Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски праша за спогодбата за коефициентите на сложеност во јавниот сектор

Резиме

Љупчо Николовски праша до каде е склучувањето на спогодбата за утврдување на коефициентите на сложеност на работните места во јавниот сектор, предвидена со Општиот колективен договор. Според него, спогодбата требало да биде потпишана до крајот на 2024 година, а нејзината примена да овозможи раст на платите врз основа на просечната плата и коефициентите.

Министерот за економија и труд, Марјан Ристевски, рече дека во различни институции има различни плати за иста позиција, што го припиша на лошо склучени колективни договори. Тој посочи дека предизвик за Владата ќе биде платите да се усогласат според работното место и систематизацијата. На прашањето за напредокот на спогодбата не даде конкретен статус. За платите во приватниот сектор рече дека ќе се договараат синдикатите и работодавачите во рамките на Економско-социјалниот совет.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање се однесува на општиот колективен договор кој што беше склучен минатата 2023 година за вработени во јавниот сектор со кој што за прв пат во 2023 година беа изедначени сите сектори, сегменти да добијат регрес за годишен одмор, односно популарно наречениот К-15. Понатаму се зголеми во 2023 година во месец септември основната бруто плата за 10%, се воведоа многу останати мерки. Меѓутоа она што требаше, а веќе е крајот на 2024 година, да се донесе е да се склучи спогодбата за утврдување на коефициентите на сложеност на работно место кое што заедно со просечната плата треба да биде основа за раст на платите. Не да влијае политичката волја во било кој еден момент дали ја има или ја нема, туку сите сектори и сите вработени во сите сектори да бидат сигурни и да биде извесно покачувањето на платите. И токму како еден сегмент на општествен колективен договор донесен после 15 години и склучен беше и утврдување на просечната плата заедно со коефициентот за сложеност на секое работно место да биде основ за зголемување на платите. Тоа требаше да се потпише до крајот на годината се со це да стапи во март следната година и да има извесност во зголемување на платите. Тој колективен општ договор дефинираше и други бенефити, меѓутоа моето прашање е до каде е склучувањето на оваа спогодба за утврдување на коефициентите за вработени од јавен сектор како би овозможиле раст на платите на работниците согласно овој договор во наредниот период.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Марјан Ристевски: Во однос на колективните договори, навистина има многу добри колективни договори склучени во ваше време, гледаме сега од чисто политиканство правени договори. По различни министерства, денеска имаме ситуација, и во различни и институции во Македонија, од лошо продуцираните колективни договори, од чисто политиканство, денеска на иста позиција се зема различна плата. Негде разликите на плата од институција до институција на исто работно место, имаме и 5 до 10 илјади денари, можеби и повеќе. Дури од лошите колективни договори кои се склучувани во ваше време, во вашите институции што ги владеевте, имаме една иста позиција, луѓе по систематизација на иста позиција различни плати да земаат. И тоа ќе биде еден од предизвиците на новата Влада, да се склучат сегде колективните договори во останатите институции, меѓутоа платата да биде нивелирана по исти позиции секаде во сите институции према звањето, систематизацијата. Да не правиме ваков хаос каков што вие го направивте во претходниот период. Инаку, да напоменам, масло купувавме и во ваше време, јас памтам маслото беше 140 денари, како што се сеќавам. Дури и немаше масло на рафтовите, немаше ни леб, ни основни прехранбени производи. Луѓето и бизнисмените се плашеа да ги извадат своите производи, ги чуваа во залиха, а после кога прекинаа вашите мерки, имавме енормно зголемување на цените и драстично зголемување на инфлацијата. И овие плати кои ги направивте со колективните договори да се покачи платата, џабе. Сето тоа не вреди бидејќи куповната моќ во ваше време беше многу намалена во однос на производите кои луѓето и граѓаните можеле да ги купат. А во однос на платите во приватниот сектор, сепак тоа ќе го оставиме да го договорат синдикатите и работодавачите во рамките на Економско социјалниот совет.

Сите пратенички прашања