Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петкоска праша за интегрираната политика за развој на туризмот

Резиме

Пратеничката Лидија Петкоска го праша министерот за транспорт за стратешките цели за поврзување на инфраструктурните инвестиции, новите авионски линии и туристичката промоција, како и за очекуваните ефекти врз бројот на туристи, должината на престојот и приходите од туризмот.

Министерот одговори дека инфраструктурата и воздушната поврзаност се дел од политиката за развој на туризмот и рече дека растот на туризмот е околу 20%. Наведе дека двата аеродрома минатата година опслужиле над три милиони патници, а годинава се очекуваат повеќе од 3,5 милиони. Посочи 28 дестинации на редовни линии, патни и железнички проекти за поврзување со Скопскиот аеродром и реконструкција на терминалната зграда во Охрид. Рече и дека се потребни повеќе сместувачки капацитети. Не даде конкретна оценка за очекуваните промени во должината на престојот или туристичките приходи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Лидија Петкоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Лидија Петкоска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање ќе го поставам до почитуваниот вице премиер и министер за транспорт, господин Александар Николоски, а останатите две до почитуваниот министер за култура и туризам господин Зоран Љутков. Почитуван вице премиер и министер за транспорт, вашата работа за среќа на сите нас, е видлива буквално и на земја и на небо. Ако цели 6 години се радувавме на едно мовче, мостче да речам со пет, шест заковани шајки, ако цели 6 години безнадежно ја очекувавме помпезно најавуваната фабрика за електро мобили кои никогаш не тргнаа по македонските патишта, па ги очекувавме Гугл и формула 1 кои ќе донесоа туристи, ние денес конечно говориме за Коридори, автопатишта, експресни патишта, брзи железници, современи аеродроми, нови авио линии и тоа во време на глобална авио криза. Во периодот 2020-2024 година вие бевте овде со нас во ова Собрание и знаете дека од поимот туризам, имавме само празни зборови и тек, тук по некое локално проектче кое никако не даваше надеж за било каков, а камоли за туристички развој. Имавме истечени стратегии, недефинирани поими, закони неприменливи во пракса, празни ветувања за промена на моделите за субвенционирање и така до недоглед. Со вашето доаѓање, значи ова на Министерството за транспорт, пред се покажавте колку е важно да ја градиме и да ја поврзуваме државата за да ги отвориме вратите за туризам, за економија, за работни места, за живот со достоинство, бидејќи туристички развој никако не можеме да очекуваме, без соодветна инфраструктура и квалитетен превоз. И што е најважно, веднаш се зафативте за работа за привлекување на патници, односно за работа, за зголемување на бројот на туристи во Македонија.

