што повеќе потреба за такви институции и згради и повеќе училишта, повеќе градинки за повеќе деца. Се што треба како Влада ќе направиме за тоа да се случи затоа што, во децата е иднината но сакам да кажам дека и тие проекти се дел од ова исто така, има многу игралишта, спортски, детски кои што ги бараа општините. Цениме дека и тука како Влада ќе постигнеме многу. Така што, ако се заокружи овој процес, некој не обвинуваа: Вие ова го правите затоа што, доаѓаат локални избори. Ние не го направивме гантограмот на настани да веднаш после парламентарните избори се случи тоа и тоа. Ние во кампањата зборуваве: Ние ќе донесеме една милијарда евра. Ние тоа го зборувавме во кампањата. И, од тие една милијарда евра велевме половина ќе одат во бизнисот и во општините како капитални инвестиции. Половина вративме евро обврзница која што веќе е вратена сакам да знаете дека таа евро обврзница е веќе вратена. А, се сеќавате кога ги објавивме со премиерот Орбан првите милијарда од Вашингтон тогаш повторно од овие истите бев обвинет: Аха, види го овој лаже. Каде е милијардата? Само пола милијарда донесе. Па, сега кога дојде оваа вторава половина милијарда. Аха, сега кузнај каде ја потрошил, никој не знае каде ја потрошил. Вративме обврзница од 2018 година. Зошто ако излезевме на пазарот да бараме обврзница три пати, двојно најмалку поголема камата ќе платевме. А, 250 милиони евра се пари кои што ќе одат току за општините за финансирање на овие капитални проекти во општините за подобра иднина и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. И, така ќе продолжиме да функционираме и во периодот кој што следи бидејќи ние го црпиме легитимитетот како Влада од граѓаните. Граѓаните се тие кои што не гласале и ќе гледаме државнички, ќе гледаме државнички во насока на тоа дека не ни е важна етничката припадност, не ни е важна политичката припадност, секаде, на целата територија на унитарна држава ние ќе инвестираме и тука никој не треба да има никаква дилема. Со задоволство можам да кажам дека оваа недела заминувам, утре на еднодневно патување во Истанбул, во понеделник, вторник сме на меѓу владина во Будимпешта, следната недела на покана на градоначалникот на Студеничани ќе отпочне реализација на проект од првата транша и со задоволство ќе одам во Студеничани. И, ако ме поканат насекаде ќе одам. Каде сум добредојден, каде не сум добредојден нема да одам, нормално. Таму каде што сум добредојден ќе појдам, каде што ме канат. Затоа што, ценам дека ние мора да гледаме државнички на работите ако сакаме да успееме како држава. Во спротивно, ќе потонеме во политичко мочуриште, мочуриште каде што ќе има поларизација. Јас разбирам да има поларизација на ниво на политики но никако на ниво на етникуми и никако на ново на стратешки определби за иднината на државата. Дополнителен одговор
Почитувана Петрушевска, мала корекција за време на овие процедурални прашања и интервенции, ми пратил порака министерот за локалната самоуправа, 197 биле проекти од вториот повик до сега. Општините бројот се 34 и во тие општини има градоначалници кои што се од опозицијата. И тоа не е апсолутно никаков проблем како што беше и во првиот повик така сега и во вториот повик доколку тие ги исполнуваат условите согласно критериумите кој што се пропишани се разбира истите тие проекти ќе бидат финансирани од страна на Владата и ќе бидат реализирани. Бидејќи рековме ова е Влада за сите граѓани, ова е Влада за сите општини без разлика дали некој се согласува со политиките на Владата илине се согласувал. Мерилото дали Владата е добра и дали ја добива симпатијата од граѓаните ќе ја видиме на избори, такви едни избори кои што се некаков неѓник каде што ќе можеме да провериме дали добро ја водиме политиката или не се локалните за од прилика 7, 7,5 месеци од денеска, граѓаните ќе можат да кажат дали оваа Влада работи за граѓаните или пак не работи за граѓаните. Според бројките јас кои што ги имам со кој што јас поседувам прилично темелно работиме. Мислам дека убедлива победа ќе има владината коалиција на следните локални избори да не речам по обем и историска. Но, за тоа е потоа за неколку месеци од денеска и на таа тема ќе зборуваме малку повеќе. Но, што се однесува до ова дополнително прашање, морам да кажам и да бидам краток и јасен, дека да во дел од овие 197 проекти поднесени од 34 општини кој што се дел од вториот повик има дузина проекти кој што се поднесени од општините каде што градоначалниците се од редот на опозицијата.