Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за полициската реорганизација во Дебар, Тошковски вели дека систематизацијата не е усвоена

Резиме

Арбана Пашоли го праша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дали планираната реорганизација ќе ги намали раководните и оперативните надлежности на полицијата во Дебар и ќе ги префрли во Охрид или Кичево. Таа изрази загриженост за капацитетите за борба против криминалот, безбедноста на граѓаните и граничниот премин Блато, како и за тоа дали биле консултирани општината и локалната полиција.

Тошковски одговори дека информациите за полициската станица во Дебар се неточни и дека Министерството сè уште не поднело нова систематизација до Владата, ниту Владата ја усвоила. Тој рече дека нема да дозволи реорганизацијата да ја загрози безбедноста и наведе дека со албанската министерка за внатрешни работи разговарал за примена на проектот „Уан стоп“ на премините Блато и Ќафасан.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Собранието, почитувани колеги пратеници, почитувани граѓани. Денес на оваа седница за поставување на пратенички прашања имам едно прашање за министерот за внатрешни работи. господин министер денес ви се обратам во име на граѓаните Дебар-Центар Жупа и целиот граничен регион кој се покрива од дебарската полициска станица. Ви се обраќам за да и кажам загриженост за граѓаните од Дебар со тоа што се предвидува за измената и систематизацијата на законот во полициските структури. Овој процес за која сум, земала информација од луѓе кои директно се засегнати не е само проста административна реорганизација. Ова што настанува е деградирање на институцијата, слабеење на јавната сигурност и одлука која реално го става Дебар во опасна ситуација. Моето прво прашање е многу просто и директно. Дали Единицата за внатрешни работи во Дебар ја вреднувате од втор ранг. Кој ја зеде оваа одлука? Врз основа на каква анализа е направено? И зошто Дебар како град со големи безбедносни предизвици се третира како еден град од втор ред. Бидејќи по систематизацијата која се предлага од ваша страна во Дебар нема да има главен шеф на Мисијата за внатрешни работи, нема да има шеф против криминалот, нема да има раководител за сообраќај и ниту директна команда за граничниот премин Блато. Наместо да се појача полицијата во Дебар вие тоа го отргате од секаква раководна позиција. Второто прашање е дали му ги доставувате, односно му ги предавате ингеренциите во Охрид? Како може полициските акции за тешки кривични дела и оперативното раководство да не се прави од Дебар туку од Единицата за внатрешни работи во Охрид. Дали нашиот град нема право да ја менаџира безбедноста и дали ќе треба да чека одговор од надвор кога ќе настане некоја тешеа ситуација? Господин министер, дали сте свесни за реалноста во Дебар во последните 10 години нашите граѓани се соочиле со тешки кражби и голем број на кривични дела кои се во склад со Кривичниот законик. Во Дебар секогаш имало предизвици кои бараат брза интервенција, полни капацитети и добро локално раководство. Затоа моето следно прашење е јасно. Како може да се намали структурата против криминалот во Дебар кога потребата од сигурност не е намалена. Второ прашање и уште посериозно. Кој ќе ги штити граѓаните ако локалната полиција ги изгуби надлежностите бидејќи еден мал дел од случаите нема да се раководат од Дебар, туку од структурите надвор д тој регион. Дали разбирате што подразбира ова? Ова подразбира дека Дебар нема да има директна интервенција во тешки ситуации. Ќе има по тешка координација и слабеење на реалната сигурност за граѓаните. Граѓаните имаат и уште еден друг страв со акциите раководени од надвор, а можат да се вратат практиките од пред 2001 година. Контроли без локална контрола, несигурност и злоупотреба. Дали може да гарантирате дека Дебар нема да се врати во терен за акции диригирани од надвор без давање на отчет. Исто така сакам малку да застанам и на граничниот премин Блато. Господин министер, Блато не е вообичаена гранична точка, туку е еден од најстратешките гранични премини после отворање на патот Арбри. Значи сега имаме зголемување на движењето на граѓаните и автомобилите се чека. Значи чекањата се над два часа и граѓаните се загрижени. Наместо да се зголеми персоналот вие предвидувате намалување. Моето прашање во овој случај е зошто еден граничен премин со голем ризик се става во раководство од еден град кој не е на граница, односно Кичево зошто овој граничен премин има проблеми бидејќи овој граничен премин има проблеми со илегални премини, шверц и реален ризик за граничните полицајци. И вие наместо да ја