Она што го ветивте, на крајот на месец август 2024 година, денес е реалност. Ги сменивте условите и критериумите за субвенционирање на авиопревозниците, го зголемивте износот на субвенции и веќе имаме нови дестинации, а Македонија конечно станува препознатлива како атрактивна туристичка дестинација во светот. Ваквиот начин на работа, значи можност за туристички развој, посебно во нашиот Охрид, нов импут за развој на авио сообраќајот и што е најважно, многу можности за водење бизнис на сосема нови пазари. Сите знаеме дека туризмот никогаш не стои сам. Патиштата, културата, дигитализацијата и општинскиот развој се неговата инфраструктура. Секој пат што се гради, секој локален проект што се финансира, секоја подобрена инфраструктурна точка, директно го зголемува туристичкиот потенцијал, бидејќи за развиен туризам можеме да говориме единствено кога имаме развиена инфраструктура. Со бројните нови авио линии, Македонија се отвори кон нови пазари и го интензивираше приливот на туристи. Тоа е значителен исчекор што Владата го направи во политиките за развој на туризмот. Со еден збор, Владата предводена од премиерот Мицкоски, успеа да го насочи туризмот кон динамика што не сме ја виделе со години. Сето ова, покажува дека Владата стратешки го гледа туризмот како еден од двигателите на економијата. Според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2026 година, бројот на туристи е зголемен за 5,2%, додека бројот на странски туристи бележи раст од 6,9% во однос на истиот период минатата година. Во месец март, дури 80, 3% од сите туристи биле странски посетители. Тоа е јасен сигнал дека Македонија станува се повидлива на меѓународната туристичка мапа. Современите светски искуства покажуваат дека најуспешни се оние држави кои успеваат да изградат интегриран пристап, каде транспортот, инфраструктурата, авио поврзаноста, туристичката промоција, културата и локалниот економски развој функционираат како еден систем. Особено е важно што Македонија во последниот период бележи напредок и во транспортната поврзаност. Во првиот квартал од 2026 година, преку воздушниот сообраќај биле превезени повеќе од 840 илјади патници, што претставува значајна основа за понатамошен развој на туристичкиот сектор. Искуствата на Светската банка покажуваат дека подобрената поврзаност и модерната транспортна инфраструктура се меѓу најсилните фактори за раст на услугите. Привлекување инвестиции и развој на туризмот. Од тука произлегува моето прво пратеничко прашање до вас почитуван министер, а тоа гласи. Кој се стратешките цели во делот на интегрирање на инфраструктурни инвестиции, новите авио линии и туристичката промоција во единствена политика за развој на туризмот и какви ефекти очекувате врз бројот на туристи, должината на нивниот престој и приходите од туризмот.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Лидија Петкоска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам за прашањето. Како што споменавте навистина огромен фокус на оваа Владата е институцијата во развој на инфраструктурата што директно допринесува и во развој на туризмот. Направивме една исклучително амбициозна агенда која што е поврзана со странските гости. Имено дел од зголемениот авио сообраќај токму се однесува и на странски гости. Откако беше избрана оваа Влада се направи нова Методологија за привлекување на патници која што ги даде своите резултати. Морам да напоменам таа Методологија е прифатена и од Европската Унија, работевме заедно со Европската Унија и ги има сите дозволи добиено и од таму како и од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Што значи дека оваа Методологија по која што работиме не значи предност за било кој оператор, туку значи дека е еднаква шанса имаат сите авио компании кои што оперираат од нашите два аеродроми. И во таа насока, ако пред неколку години беше успех да се поминат два милиони патници, веќе минатата година бројот на патници на двата аеродроми надмина 3 милиони. Очекувам оваа година да одиме над 3,5 милиони. Имајќи предвид дека за периодот јануари-мај, значи пред почетокот на летната сезона кога има најмногу патници, веќе имаме милион и шесто илјади патници, тоа е раст од некаде од околу 32% на двата аеродроми заедно. Што е доста сериозен раст и според сите релевантни авио списанија, се работи за најголем поединечен раст во цела Европа. Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во средна категорија на аеродроми, а Охридскиот аеродром веќе се качува високо во мала и туристичка категорија на аеродроми. Она што е исто така значајно дека се отвораат многу нови дестинации. Што значи дека не се зголемува само бројот на патници на постојните дестинации, туку се отвораат и нови дестинации, 28 нови дестинации се отворени на редовни линии. На тоа имаме дополнително уште околу 16 чартер линии, значи 28 дестинации имаме на редовни линии од двата аеродроми од Скопскиот и од Охридскиот аеродром. Иако бројката од 3,5 милиони пред неколку години изгледаше недостижно, сега веќе очекувам оваа година да одиме над 3,5 милиони патници, а зошто да не во еден период од неколку години да стигнеме и до 4 милиони, што мислам дека е врвот кој што можат да го постигнат двата аеродроми, имајќи во предвид дека бројот на население во државата е некаде околу милион и 800 илјади жители. Тоа директно влијае и на туризмот. Растот на туризмот е некаде околу 20%, што значи дека паметната политиката на Владата каде што се спојуваат заеднички и повеќе политики и повеќе ресори, го дава резултатот. Секако, тука е силната инвестиција во инфраструктурата, што е приоритет број 1 на оваа Влада и нешто што премиерот на дневна основа го следи и нешто што на дневна основа го координира и кое што веќе ги дава резултатите. Така, ако до Скопскиот аеродром веќе имавме поврзување на западната страна со автопат, веќе сега и од источната страна имаме поврзување. Имено, минатиот јануари беше во ставен во функција експресниот пат кој што оди од Страцин до Крива Паланка. Неколку месеци подоцна, исто така беше ставена во функција обиколницата на Крива Паланка. При крај е реконструкција и проширувањето на граничниот премин Деве Баир, а заедно со Европската Унија, еве вчера имавме состанок, почнуваме да работиме подготвителни работи за изградба на експресен пат кој што треба да оди од Страцин до Романовце, односно до Куманово како би се врзал на Коридорот 10 и на тој начин Скопскиот аеродром да е од двете страни поврзан со автопат или со експресен пат. Дополнително на тоа, веќе со Агенцијата за планирање на простор и соодветните служби во Министерството за транспорт, работиме на изработка на урбанистичко решение и идејно решение за железничко поврзување на аеродромот, кое што железничко поврзување треба да е дел од два проекти кои што одат паралелно. Едно е проектот за градски воз, а второ е проектот на брза пруга на Коридорот 10.

