Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски праша за исплатите од ИПАРД 3

Резиме

Пратеникот Љупчо Николовски праша колку досега е исплатено преку ИПАРД 3. Тој изрази загриженост дека, според него, програмата се спроведува слабо и дека е загрозена акредитацијата на платежната агенција, повикувајќи се на слабости утврдени од Европската комисија.

Во одговорот, Министерството наведе дека ИПАРД 3 има реализација од 3,5 милиони евра. Одговорот не даде дополнителна конкретизација за исплатите, а содржеше и критики кон претходното раководење со програмата и агенцијата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е она што деновиве ќе биде актуелно. Има мониторинг мисија на ИПАРД. ИПАРД 1 беше тотално неуспешна, ИПАРД 2 според соопштението на актуелниот директор на платежна агенција. Еве, да не се служам јас. На 12 декември, директорот на платежна агенција објавува соопштение во кое што вели: Ние бевме прогласени за лидери во регионот во имплементација на ИПАРД 2. И, благодарам на тие признанија и честитки заради тоа што целиот тој период бев министер кога ја спроведувавме оваа програма, 12 милиони евра во ИПАРД 1 во претходниот ваш период, 51 милиони евра европски пари се исплатени според овој директор на Платежна агенција во овој период за ИПАРД 2. Но, имаме една катастрофа во ИПАРД 3 за жал. Наместо да се фокусираме на грантовите кои што ни доаѓаат од Европската Унија ние денес отвораме теми и слушаме дека околу 5 илјади, 6 милијарди ќе се задолжуваме и т.н. а ние сме на прагот да добиеме една милијарда 147 милиони, точно знам. Формулата како се пресметува тоа што треба да го добиеме во наредните 7 години за руралниот развој кој што се инвестициски програми од Европската Унија за ИПАРД. А, она што се случува во моментот овие денови е сериозна закана дека со преместувањето партиски кои што се прават во платежна агенција, со партизацијата во таа институција, со неажурноста на директорот, со буквалната не посветеност на ИПАРД 3 и тоа се гледа низ бројки, се докажува и се објавени. Јас затоа ќе прашам. Со сите слабости кои што Европска Комисија ги констатира, има Извештаи, и ние комуницираме со Европска Комисија и кога доаѓаат овде и се среќаваме со нив и се чудат како може од земја лидер сега да бидете земја која што сериозно доаѓа и до загрозеност и на самата акредитација. Не дека нема новинарки но имаме сериозна загрозеност во самата акредитација. Ова беше една од најуспешните политики, 2100 договори повеќе имавме потпишано од сите земји од регионот заедно. Тоа го направија професионалците во финансии, во СЕТ итн. прашајте ги вашите луѓе во Министерство за финансии, ќе ви кажат ИПАРД е најуспешната компонента од сите компоненти во државата. Прашањето ми е: Колку е досегашната исплата од ИПАРД 3 во оваа програма? Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 20 мај 2025 година Почитуван пратеник. Пред мене е последниот извештај на Државниот завод за статистика, пошто сте претпоставувам малце и политички, а и можда и неедуцирани, ќе ви прочитам неколку бројки што значат успешни политики, компарација 24-та со 25-та. Слушајте внимателно и после поставете дополнително прашање ако нешто не вие е јасно. Откуп и продажба на земјоделско производство прв квартал 2024-та со 2025-та се извинувам, жита пораст 42%, градинарски растенија 50%, овоштарство и лозарство 12%, овошје 12%, сточарство 13% раст, добиток 9%, живина и јајца 63%, млеко 9%, млечни производи 46%. Да читам понатака. Ова е се во позитива. Вашите бројки беа многу негативни и ова ли е тоа што е лоша тенденција и лоши политики. Ова ли е тоа што вие сакате да го претставите како пораз, не пораз беше вашето. Почитуван пратеник, да сум на ваше место, ќе ме боли глава како ќе се одбранам за сите зло дела и за сите криминали кои што сум ги правел во делот на министерството, за кое што имаме поведено постапки. Јас тука би бил сериозно загрижен да сум на ваше место. Ова не е закана, ова е само спроведување на Законот како што треба да биде еднаков за сите. Не сме сите исти, времето како до сега заврши. Посветете се и ангажирајте си правен тим да се одбраните затоа што имате многу направени зло дела кој што се противзаконски. Овдека кажувате дека сте биле успешни, дека цветало земјоделството, дека сега не чини ништо. Овие бројки кои што ви ги прочитав се доволен показател дека некој го мери успехот и тенденцијата и прогресот кој што го имаме во делот на земјоделството. Во делот на Платежна агенција, во делот на ИПАРД средствата, реализација, па сте биле најуспешен, да, потрошивте многу пари шетајќи се да го прошетате светот, да се вака потрошат некои народни пари, да се испосликате, добар пијар реализација нула. Кажете ми, во ваше време дали имате една нова акредитирана мерка, дали мерката рурална инфраструктура успеавте да го комплетирате пакетот, да ја одбраните пред европската делегација, не, не, не успеавте. Знаете ли дека со вашето заминување од Платежната агенција оставивте еден куп решенија кои што требаше ВМРО ДПМНЕ, решенија за одбивање да ги подели спрема сите оние учесници и во ИПАР и во Националната програма. Се криевте позади изборниот процес за да не покажете тотален неуспех затоа што оваа пратеничка група ќе ви беше уште 5 пратеника помалку ако тоа го кажавте спрема земјоделците. И тоа ви се вашите успеси, тоа што оставивте систем кој што е нефункционален грант од Европската Унија кој што не успеавте да го воведете да го модифицирате да го прилагодите на нашите услови. Тоа што потрошивте 7 години да ставите нешто што е вон функција. Тоа за вас е успех. Тоа што оставивте 8 илјади земјоделци да не може да бидат корисници на земјоделски субвенции, за вас е тоа успех. Мислам каква иронија. Не знам кој ви ги дал информациите и тотално се потврдува фактот дека го имате преспано мандатот како министер. Навистина жалам што вака морам да ви се обратам, ама во име на вистината и сите кои што ќе ја гледаат оваа дебата, треба да се потсетат дека ги преживеа најцрните денови во делот на земјоделското производство. ИПАР 3 Програмата има реализација од 3,5 милиони евра. Како тоа немало реализација, од кај ви се тие бројки. Кој ве брефира, какви се тие наводи за наводен реваншизам спрема вработни во Министерството и во Платежната агенција. Не се работи за реваншизам, се работи за сите луѓе кои што сакаат да работат, да бидат ставени во функција, да го повлечеме системот и да го вратиме во нормала од ерозијата која што вие ја оставивте. Неработниците немаа место во делот на работните групи, во делот на Законот, уште една кратка реплика дека сте ја формирале истата група, работела денеска. Почитуван поранешен министер, сегашен пратеник, вие закачивте закон во владина процедура, во собраниска процедура. Не. Благодарам.

Сите пратенички прашања