О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 76-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 декември 2025 година Благодарам почитувана пратеничке, драго ми е што го поставивме ова прашање затоа што навистина треба да се разјасни. Да, во учебникот за седмо одделение наместо Дукаџинска рамнина стои Метохија. Коректен е застарен термин кој вообичаено во овие предели бил употребуван што според мене укажува дека не е намерно направен и не е националистичка тенденција особено не од Македонија, нели оти ние таму, барем вас ви е јасно немаме никакви претензии, Македонија ја признала Република Косово и во учебникот пишува дека е тоа независна Република Косово, нели која е држава на Балканите. Тука мислам дека немаме никаков проблем. Согласно сум дека можеби е направен превид и дека еве јавно изјавувам дека авторите кои нема да се осовременат и нема да користат современа терминологија се доведуваат себеси во опасност да бидат ставени на црна листа како што и рецензентите треба да бидат многу повнимателни. Она што го преземавме е направена веднаш до моментот кога дознавме дека ова се случува исправка во дигиталната форма на учебникот и сега на веб страниците вие можете тоа да го видите. Дополнително во моментот информирана е фирмата, нели издавачот што се случило, информиран и е преведувачот, нема тој одговорност, но можеби можел да интервенира. Но не е негова одговорност, нема таква обврска и во моментот се подготвува адендум на учебникот во кој ќе биде и хартиено доставено секаде каде што треба ќе биде доставена исправката. Но, зошто сум ви дополнително благодарна, јас постојано веќе 5 години зборувам за улогата на наставникот. наставникот има полно право на децата да им објасни за што станува збор, односно да го даде ова образложение кое јас го давам. Јас ве молам сега да не ме разберете погрешно, но имам потреба и чувствувам дека е важно и вам и нас сите други да го искажам во однос на ова прашање и дополнителниот став. Ме загрижува зошто вие кој живеете во Македониј, кој сте пратеник на Македонија, кој користите здравство, не само вие, сите ние граѓани на оваа држава сме позагрижени за случувањата во други држави отколку во нашата сопствена држава. Ако сите заедно ги браневме македонските интереси, промената на знамето, промената на името, потпишувањето на штетни договори за оваа држава, ќе бевме сите заедно многу посилни, ќе имавме подобра комуникација по со време ќе ни кажевте дека се промениле некои нешта за авторите да знаат и ние ќе бевме држава како што треба да бидеме силна и моќна. 5 години кажувам дека оваа наша заедничка држава, дека ние заеднички треба да ја градиме, дека ние заеднички треба се бориме за нашиот заеднички идентитет кој содржи многу различности и етникуми, а не да се расправаме на темата вие сте националисти, вие сте националисти итн. Ако во здравството како што рече Илир не треба да има политика во Законот за сејф сити, во образованието па ич не треба да има политика. Јас се надевам дека ова образложение е соодветно за учебникот повеќе ќе внимаваме во иднина односно јас само можам да барам од одговорните повеќе да внимаваат за да не се случи вакво нешто. И ако дозволите на крај да бидам малку и нели така малку поотворена. Ако патувате кон Феризај ќе видите на патот за Феризај дека има Урошевац и Феризај, нели знак кон градот, што не значи дека државата Косово е оштетена, ниту пак државата нели друга соседна има некаков преголем успех кога станува збор за општо добро. Ако станува збор за општо добро битно е учениците да се стекнат со знаење и компетенции и вештини, а ние сите заедно да им помогнеме во тоа.