
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Додека за министерката Јаневска сакам да ви прочитам еден препис кои е доставен од загрижен граѓанин од Дебар од вработен во Министерство за образование и наука за албански семејства кои работат и придонесуваат. Значи, ова е претставка почитуван пратеник во својство на загрижени граѓани за вработените во образованието и семејствата кои придонесуваат во оваа средина и имаме морална институциона одговорност да реагираме во врска со реакциите и не званичните изјави за реализација на оптимизација на образовниот процес. Процес кои по информациите кои циркулираат директно може да ги задира образовните институции во Дебар, почнувајќи од септември. Иако до овој момент не е јавна ниту една изјава не сигурноста создава сериозна загриженост кај вработените во образованието. И поради можноста редукција на работните места намалувањето на наставниот и административниот кадат и слабеење на нашите образовни институции. Значи, сме против секоја мерка и одлука која може да резултира со отпуштање на вработени или задирање во економската и социјална сигурност на семејствата кој живеат од овие работни места. Во еден град како Дебар кој сега се соочува со миграција, намалување на наталитетот и големи социјални економски предизвици, секоја дополнително редуктирање во образовниот процес ќе биде силен удар за стабилноста и иднината на нашата нација. Образованието не треба да се третира по бројчени показатели, образовните институции се главниот столб на егзистенцијата и чување на општествениот живот во Дебар. Зачувувањето на работните места поткрепа за основните училишта и поткрепа на вработените треба да биде институционален и државен приорите. Истовремено бараме транспарентност од институциите во врска со овој процес и бараме граѓаните, вработените во образованието и јавноста да се информираат и на време за секој план, анализа и одлука која е поврзана со оптимизирање на работните места во Дебар. Исто така бараме дополнителна информација за критериумите кои ќе се искористат институциите кои ќе бидат опфатени бројот на работните места. Кој ќе се опфати конкретните мерки кои предвидуваат заштита на работникот и зачувувањето на образованието во нашиот град. Бидејќи вие го претставувате Дебар во Собранието, мислам дека ќе го покрените гласот за интересот на нашите граѓани и ќе понудите конкретна поддршка против секоја одлука која може да биде против образованието и нашите граѓани. Дебрани треба да имаат многу добро претставување и да се зачува нивната економска стабилност. Оваа преписка е реалната состојба на стравот, несигурноста и загриженоста која денес постои кај наставниците и вработените во образовниот процес и во дебарските семејства. Од вас сакам да знам, дали има конкретен план, анализа или одлука од Министерство за образование и наука за реализација на процес за оптимизација на образовниот процес во Дебар. Колку работни места се во опасност, кои се критериумите над кој се гради овој процес, дали се консултирани општината, директорите на училиштата, синдикатите и вработените во образованието. Какви конкретни мерки ќе преземете за зачувување, односно за вработените и за зачувување на функционалноста на образовните институции во Дебар. За Дебар училиштата се дел и иднина за нашата нација. Благодарам.