Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска праша за намалување на патните трошоци на пратениците

Резиме

Славјанка Петровска ја праша министерката за финансии каков е нејзиниот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржала тоа. Прашањето го постави по расправата за коментарите на министерката за трошоците за храна во домаќинствата.

Министерката одговори дека, колку што знае, патните трошоци се исти за сите пратеници и дека треба да се зачува достоинството на пратеникот. Повика да се изнесе издржан и конструктивен предлог. Во одговорот не ја објасни причината за неподдршката што ја спомена Петровска.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ пратеничко прашање е до министерката за финансии. Ја гледам, тука е. Министерке, пред една недела имавте за мене нелогична изјава, кога рековте дека, за вас не може да биде логично да купуваш грашок од конзерва или дека едно четири членови семејство треба да консумира во текот на еден месеци, 13 литри млеко. Така го потенциравте. За цената не таблата јајца не коментирам, можеби имате некој попуст за редовност. Но, не сакам оваа дебата со вас апсолутно да ја сведам на тоа, што значи грашокот од конзерва, споделување на рецепти и така натаму, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, било кој маркет, земете и споредете времена готвење на тој грашок од конзерва кој што за вас е нелогичен и на оној другиот. Тогаш можеби на вас не ви е важно, ама за едно просечно македонско семејство е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот, дали 10, 15, 20, 30 минути и така натаму. Подеднакво важно, како што за една мајка е важно дали ќе може во текот на цел месец на своите деца да им дава по една чаша млеко, затоа што ако ја направиме логиката која што вие ја наметнавте за четиричлено семејство, тогаш ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни, освен ако не го заменувате со бадемово или некое друго. Моето прашање до вас е следно. Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење, не е лошо да го чуеме вашиот став, тоа е впрочем и моето прашање, за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО ДПМНЕ, како политичка партија не ги поддржа.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 36- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да кажам почитувана затоа што, да кажам почитувана треба да го заслужите мојот почит прво. Второ, не очекував од жена која што јавно ја бранев во ситуации кога зборуваа дека пиела дијазепами, вадеа лекарски решенија и што уште не. Очекував минимум почит. Тој минимум почит требаше да значи дека нема да спинувате, нема да вадите од контекст зборови туку директно ќе ми го поставите прашањето. Е, бидејќи се однесувате така како што се однесувате значи од овој момент ни таа минимум почит ја немам. И, прво ќе ве прашам врз основа на што ви ги ставате во уста мајките кои што имаат деца и како вие знаете едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. И, чисто вака да ви укажам да проверите на Државниот завод за статистика согласно последниот попис кој вие го направивте а не ние. Во Македонија просечно е тричлено семејство а не четири, моето е четиричлено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва ама не сум сама, четиричлени сме па мораме да одиме во еден од најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок и тоа беше коментарот а не да купуваме грашоци кои што се поскапи од 100,00 денари во иста грамажа како и ониe замрзнатите кои што се многу помалку од тие 100,00 денари. Истото значи беше искоментирано и во однос на литрите млеко. Некое семејство може троши и 18 литри млеко но меѓутоа има и такво кое што не пие. Бадемовото вас ќе ви го оставам, вас ви треба, не на мене. Во однос на патните трошоци ќе кажам дека патните трошоци колку што знам се исти за сите пратеници тука. Достоинството на пратеникот треба да биде пред се. Јас друго би прашала. Што правиме со колективниот договор кој што го донесовте во средства избори, незаконски. И, согласно со кој што сега мора да постапуваме, каде што во Министерство за одбрана, не војниците потенцирам, не војниците кои што треба да имаат и повисоки плати и подостоинствен живот. Зборувам за администрацијата, имаат три пати повисоки плати во однос на сите останати, до вас е Тренчевска и ете таа го остави министерството со никакви плати во однос на вас. Правникот во одбрана и правникот во Министерство за труд и социјална политика, е сега да завршам со еден многу битен и важен момент. Инфлацијата во ваше време на храната стигна и над 30%, ако не знаете како да најде на Државниот завод за статистика јас ќе ви извадам податоци. А, денес инфлацијата е многу пониска и од 3% на храната. Така што, ве замолувам првин да ги читате работите убаво а потоа да дискутирате. Разбирам дека во континуитет сакате да ги правите работите надвор од контекст, да правите тензија меѓу граѓаните но фактите излегуваат од страна на сериозни институции кои што имаат обврска тоа да го објавуваат. Вие може овде да зборувате колку сакате, податоците говорат нешто сосем, сосем друго. Така што, мислам дека најмалку од сите имате право да коментирате и за трошоци и за патни трошоци каде што пак ќе потенцирам. Администрацијата ја ставивте на исто ниво во Министерство за одбрана со пратениците, сметам дека не треба да биде така. А, ве повикувам дајте издржан, конструктивен предлог со кој што нема да се наруши интегритетот и достоинството на пратениците и нема никаков проблем претпоставувам дека пратениците на крајот вие овде носите одлуки, не ги носам јас. Ако дојде редот да биде ова најголемиот проблем, ќе го решиме. Но, јас не знам што да правам со другите проблеми кои што ги оставивте а ги има стотици илјади. Почнувајќи од тоа што ви го кажав во рамки на вашето министерство и Бога ми јас би била загрижена за да сум на ваше место затоа што, го оставив во министерството и што може да следи од колку да се расправам за патните трошоци на пратениците.

Сите пратенички прашања