Така што, мислам дека има голем потенцијал за Скопскиот аеродром да расте и во периодот кој што е пред нас. Идејата е тоа железничко поврзување да завршува токму пред постојната терминална зграда, како би било доста лесно и елегантно за патниците да го користат. Би знаеле навреме точно кога стигаат, точно кога можат да отидат, после тоа до центар. Во однос на Охридскиот аеродром, се сеќавам не така одамна имаше една насловна страна на еден тогашен популарен дневен весник, кој што сега за жал не постои, кој што велеше дека на Охридскиот аеродром слетуваат само птици. Сега ситуацијата, за среќа, е многу, многу поразлична. Имаме 13 редовни дестинации и 8 чартер дестинации. Бројот на патници расте, а паралелно на тоа, во моментов работиме на целосна реконструкција и надградба на терминалната зграда и сите пропратни згради на Охридскиот аеродром, што ќе е прва сериозна реконструкција на Аеродромот, после изградбата и реконструкцијата на пистата, која што е воопшто направена откако е изграден Аеродромот. Очекувам во следните два до три месеци тоа да е целосно завршено и да ги има добиено сите дозволи од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за национална безбедност, Контролата на летање, како би можеле сите безбедносни процедури да бидат запазени и да може да се, практично користи новата терминална зграда. Што ќе значи и еден вид на нов аеродром кој што секако ќе значи многу, многу повеќе патници затоа што, кога ќе има такви поповолни услови на аеродромот секако дека повеќе патници ќе го користат. Ако на тоа ја додадеме и новата клучка која што се изгради за поврзување со аеродромот а која што е дел од автопатот Охрид - Кичево. Во прва фаза односно во втора фаза дел од автопатот Охрид - Струга до Скопје тогаш станува уште појасно која тежина ја добива аеродромот и секако тоа има сериозно влијание на туризмот. Мене ми е драго што полските туристи се враќаат на охридското крајбрежје, се враќаат во Охрид, во Струга, во Дебарца. Веќе имаме две редовни линии од Полска. Едната е од Катовица, втората е од Бродслав, од она што го имам како првични информации и извештаи авионите се полни. Што мислам дека е одлична вест исто така, имаме поврзано со два големи, огромни аеродроми, светски аеродроми од каде што има многу конектинг летови. Едниот е аеродромот кон Истанбул кон кој што лета „Туркиш ерлајнс“ од каде што можат најголем дел од преку океанските летови да се фатат и летовите на Истокот од планетата земја. И, вториот од скоро е поврзувањето со аеродромот во Виена, „Аустријан Ерлајнс“, кој што го оперира од каде што исто така, западната хемисфера е на располагање. Така што, аеродромот за оваа категорија која што е на мали туристички аеродроми навистина го достигнува својот максимум и во следниот период како што кажав, очекувам да расте дополнително бројот на патници кои што ќе доаѓаат. Сериозен предизвик е сместувачкиот капацитет. Знаете дека дел од сместувачки капацитет се добри но, се потребни многу, многу повеќе легла од ова што го имаме сега. Особено ми е драго што се отвори цела би рекол цел еден проект на носење на туристи надвор од туристичката главна сезона, би сакал да честитам на одличната екипа која што го прави тоа. Најавија веќе 500 илјади ноќевања за следната сезона. Тоа е период од октомври до мај со исклучок на новогодишните празници, нешто што е вонредно значајно затоа што, на тој начин целата година е покриена со гости. Ќе треба да им помогнеме да најдат што подобри сместувачки капацитети. Знаете дека следниве три дена ќе имаме делегација на амбасадори кои што го претставуваат УНЕСКО. Ќе поразговараме заедно со нив, да видиме кои се оптималните решенија кои што можеме да ги најдеме затоа што, мораме на регионот да дадеме шанса да се развива. Особено во делот на сместувачки капацитети. Дали се работи за помали сместувачки капацитети дали се работи за мотели, дали се работи за хотели или дај Боже за врвни хотели со 5 ѕвезди тоа е нешто што дефинитивно мора да го овозможиме. Така што, ова се накратко работите кои што ги правиме кои што се обидуваме да ги направиме за државата. Голем предизвик е имајќи предвид дека немаме излез на мора и така овие резултати се и позначајни имајќи во предвид дека многу е потешко кога се натпреварувате со држави кои што имаат излез на море. Благодарам многу.

Сите пратенички прашања