Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли бара разјаснување за постапката против полицаецот

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли побара од министерот за животна средина и просторно планирање да разјасни дали полицаецот кој, според прашањето, го фрлил албанското знаме ја прекршил оперативната постапка и дали против него се води дисциплинска постапка. Таа посочи на различни изјави за исходот од постапката и праша дали министерот за внатрешни работи Тошковски ја кажал вистината.

Министерот Изет Меџити одговори дека има постапка за внатрешни контроли и дека се истражува прекршокот. Рече дека полицаецот ќе биде третиран како и другите што направиле прекршок и изрази очекување дека ќе биде казнет, но не наведе дали е утврдено прекршување на оперативната постапка.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господин Меџити, второто прашање за вас, во текот на интерпелацијата за вашата работа и за работата на заменик министерот во Министерство за внатрешни работи кој е ваш кадар, неколку пратеници со право ве прашаа во врска со случајот на полицаецот кој на 28ми ноември го фрли долу и го обесчести албанското знаме. Од вас не зедовме директен одговор и заменик министерот не само што го следеше вашиот пример избегнувајќи одговор ни искористи многу инфентилен јазик камуфлирајќи го сето тоа со неговиот патриотизам. Сега за да е јасно за граѓаните, вие неколку пати сте кажале дека ќе имате дисциплинска постапка за полицаецот иако треба да истакнам дека ова не е доволно за претставникот на редот треба да има иста постапка како и за индивидуите кои беа дел од инцидентот со што значи не е некоја дисциплинска постапка. Вистината е дека има многу нејаснотии што настануваат. Вие кажавте дека ќе има постапка, заменик министерот овој став го отфрли но, неколку дена министерот за внатрешни работи господин Тошковски пред неколку дена пред медиумите истакна, цитирам: Во рамките на констатираните дејствија кои се извршени од лицето не е констатирано дека истото ја прекршил оперативната постапка во рамките на Министерство за внатрешни работи. Значи, оваа дисциплинска постапка е завршена и не се констатирани ниту едно кршење на постапката. Значи, вчера вие изјавивте дека ако министерот Тошковски изјавил дека не е констатиран прекршок тогаш не ја зборувал вистината. Кога човекот не ја зборува вистината значи лаже. Дали сте алудирале дека министерот Тошковски лажел пред камерите и медиумите. Ве молам објаснете ми ја работата, каде е вистината. На кој треба да му веруваме. Значи, дали има кршење на законот или како што истакнува министерот Тошкобски кршење на оперативните постапки од страна на Министерство за внатрешни работи за полицаецот кој значи го фрли албанското знаме. Дали е вистина или не. Прашањето го поставувам до министерот за животна средина и просторно планирање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање - ОДДЕЛЕНИЕ ЗА __________ СЕКТОР ЗА __________

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање Врска: Ваш број 230/1 од 17.01.2025 година

Почитувани,

Во однос на пратеничкото прашање поставено од пратеничката Арбана Пашоли а која гласи : „Господин Мецити, второто прашање за вас, во текот на интерпелацијата за вашата работа и за работата на заменик министерот во Министерство за внатрешни работи кои е ваш кадар, неколку пратеници со право ве прашаа во врска со случајот на полицаецот кој на 28ми ноември го фрли долу и го обесчести албанското знаме. Од вас не зедовме директен одговор и заменик министерот не само што го следеше вашиот пример избегнувајќи одговор ни искористи многу инфантилен јазик камуфлирајќи го сето тоа со неговиот патриотизам. Сега за да е јасно за граѓаните, вие неколку пати сте кажале дека ќе имате дисциплинска постапка за полицаецот иако треба да истакнам дека оваа не е доволно за претставникот на редот треба да има иста постапка како и за индивидуите кои беа дел од инцидентот со што значи не е некоја дисциплинска постапка. Вистината е дека има многу нејаснотии што настануваат. Вие кажавте дека ќе има постапка, заменик министерот овој став го отфрли но, неколку дена министерот за внатрешни работи господин Тошковски пред неколку дена пред медиумите истакна, цитирам: Во рамките на констатираните дејствија кои се извршени од лицето не е констатирано дека истото ја прекршил оперативната постапка во рамките на Министерство за внатрешни работи. Значи, оваа дисциплинска постапка е завршена и не се констатирани ниту едно кршење на постапката. Значи, вчера вие изјавивте дека ако министерот Тошковски изјавил дека не е констатиран прекршок тогаш не ја зборувал вистината. Кога човекот не ја зборувал вистината значи лаже. Дали сте алудирале дека министерот Тошковски лажел пред камерите и медиумите. Ве молам објаснете ми ја работата, каде е вистината. На кој треба да му веруваме. Значи, дали има кршење на законот или како што истакнува министерот Тошковски кршење на оперативните постапки од страна на Министерство за внатрешни работи за полицаецот кој значи го фрли албанското знаме. Дали е вистина или не”, го даваме следниот одговор:

Сакам да потсетам дека за прв пат во историјата на оваа држава се случи и Македонците да се уапсат и казнуваат за сквернавење на албанското знаме. Немало случај во историјата на државата каде се казнува еден Македонец за сквернавење на албанското знаме. Во никој случај немаше казна за славење, слободно славеа на најдобар можен начин. Славењето почна во Владата предводено од премиерот на државата, и за прв пат се случи во Владата да се организира свечена церемонија за Охридскиот договор и Денот на азбуката. Нема да има етнички разлики во казнувањата. Тие што го сквернавеа или запалија националното знаме. Случаи во Скопје, во Кичево, Прилеп, принцип значи е казнет само тој што направил прекршок, а што се однесува до случајот со полицаецот, има постапка за внатрешни контроли, се истражува прекршокот и

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање - ОДДЕЛЕНИЕ ЗА __________________________ СЕКТОР ЗА ______________________________ исто и тој ќе бидат третирани како и другите. И јас очекувам и полицаецот да биде казнет.

Со почит,

МИНИСТЕР/MINISTËR Izet Mexhiti

3 Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија

Сите пратенички прашања