појачате границата вие ја слабеете. И со оваа систематизација има и една друга неправилност кривичните дела кои се во Дебар ќе се евидентираат во Охрид и ова ќе значи зголемување на капацитетите во Охрид и намалување во Дебар. Кој добива, а кој губи во овој случај? Дали е ова регионална еднаквост или институционална дискриминација? И моето последно прашање земајќи во предвид се што кажав претходно е дали ја имате консултирано општина Дебар - Центар Жупа, локалната полиција бидејќи пратениците од регионот не сте ги консултирале. За ова сум убедена. Дали ова е преземена одлука во некоја канцеларија надвор од граѓани или позади затворени врати каде нема албански претставници. Господин министер Тошковски крајот е јасен Дебар не бара привилегии. Бара реална сигурност, институции кои што функционираат и полициско раководство кое одговара на потребите на граѓаните, а не кратење и превземање на ингеренциите. Дали ќе го слушнете гласот на граѓаните од Дебар и дали ќе ја разгледате оваа одлука кое нашето место го става незаштитено бидејќи нивната загриженост е јасна. Ние сакаме да се осеќаме сигурни во нашите куќи, на патиштата, но и на граница, на улица. Над се е сигурноста на граѓаните и не е привилегија. Тоа е потреба и основно право на секој граѓанин. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Ви благодарам претседателе. Благодарам почитувана пратеничке. Поставивте едно вака многу интересно прашање. Претпоставувам дека вие не сте биле дел од службите во рамки Министерство за внатрешни работи. Не сте имале можност да посветите ангажман свој личен во рамките на Министерство за внатрешни работи во претходните години и поради тоа ги немате потребните информации и податоци и слободно вака нажалост морам да ве известам дека ова кое што ви го дале како информација а е поврзано со полициската станица Дебар е тотално неточно. Сето она кое што ви го дале како информација или намерно сакале да ве доведат во заблуда оние кои што ви го кажале или толку ве разбрале, мислам толку ја разбрале суштината и проблематиката во рамки на она кое што следи како реформа во рамки на Министерство за внатрешни работи. Јас тоа не ви го зимам како зло вам, затоа што пак ќе повторам претпоставувам немате соодветна империја во рамки на Министерство за внатрешни работи. Но, напоменувам уште еднаш јасно и гласно, ништо од тоа што ви го дале како информација не е точно. И ништо од тоа кое што пробале да ве доведат во заблуда не е точно. Зошто? Полициската станица во Дебар, полициската станица во Струмица, полициската Струмица, полициската станица во Штип, полициската станица во Сарај, полициската станица во Илинден. Последниве две намерно ги напомнав, заради тоа што тие се две полициски станици кои што ги вие пратениците ги изгласавте и ги додадовме во рамки на законската регулатива. Ќе бидат полициски станици кој што ќе си ја работат работата согласно Закон и согласно систематизација. И морам да напомнам дека нова систематизација се уште не е предложена до Владата од страна на Министерство за внатрешни работи и Владата нема усвоено нова систематизација за работењето на Министерство за внатрешни работи. Така да од кога ќе биде изготвена систематизацијата од страна на службите во Министерство за внатрешни работи ќе биде предложена до Владата согласно процедура. И Владата од кога ќе ја усвои ќе продолжиме да ја имплементираме истата согласно Законот за внатрешни работи. Тоа прво. Второ, никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или на било каков друг начин реорганизирање на внатрешните структури во рамки во Министерство за внатрешни работи. Никогаш. Напротив, сето она кое што го сторивме изминативе година ипол, две апсолутно говорат во насока дека, безбедноста на граѓаните и те како од аспект на параметри, статистика, бројки итн. Е далеку подобрена во споредба со претходно, далеку подобрена во споредба со претходно. Особено имајќи ги предвид бројките кои што се однесуваат во однос на вкупен криминалитет, бројки кои што се однесуваат во однос на разоткривачка дејност на Министерство за внатрешни работи. Ќе имаме во текот на наредната недела мислам или понатаму согласно програмата на министерството. Точна анализа и презентација на сето она кое што го имаме сработено во изминатиот период и морам вака да напоменам дека бројките од аспект на она кое што го говорев сега се најдобри во последните 20 години. Би ве замолил да ме слушате кога ви одговарам на прашање, затоа што јас ве слушав навистина многу вака со почит и со разбирање. Ако ве интересира во однос на она што ме прашавте да ви одговорам. Благодарам пратеничке. Имате право