
Љупчо Николовски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на програмите „Зелена нафта“ и „Здрав оброк“. Има неколку изјави кои што може да бидат цитирани каде велите дека овие две мерки и програми сериозно ќе бидат модифицирани. Дека овие се првин изворни мерки на СДСМ од програмата на претходниот период. Велите дека сериозно ќе бидат модифицирани и „Зелената нафта“ каде 100% исплаќаме кон земјоделците и новата најдобра европска програма за школски шеми на која што вие имате мани а тоа е за поттикнување на потрошувачката односно здрав оброк за децата во училиштата и градинките. Нема подобра европска политика од ова што успеавме системски да ја решиме и воспоставиме и сметам дека треба исто така, да биде продолжена. Меѓутоа, наместо да се реализира тоа што го велите, 15 април е рокот законски во програма за објавување на едната програма, не е објавена програмата за набавка за овошје во градинките. И, еве ги двете програми во 2024 година и во 2025 година нема ниту еден збор променето. Ни програмата која што сме ја носеле тогаш, ни оваа програма кој што ја предлагате сега. Значи, нема никаква измена во програмата меѓутоа ајде не направивте измена меѓутоа кога ќе биде донесено заради тоа што ќе треба и кајсии и круши, ќе треба и сите оние производи кои што се наведени во програмата а за кои што не знам дали ќе има време буквално да бидат реализирани. Еве ја уредбата за „Зелена нафта“ каде што велевте дека драстично ќе биде променета ова мерка на Социјалдемократски сојуз а 50 илјади земјоделци ја примаат. Еве ја уредбата од 2024 година, страна 27, еве ја уредбата од 2025 година, страна 27, нема ниту еден збор. Истата страна е 27, страна 27, се е препишано од минатата во оваа година и нема ништо променето. Меѓутоа, дали во август и септември ќе ги добијат земјоделците токму овие зелени картички заради тоа што кога почнува сезоната кога ќе биде берба и во овоштарство и во лозарство и во сите сектори. Тогаш ќе бидат потребни, нема да им бидат потребни „Зелена нафта“ во декември и натака. А, бидејќи не ви е објавена, а бидејќи ги знам роковите, прашањето е: Дали земјоделците навреме ќе добијат картички за „Зелена нафта“ знаеме колку фирмите ќе бараат време да се испорача кои се законските прописи и рокови. Станува збор за јавна набавка и дали учениците ќе добијат, ќе биде реализирана оваа програма за здрав оброк која што беше навистина европска и реформска.