Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски бара план за европската иднина на Северна Македонија

Резиме

Љупчо Николовски го праша министерот за европски прашања што презема и каков е планот за европската иднина на Северна Македонија. Осврнувајќи се на средбите во Брисел и Стразбур, Николовски рече дека таму слушнал оти земјата не е во фокусот на проширувањето, додека други држави напредуваат. Во доставените материјали нема институционален одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Почитувани колеги, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани. Имам должност што заради тоа на почетокот на мандатот кажав дека покрај производството на храна, младите и Европската Унија се без кои што ни пропаѓаат и џабе се сите други теми и дискусии. А да не зборам трошењето на пари на граѓаните по примерот на завчерашната седница. Затоа првото прашање го поставувам писмено, знам дека вицепремиерот е отсутен и е на битен состанок во Франција. Тоа е првиот заменик премиер, министер за европски прашања. најбитната тема, нема друга по битна. И верувам дека ќе добијам писмен одговор по однос на дете прашања, второто до животна средина, исто така е отсутен. Меѓутоа, бевме со колешката Мимоза Муса од владејачкото мнозинство во Брисел и во Стразбур, една недела на средби и со новиот министер за Европски прашања на Ирска која што го презеде претседателството и со нашиот известувач во Европскиот Парламент. Со координаторите на сите групи во Европскиот Парламент вклучително и ИПП со многу други европски пратеници. И ќе ги сублимирам и пораките, но и она што сметам дека е особено битно и важно да го знаеме. Клучната порака беше дека моментот на проширувањето е сега па кој знае кога. Меѓутоа тоа беше повторено сега моментот. Сега треба да бидете на масата за да ја осигурете иднината на вашите генерации. И тоа е нај битната тема на било кој еден сметам во овој Парламент. Ниедна друга деструктивност, караница, ништо друго не е битно освен дали ние тоа ќе го направиме или нема да го направиме. И јас сум за таа тема и сметам дека треба да има одговор на моите деца кога сум можел што е тоа што сум го направил. И се друго е за мене воопшто без предмет. Затоа што Албанија оди напред, гледаме дека вчера во супер вторникот се случи после 20 години да 4 земји напредуваат и ги одржуваат пристапните конференции, Албанија, Црна Горна кои што беа многу позади нас и Молдавија и Украина. Но, она што го разговаравме во Стразбур и Брисел, беше прашањето до нај одговорниот во Европската Комисија за проширувањето. Тоа е генералниот директор во директоратот за проширувањето. Македонија не беше спомната. По топ 5. И ќе ви каже пратеничката Мимоза Муса дека го прашав како може тоа да не сме во топ 5, после промена на знаме, промена на име, реформи. И сето она што сме го направиле ко отстапки и она што го заслужуваме. Да, колку и да не е фер односот вие не сте во овие 5 земји. Ми повтори и одговорот беше и на сите други дека ние не сме, иако имаме симпатии, не сме воопшто во фокусот. Ако бевме пред три години, сега воопшто не сме во фокусот. Црна Гора добива 3.2 милијарди евра. А ние се расправаме за некои си да не ги повторувам цените и да не го повторувам вокабуларот кој што е срамен од најодговорните во државата. една Црна Гора која што беше многу поназад. Албанија исто така засилено оди и Хрватска добива 21 милијарда во новиот Буџет, бевме пред Хрватска, пред нив ги почнавме пристапните приговори, а Македонија губи 8 милијарди. Ние збориме исто така на ситно, ние збориме овде за работи кои што уште децении треба да обезбедуваме пари за да ги промениме. Ако имаме 8 милијарди евра, од кои што 1 милијарда евра е за земјоделие, но таа милијарда евра ја добива сега Албанија. Албанија од која што велиме дека увезуваме раноградинарски производи. Они ќе добијат милијарда евра за инвестиции и модернизација на земјоделството. Да не се чудиме после кога другите одат напред, а ние ќе бидеме во една ваква изолација, во едно вакво статус кво и ќе им кажеме на младите, да, единствениот пат ви е на аеродромот со картата во еден правец и ние друго ништо не можеме да ви понудиме. И ние друго ништо не можеме да ви понудиме. Заради тоа што се е на лажен страв, затоа што сееме популизам, национализам, заради тоа што тоа нас ни е битно. И не беше пораката дека цело ВМРО ДПМНЕ ги кочи уставните измени, не. Беа потенцирани луѓе кои што имаат комуникации, кои што имаат разбирање, итн. И комичното беше да се гради план за комуникација и не само со Софија, туку со сите земји членки кои што треба да гласаат низ целиот процес, стотици, илјадници одлуки за ние да го заокружиме членството. И клучната порака не беше само за со Бугарија, туку луѓето седнете не го правите тоа што го прави Црна Гора и Албанија, да градете и инвестирате во билатералните врски со сите земји членки за да побргу дојдете до целта ни е наша стратешка. А тоа е, да обезбедиме еднакви шанси за секој млад човек, еднаква примена на законот, институции кои што ќе функционираат, модерно образование и здравство за кое што збориме. Тоа ќе го имаме само преку системот и преговорите на Европската Унија. И сум убеден дека нема друг начин, нема друга реформа ние како тоа да го направиме. Меѓутоа, да биеме свесни дека го губиме времето на идните генерации. ВЛЕН влезе во Владата токму со таа цел, да ја обезбеди европската перспектива. Поминаа 6 месеци, година, година и пол, две години, пет пати повеќе од тоа што ветивте дека ќе бидете во Владата само ако ја откочиме европската интеграција. Токму затоа прашањето до вицепремиерот, што правите на таа тема. Кој е вашиот план за европската иднина на Северна Македонија. Прашањето го поставувам до министерот за европски прашања.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерот за европски прашања и заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Беким Сали

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања