Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Одговорот предвидува реорганизација на ансамблот во Тетово и нови вработувања

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша кој е официјалниот став за музичкиот ансамбл во Тетово: зајакнување со нови вработувања или рационализација. Таа посочи на наводно различни јавни изјави од министерот и неговиот заменик и праша дали имаат усогласен став.

Во документот одговорот е означен како одговор од заменик-министер за образование и наука, иако прашањето е упатено до министерот за култура и туризам. Во него се наведува дека ансамблот нема да се укине, туку ќе се реорганизира во рамките на Центарот за култура во Тетово. Според одговорот, за музичарите ќе бидат одобрени вработувања, а техничкиот и административниот кадар ќе го преземе Центарот. Се наведува и дека реорганизацијата опфаќа 12 институции.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Прашања за министерот за култура и туризам, господин Зоран Љутков. Господине министер, во драфт стратегијата, националната стратегија за развој на културата за 2026 година и 2030 година музичкиот ансамбл во Тетово се отпишува како институција со ограничени капацитети и двајца вработени и на оваа основа се става во логиката на рационализација на мрежата на националните институции. Во меѓувреме од самите забелешки од ансамблот резултира дека проблемот не е нефункционалноста на институцијата туку фактички постапките за вработување се прекинати. Барањата не се доставени до Министерството за финансии и со само два вработени институцијата реализирала 100% од програмата. И, тука имаме една сериозна забелешка во самото ваше министерство. Пред неколку дена вашиот заменик од страна на ВЛЕН истакна јавно дека музичкиот ансамбл во Тетово нема да се затвори и нема да се рационализира туку ќе се појача со двајца нови вработувања. Од друга страна вие самите на телевизиските објави истакнавте дека сте ги прекинале институциите во оваа институција бидејќи по вас ви е товар за Буџетот на државата. Затоа, моето директно прашање е: Кој е званичниот став на министерството со кое раководите, зајакнување на ансамблот со нови вработувања или блокирање и рационализам и дали имате воопшто комуникација со вашиот заменик министер или во однос на ансамблот во Тетово функционирате како министер без компас и без заеднички став.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 мај 2026 година Заменик министер за образование и наука Благодарам потпретседателе. Ви благодарам на прашањето почитувана пратеничка Рина Ајдари. И сум многу среќен што еве, конечно некој прочитал малце во стратегијата па сега ќе можам да одговорам и на вашето прашање, но ќе можам да одговорам и на прашањето што на минатите пратенички прашања го постави вашиот колега пратеник, на кои што нели не ми постави второ прашање, па да можам конкретно да му одговорам. И драго ми е што сте прочитале и што сте у ствари сте сфатиле дека не е укинување на институција во стратегијата, туку е разумна рационализација на институции кои што всушност се отворени без никаква анализа, без никаква консултација со јавноста, апсолутно отворени институции без да се објасни потребата за отворање на тие институции. Но, иако е така, ние сме одлучиле да не ги укинуваме тие институции, туку да ги реорганизираме во одредени установи на кои што им е потребен кадар. Но ме загрижува фактот, затоа што ми поставувате прашање само за музичкиот ансамбл од Тетово, а не ме прашувате за 10 дена Крушевска Република, исто и таа е во таква позиција. Не ме прашувате за Смилевскиот конгрес исто така и таа е во таква ситуација. Не ме прашувате за Камерниот оркестар во Битола и таа е во истата состојба. Така да, таа селективност која што сте ја правеле на времето, ја правите и сега и ме прашувате само за едни институции. Јас зборувам за 12 институции кои што треба да се реорганизираат и сум разговарал со сите директори и на институциите кои што треба да се реорганизираат и со директорите на институциите кои што треба да ги примат овие институции. Ако на времето се отвориле без никаква анализа, без да им се направи правилна систематизација, без да се направи план за вработување, без да им се обезбеди простор каде да работат, а сте ги отвориле, ние сега наоѓаме начин, на овој начин да им обезбедиме и просторни и кадровски услови. Она што го кажал заменикот е апсолутно во право, значи не се укинуваат институциите, туку се реорганизираат, а вие ве замолувам најдете ми едно интервју или една моја изјава каде што сум рекол јас дека сум ги стопирал сите вработувања. Такво нешто не постои, таква моја изјава дека сум ги стопирал вработувањата во музичкиот ансамбл во Тетово, такво нешто не постои. Единствено нешто што сум кажал е дека, бидејќи ќе се направи реорганизација во институциите, кога ќе се направи реорганизација, техничкиот кадар или административниот кадар ќе ги преземе од Центарот за култура од Тетово. А оние кои што се носители на дејност или музичарите кои што се во музичкиот ансамбл во Тетово и тоа како ќе им се одобрат вработувања и ансамблот ќе се зголеми и конечно ќе си функционира во рамките на Центарот за култура во Тетово, таму каде што припаѓа. Истото ќе се случи и со другите институции.

Ако вие во минатото сте отворале без никаква транспарентност, без никаква анализа, ние тоа нема да го направиме. Значи едноставно наоѓаме начин како да ги реорганизираме, како да имаат подобри услови за работа и како да се исполни капацитетот на една многу значајна за нас установа, а тоа е Центарот за култура во Тетово. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања