
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, Струшките вечери на поезијата не се само културен фестивал тие се поетска манифестација со светски престиж и еден од најстарите меѓународни фестивали на поезијата. Основани во 1961 година, претворени во меѓународен фестивал во 1966 година и за повеќе од 6 децении Струга била точка на поаѓање во светската карта на книжевноста. На оваа сцена се наградени некои од најголемите поети во наше време, а и илјадници творци од сите континенти ја виделе Струга како место каде што поезијата обденува култура, јазици и народи. И, затоа Струшките вечери на поезијата не се само гордост на Струга или на Северна Македонија тие се културниот пасош на нашата држава пред светот и токму затоа стандардот кој што треба да го застапуваат не треба да биде минимален туку примерен. За жал оваа година јавноста не говореше за поезијата, ниту за лауреатите ниту пак за уметничките вредности на фестивалот. Дебатата се помести во отсуството на албанскиот јазик во промотивните материјали. Образложението на директорот е дека ова се случи поради отсуство или немање на време не е убедливо. Во една институција со над 6 децении традиција, почитувањето на службениот јазик не може да зависи од времето туку треба да биде институционален стандард. И, ова не е изолиран случај. Во 2014 година имаше реакции за немањето на албанскиот јазик при организирањето и материјалите на фестивалот, во 2018 година тие критики се повторија, во 2024 година повторно се вратија со забелешки за непостоењето на албанскиот јазик во официјалниот дел на фестивалот. Значи, не се работи за единствена грешка туку за проблем што се повторува. Сепак, историјата на самиот фестивал потврдува и докажува дека тоа постои. Во 2019 година, имаше позитивност, церемонијата се одвиваше и на албанскиот јазик имаше и толкување и двојазична комуникација. Ова докажа дека кога постои институционална волја меѓутоа да не заборавиме дека институционалната волја се заснова на Закон и Устав. Албанскиот јазик се почитува и опфаќа без тешкотии. Затоа не можеме да прифатиме дека после вакви позитивни примери повторно се ќе се вратиме на образложенијата дека немало време. Времето не отсуствува, туку фали еден обврзувачки задолжителен стандард кој што никој нема да може да го запостави. Културата е најсилниот начин на соживот и парадоксално е што на еден фестивал кој што е симбол на дијалог меѓу култури и народи да биде цел на дебата исклучувањето на службениот јазик. Затоа, прашувам. Дали ќе преземете мерки употребата на албанскиот јазик во сите промотивни материјали, службени комуникации и церемонии на Струшките вечери на поезијата да станат задолжителен институционален стандард. Со цел оваа дебата да не се повтори повеќе и дали ќе барате одговорност од раководителите на фестивалот за овој пропуст имајќи во предвид дека самата институција има потврдено и докажано во 2018 година, дека ова е целосно остварливо кога постои институционална волја.