
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Поминаа неколку седници кои што беа за поставување на пратенички прашања и ние поставивме прашања, но претставниците на коалицијата ВРЕДИ или ВЛЕН на албански јазик околу статусот за имплементација на уставниот принцип за правичната застапеност бидејќи од ВРЕДИ не добивме конкретен одговор од тие што ветија дека законот ќе биде на парламентарна процедура до крајот на минатата година и оценувајќи дека тие функционираат врз вашиот диктат. Господине Мицкоски, ви се обраќам со вакво прашање бидејќи вие го имате одговорот. Господине Мицкоски, свесни сме за вашите критики околу баласерот како механизам за правична застапеност и вашиот став околу одлуката на Уставниот суд за укинување на законските одредби за етничката припадност за тоа би ве замолила не нѐ враќајте наназад и сепак да ги елаборирате овие ставови бидејќи сите се јавни и се апсолвирани. Прашањето е тоа дека еден механизам е укинат без да има друга замена која што би продолжила со операционализација детерминирана со Уставот на Република Северна Македонија. Вие ветивте и вашите партнери дека претендираат дека ги претставуваат Албанците во вашата Влада дека ова прашање ќе биде регулирано со ново законско решение. Некаде пред 3 месеци изјавивте, цитирам: Имаме работна група каде што имаме експерти кои што работат на подготвување на Законот кој што ќе биде според Уставот и ќе биде испратен на Венециската Комисија за мислење. Во тоа време ниту министерот Минчев не знаеше за оваа работна група но секако дека подоцна разбрал. Конкретното прашање е, до каде е со работа оваа работна група каде што вие го најавивте и кои се експертите кои што се ангажирани во оваа работна група за која што јавноста нема никаква информација. И, во врска со овој Предлог на закон кој што треба да биде доставен на разгледување пред Нова Година според тоа што јавно најави ВРЕДИ и која е законската рамка која што ја има оваа група и Владата во однос на овој закон. Секако дека треба да има временска рамка за да се реши бидејќи секогаш претендирате дека навреме ги завршувате проектите и зошто се пролонгира ова прашање. Имајќи во предвид дека новиот закон ќе биде испратен за мислење во Венецијанската Комисија. Барам од вас да одговорите, кој е механизмот за операционализација на уставната одредба за правична застапеност во периодот кога немаме закон. Прашањето го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.