на тоа пратеничке, имате право на тоа. Е сега, кога говориме од аспект на, јас навистина поставивте едно 10-на, 15 хипотези кој што вака се секогаш со почит за дискусија, но на жалост не можам да извлечам вака суштина од аспект на интересот на македонските граѓани. На жалост не можам да извлечам. Во однос на она кое што го напомнавте, а поврзано со граничниот премин Блато. Сакам да ви кажам дека во ваше време додека вашите коалициони партнери го менаџира Министерство за внатрешни работи имплементиравте еден проект кој што тогаш го нарековте Уан стоп, односно на еден граничен премин да се вршат проверките. И при тоа видовме како уште истата година кога го имплементиравте, најголемиот хаос во македонските граници се создаде токму со ова. Она кое што вие го нарековте Уан стоп како проект за имплементација и подобрување на граничните премини. Видовме дека е како еден проект катастрофален од аспект на резултати кои што требаше да ги даде. И поради тоа уште во текот на минатата година веднаш со моето стапување на функција тргнав кон вистински имплементација на Уан стоп проект каде што би можело да се овозможи навистина суштинско подобрување на транзитот на македонските граѓани на секоја една од границите. Особено кога би говореле за Косово, Србија и Албанија. Тој проект го имплементиравме со граничните премини кои што ги имаме со Косово, го имплементиравме на граничниот премин кои што го имаме со Србија. Остана уште да се имплементира на двата гранични премини Ќафасан и Блато кои што ги имаме со Албанија. Во текот на вчерашниот ден на моја особена чест и задоволство имав можност да ја пречекам во Македонија, Албанската министерка за внатрешни работи госпоѓата Албена Кочиу. Која што пак ќе повторам за моја чест, за прв пат имаше остварено Билатерална средба надвор од, сега ќе ме слушате претеничке или да престанам да говорам ако не ве интересира. Значи, во текот на вчерашниот ден, пак ќе ви напоменам имав, ако не ве интересира за албанската министерка за внатрешни работи за тоа за што разговаравме за граничниот премин Блато при прашањето за граничниот премин Блато, да не говорам повеќе. Значи, со почитуваната колешка Албена Кочиу се договоривме дека суштински ќе го имплементираме проектот Уан стоп и на граничниот премин Блато, со што ќе им овозможиме на македонските граѓани подобро да го користат овој граничен премин и за граѓаните на Албанија и се договоривме и освен граничниот премин Блато да ја подобриме и функционирањето и на граничниот премин Ќафасан и да ја разгледаме можноста и граничниот премин Џепиште – Трепиште бидејќи знаеме на какви услови сега функционира и има да прави само со граѓаните што живеат само во две општини, во општините кои се на граница од двете страни и му овозможуваме да функционира не само до 18 часот во зимно време. Инаку тој граничен премин да функционира 24/7 во текот на цела година и да не се однесува исклучиво само на жителите на соседните општини туку да се однесува на сите македонски граѓани. Вака, на кратко сублимирано од она кое што имав можност сега да ви го презентирам од аспект на она што е сработено, со споредба со некое минато време ова што ние го работиме и за Дебар и за Илинден и за Сарај и за Желино и за Липково и за сите останати општини во делот на полициското работење. Е научна фантастика со тоа што во ваше време се работело. Научна фантастика од аспект на безбедност. Научна фантастика да знаете. Еве слободно можете да ги прашате граѓаните на општина Липково како функционираат управните служби кој токму оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ им овозможи да ги користат во рамки на својата општина. Или ако ви е далеку од таа страна на Македонија може да отидете до општина Желино и таму да ги прашате македонските граѓани како функционираат управните служби во рамки на општина Желино. Градоначалник, етнички Албанец. Кои повеќе од 8 години ги молел оние од претходно да отворат управни служби, да им помогнат на граѓаните од Општина Желино, да им ги направат по достапни услугите на граѓаните од општина Желино, а при тоа во ваше време никаков слух се немало за тоа. Еве оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ им го овозможи тоа на граѓаните на општина Желино. И не само на Желино и на општина Липково и на општина Јегуновце и на општина Сарај и на многу други општини. Така да навистина вака можам да заклучам само дека би ве замолил друг пат пред да излезете во јавност со информации, ако ништо друго прашајте ме. Дали тоа има некаква врска со реалноста или нема, па потоа излезете јавно пред македонските граѓани. Благодарам.

Сите пратенички прашања