Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за иницијативата за Законот за употребата на јазиците

Резиме

Арбана Пашоли го праша премиерот дали и понатаму смета дека иницијативата пред Уставниот суд не ја доведува во прашање употребата на албанскиот јазик, наведувајќи дека, според информациите што ги цитираше, законот е оспорен во целина и дека меѓу иницијаторите е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот одговори дека, според него, се создава етничка фрикција и рече дека законот за употребата на јазиците ќе го разгледа подоцна во одговорот. Во објавениот дел од одговорот не даде директен став дали иницијативата ја оспорува употребата на албанскиот јазик; документот завршува среде одговорот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Денеска е празник за Албанците и јас го искористувам ова право да им го честитам на сите Албанци во целиот свет Празникот на знамето. Оваа година за нас Албанците во Република Северна Македонија овој празник не наоѓа во една не добра состојба. Ова почитуван премиер благодарение на вас и вашата платформа против Албанците. Јас имам едно прашање до вас кој што се надевам дека ќе ја објасни ситуацијата која што вие сте ја создале во јавноста со вашите изјави како премиер на Република Северна Македонија но и како претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Моето прашање е во врска со иницијативата пред Уставниот суд кои што го оспорува уставноста на јазикот за употреба на јазиците, вие изјавивте последно дека никој не е против употребата на албанскиот јазик и дека оваа тема вештачки е создадена. Исто така сте изјавиле дека без разлика Уставниот суд дали ги оспорува трите члена за употреба на јазиците, албанскиот јазик нема да се допира и според вас овој јазик е донесен, цитирам како резултат на политичката мускулатура и се надевам во момент, и мислете во моментот на неговото донесување. Од другата страна господине Мицкоски, да најдете официјален лист на Уставниот суд кои членови од јазиците се оспоруваат ќе се разгледуваат од Уставниот суд и кои се политичките партии и граѓанските иницијативи кои што го оспорија овој закон во Уставниот суд. Во одговорот од Уставниот суд во врска со овие прашања се вели, во врска со барањето од став 1 и 2 од прашањето кои членови за употреба од Законот за јазиците, значи оспорен Законот за јазици во целина, повторувам во целина или на македонски во целина. Под реден број 5, од 13 иницијатори на уставноста на јазикот за јазиците каде што се регулира употребата на албанскиот јазик како официјален, значи како претставник за оспорување на овој закон е Игор Јанушев како секретар на партијата. За да бидеме појасни и за јавноста, официјалната употреба дали се става во опасност употребата на албанскиот јазик или не. Би ве замолил да ни кажете, дали се уште го имате ставот дека со оваа иницијатива не се оспорува употребата на албанскиот јазик каде што е уставна категорија иако можеме слободно да констатираме дека многу од вашите министри и без укинување на овој закон за употреба на албанскиот јазик иако се должни со закон и дали може да ни кажете дека како може, како ги убедивте вашите мали партнери бидејќи ниту еден денеска не е присутен во салата во коалиција без легитимност бидејќи оваа ваша иницијатива е добра.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувана пратеничка Арбана, намерата ја разбирам, јасна ми е, ја слушаме веќе шести месец, целта е да се создаде етничка фрикција. И тоа е легитимно, но не за 21- от век и не на Балканот и не кога на легитимни демократски парламентарни заедно со претседателски избори, граѓаните повеќе од 600 илјади гласаа за оваа Влада како што гласаа. И јас нема сега да навлегувам во директна дебата со вас, бидејќи на тој начин ќе делува непристојно да се обраќам кон една дама со факти, но затоа ќе се обидам на тие кои што недостасуваат пред вас, преку вас да им одговорам. Ова не е платформа против албанците, ова е платформа против политичките профитери и криминалци, без разлика дали тоа биле албанци, македонци, турци, срби, роми, власи, бошњаци или било кој граѓанин во Македонија кој што сторил криминал или за кои постои основано сомневање дека сторил криминал. А верувајте, ве молам, најучтиво и најљубезно ве молам да им пренесете на тие кои што треба да се до вас и пред вас, дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал кои што го направиле за жал во изминативе повеќе од 20 години активно учество во власта и 22 години во рамките на еден подолг временски период. Жалам, жалам, што поради тоа што со злоупотреба на европско знаменце, преку политички мускули, донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, најголем дел од тие луѓе на кои што сега им се обраќам преку вас, нема да можат да одговараат, а затоа и вие ги донесовте тие измени на Кривичниот законик за да тие луѓе ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат позади превезот на создавање етничка фрикција. Ние тоа нема да го дозволиме, бидејќи сме