Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за одговорноста за заболувањата во РЕК Битола

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша кој е одговорен за случајот во кујната на РЕК Битола и дали ќе бидат преземени законски мерки. Таа рече дека објавените информации за бројот на заболени се менувале, од пет-шест до околу 80, а потоа и до трицифрена бројка.

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека, според информациите што ги добил, 81 вработен бил заразен и дека сите биле пуштени дома. Тој рече дека надворешен економски оператор е договорен за подготовка на храната, хигиената и организацијата на кујната. Предметот е во Основното јавно обвинителство во Битола, кое треба да го истражи причинителот и да го посочи виновникот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на заменик министерот Лабудовиќ, а е околу проблемот поврзан со последниот настан во РЕК Битола. Имаме информации, тоа веќе, нели јавно се споделени информации, дека во РЕК Битола поголем број на работници се жртви на масовно труење кое се случило во кујната на РЕК Битола. Инспекциските служби на АХВ, како и други надлежни институции излегле на терен. Наредено било вонредно чистење на кујната и вонредни санитарни прегледи на вработените. Со бројките се калкулира, раководството најпрво велеше дека се од 5 до 6 работници затруени, да вчера слушнавме дека се 80-тина, а денес да слушаме дека веќе бројката се искачува и на трицифрена бројка на заболени работници. Заменик министер, жалам што министерката не е овде да одговори, но еве, и вие го имате тоа право. Кој е одговорен за оваа ситуација и дали ќе преземете нешто, нели согласно Законот и да бидат навистина казнети оние кои што го доведоа РЕК Битола во една ваква сериозна ситуација. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини Благодарам. Ќе бидат краток, бидејќи веќе измина времето за траење на оваа седница за пратенички прашања. Ви благодарам на прашањето. Искрено, најпрвин да изразам загриженост за здравствената состојба на лицата кои што работат во РЕК Битола. Тие секој ден се хранат во таа менза и јас долги години работев во фабрика и знам што значи оброк и да се храните во менза. Тоа се економски оператори кои што имаат договор со компаниите. Во овој случај РЕК Битола како компанија не ја припрема храната, тука имаат договор со економски оператор кој се грижи за подготовка на храната, се грижи за хигиената, за организација на целата кујна. Во овој момент, мојата информација, таа што ја добив и вчера, и утрово, 81 вработен е заразен и денеска се сите пуштени на домашно лекување. Тој прв удар, како што се вели е надминат. И среќа е што се сите дома. Во тие кујни на дневна основа се земаат мостри за квалитетот на храната, меѓутоа, ете некогаш и се случуваат пропусти. Предметот е во Основното јавно обвинителство во Битола, каде што ќе се истражи причинителот на проблемот и на заразата, ќе се посочи виновникот и верувам дека тоа ќе биде санкционирано и да биде школо друг пат да не ни се случуваат вакви работи, бидејќи јас мислам дека прв пат имам слушнато дека вакво нешто се има случено во РЕК Битола. Меѓутоа, не е прв пат во фабриките кои што се во државата да се случи труење со храна. Меѓутоа, ова нека ни биде школо, а жал ми е што се има случено на вработените во РЕК Битола. Благодарам.

Сите пратенички прашања