одговорна Влада која што се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија, на сите овие 26 илјади квадратни километри. Можеби ќе биде добро да се воспостави пракса, на седниците на извршниот комитет на вашата политичка партија да го прашате, некој од таму присутните, зошто дел од роднините на истите за кои што веќе има поднесено кривични пријави, не се во Македонија и се избегани. Можеби треба да ги прашате, на дел од тие кои што сега не се присутни, а се присутни на седниците на највисокото раководство на вашата политичка партија, како тоа се купуваат трговски центри од голобради момчиња во центарот на главниот град или како тоа се купуваат деловни објекти од стотици метри квадратни во центарот на главниот град од роднини на високи функционери на вашата политичка партија кои што дури и со помош на алхемија не можеле да се стекнат со такво богатство, ниту приближно да се обидат да почувствуваат мирисот на овие стекнати објекти. Одам понатаму, не треба премногу далеку да одите, еве јас се пријавувам доброволно, јас и вие заедно, еден кога ќе бидете послободни, да прошетаме и да ги видиме хациендите во кои што живеат луѓе кои што се дел од структурите на Демократската унија за интеграција, ним блиски и нивото од пред 20 години. Да ги извадиме нивните имотни листови, да ги извадиме од Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Катастарот сите нивни приходи кои што се наследени, подарени, заработени и да видиме која е магијата на алхемијата почитувана Арбана кои што тие ја примениле за да можат да ги стекнат со таков имот. Јас ве разбирам, не можам да ве оправдам и знам дека вие ќе се обидувате од петни жили да го докажете она што е недокажливо, но мој совет е, овој период на опозиција да се реорганизирате, да се реструктуирате, да се завртете самите кон себе, да се обидете да направете една нова платформа, незнам дали се уште ви е важечки онаа зелената, кога се снимаше оној спотот кога вашето раководство џогираше на падините на планината Водно облечени во зелени маички или пак сега има нова платформа. Се облековме во некоја друга зелена боја, па наеднаш кога не сме во власт, кога не можеме да играме фудбалчиња по канцеларии, кога не можеме да ги злоупотребуваме и користиме ресурсите кои што ги плаќаат граѓаните, кога не можеме да живееме на товар на Буџетот, тогаш веќе преоѓаме во реторика која што е милитантна, реторика која што има за цел да создаде фрикција, етнички тензии, бидејќи сте немоќни, на друг начин да привлечете луѓе кои што ќе ви се приклучат, затоа што албанците се многу паметни во нашата Македонија и они знаат што правевте и они ги гледаат тие бели дворци кои што се изградија преку ноќ изминативе две децении и знаат дека на основа на политичка платформа која што ќе понуди нов концепт за економска преродба на Тетово, на Гостивар, кои што ќе понуди нов концепт во образованите, нов бизнис концепт. Како да го решиме загадувањето, како да го решиме транспортот, знаат дека тоа нема да се случи, туку знаат дека првиот момент кога повторно ќе дадат можност на таа структура на луѓе кои што се жал околу вас денеска не е, повторно ќе никнуваат некои нови дворци, повторно ќе гледаме како ролс ројсеви се сообраќаат во некои рурални средини во Западна Македонија, сопственост на луѓе кои што се доведуваат во блиска роднинска со нашето највисоко раководство, како стануваат веле поседници на земја, како стануваат сопственици на акции во компании на бизнисмени кои што некако пропаѓаат, па наеднаш овие се наоѓаат тука да ги спасат со кеш итн, итн. Мораме да бидеме свесни за тоа што сме го направиле. Е сега малку околу Законот за јазиците, односно Законот за употребата на јазиците. Истите оние обвинители и судии кои што денеска треба да потпишат налог за претрес или преведување на некој за кои што постои основано сомнение дека сториле криминал и можат да влијаат на сведоци, а добиваат дијареја, анксиозност, повишена температура, несоница, треска, итн, се истите тие кои што денеска се наоѓаат во Уставниот суд почитувана Арбана Пашоли, и кои што вие ги гласавте, кои што вие ги предлагавте, не јас, не ВМРО ДПМНЕ, вие, заедно со вашите коалициони партнери од СДСМ и останатите политички партии кои што го формираа тоа мнозинство, не јас, ВМРО ДПМНЕ беше против и сега сакате да кажете дека ваму сте моќни да овие добијат преку ноќ анксиозност, дијареја и повишена температура и да не можат да потпишат налог за претрес, приведување за оние за кои што постои основано сомневање за сторен криминал. Еве на пример, како да речеме како магично се носел мазут, како магично се носел јаглен преку компании инстант формирани преку ноќ, во Осломеј каде што најголемиот дел од населението 90% се албанци, тие го дишеле тој јаглен, не ние, не вие, тие го дишеле. Како магично тогаш добиваат и можат, а овие сакате да кажете дека ние од Владината коалиција можеме нешто да направиме, не, не, мислам дека погрешна ви е тезата и жалам што некој од највисокото раководство на

Сите пратенички прашања