Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за научните критериуми и автономијата на универзитетите

Резиме

Даниела Николова праша како примената на библиометриските критериуми, вклучително и индексот Хирш и базата Web of Science, ќе спречи дискриминација на одделни научни области и млади истражувачи, како и непотизам и затворени академски кругови. Таа исто така оцени дека предложениот закон ја ограничува автономијата на универзитетите.

Министерката одговори дека критериумите нема да доведат до дискриминација. Според неа, законот не бара Web of Science за наведените хуманистички области, а примената кај општествените науки ќе ја разгледа работна група. Таа рече дека индексот Хирш не е дефиниран во законот и е оставен за дискусија, а најави и дека работната група ќе го разгледа прашањето за вработување роднини. За дел од оспорените овластувања на Владата и инспекцијата, министерката тврдеше дека тие постоеле и според претходниот закон.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Предложениот Законски текст декларативно зборува за автономија, зборува за европски стандарди, зборува за квалитет. Но, ако се чита внимателно член по член станува јасно дека позади тие убави зборови стои една централизиран, контролиран и политизиран модел за управување со универзитетите. Ќе зборувам за две клучни работи, за кој што ми се и прашањата. Прво за критериумот за напредување ха индексот како и за опасноста од институционализиран непотизам. И второ, за системското разградување на автономијата кој што овој закон го спроведува тивко но темелно. Имено Законот инсистира на веп оф сајнс како практично единственото мерило на научната вредност, а ха индексот го претвора во клучен услов за избор и ре избор во звање. На хартија реално изгледа модерно и објективно. Но во пракса станува збор за сведување на науката на бројки при што се дискриминираат цели научни област. Особено општествените и хуманистичките науки. Ги става младите истражувачи во невозможна а со тоа и не праведна позиција. И создава формално објективност кој а лесно се заобиколува со мрежата на моќ. Да бидам конкретна, ха индексот не го мери квалитетот туку покажува кој колку пати е цитиран. Во големите научни системи тоа можеби функционира. Но, во малите јазични заедници како нашата. Во правото, во општествените и хуманистичките науки, во истражувањето што се од национален интерес ова навистина на функционира. Тоа не значи дека трудовите се лоши, тоа значи дека тие природно ќе бидат помалку цитирани. Во исто време ова покажува дека мерниот инструмент кој што е одбран за мерење на квалитет е лош. Но, проблемите не завршуваат тука. Строгите критериуми на хартија во пракса во систем во кој може да постојат затворени академски кругови. Меѓусебни цистерни влијанија, формалната објективност може лесно да стане параван позади кој што ќе се фаворизираат едни исти луѓе. Дополнително морам да укажам на уште еден логички правен парадокс. Законот преведува повисоки и построги критериуми за ре избор во звање редовен професор од колку за самиот избор во тоа звање. Ова е апсурдно. Не може за едно исто звање со ист правен статус да има едни услови за влез, а други повисоки за да се остане во тоа звање. Тоа ја руши правната сигурност ја прави академската кариера несигурна. Понатаму, Законот не нуди реални механизми за спречување на непотизмот. Ваквите формално строги и не логични поставени критериуми во системот кој политички кадровски контролиран не го спречува непотизмот, туку напротив го легализира. Законот не содржи ниту една реална ефикасна забрана за вработување на деца на професори на истите факултети каде што работат нивните родители. Напротив во ваков систем тоа станува дури можност за непотизам на голема врата што беше за карактеристично за едно минато време, кога на факултетите се вработуваа деца на професори, па тие стануваа и нивни асистенти. Тоа министерке и вие добро го знаете. А имаме во пример во салата поточно излезе премиерот само што почнавме да збориме за ова. Во еден ваков систем токму тие деца вработени во истата институција каде што се и родителите имаат директен пристап до менторите кои што се колеги на нивните родители. Можност за консензус авторство со нивните родители иако можеби немаат никаков реален придонес во самиот труд. И лесен пристап во постоечките истражувачки кругови. Тој модел е симбол на академска ерозија. На затворен систем и на злоупотреба на афторитет. Со овој закон наместо јасно да се пресече со тие практики се создава средина во кои тие повторно стануваат возможни па дури и системски охрабрени. Строгите критериуми најлесно се исполнуваат токму во семејните кругови. Така се создаваат тие литистички кругови кој се на штета на талентираните млади истражувачи кој треба да исполнат невозможни услови. Да вложат големи финансии и во исто време да се борат и са така наречената елита. Затоа на младите истражувачи ќе им биде полесно да си заминат од државата. Затоа велам ова е закон кој формално зборува за квалитет, а суштински создава комфор за истите луѓе и истите фамилии. Додека за сите други тоа во системот го прави недостижно. Сега доаѓам до едно навистина суштинско прашање, а тоа е автономијата. Во првите членови законот ја прогласува автономијата, но подоцна низ одредите таа постепено се ограничува. Така член 17 став 3 предвидува дека статутот на универзитетот мора да добие позитивно мислење од Владата пред да оди на согласност од Собранието. Ова значи дека на универзитетот не може да го донесе својот основен акт без политичка дозвола од Владата. Тоа е директно и спротивно на уставната гаранција за автономија. Според членот 43 Владата предлага значителен дел од членовите на националниот совет. Или 6 од вкупно 15 члена. Тоа тело носи правилници за звање, научни полиња и критериуми. Со тоа Влада индиректно ги контролира сите академски стандарди. Член 44, точка 26 вели дека правилникот за посебни услови за избор во звање мора да добие позитивно мислење од министерот. Ако не добие такво мислење нема правилник. Е ова министерке е директна политичка контрола врз академското напредување. А во истиот член во точките 4 и 14 директно навлегувате во автономијата на универзитетите. Со членот 86 велите дека Владата именува 4 од 11 членови во универзитетскиот совет. А тоа тело може да запира одлуки на сенатот и на ректорот. Формално ја почитуваме автономијата, но фактички има моќ да ја блокира. Во член 144 Владата одлучува за бројот на студенти. Универзитетот предлага Владата решава. Контролата врз обемот на дејноста значи контрола врз развојот. Во членовите 113, 114, и 117 Владата ја одредува партиципацијата, дава согласност за школарина, но и како ќе се располага со имотот на универзитетот. И така финансиската автономија практично е укината. Членовите од 198 до 200, велат дека министерот може да поништи одлука на универзитетот, да запре акт и да преложи укинување на институцијата. Без суд, без академска инстанца, само со решение од министерот. Во член 202 став 3 инспекцијата може да ги преиспитува изборите во звање до 5 години наназад што остава простор за последици поради јасно искажан политички став. И кога се ова заедно ќе земете во едно ја добивате јасната слика. Извршната власт има влијание над основните акти на универзитетот, унапредување и вработување на кадрите, финансиите, уписот па дури и опстанокот на институциите. Е тоа е автономија колку што дозволува власта и министерот. Затоа ви поставувам две прашања. Како ќе гарантирате дека со примена на библиометрискиот ха индекс и веп оф сајнс нема да доведете до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи. Уште поважно како ќе спречите тие формално строги критериуми да не станат параван за непотизам, меѓусебно цитирани и затворени академски кругови.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Благодарам пот претседателка. Прво прашање како, дали барањето на Законот дека го бараме Законот за објавување на трудови во реномирани списанија ќе доведе до дискриминација. Не, нема да доведат. Вака, што бара Законот. Законот бара, меритократија, модуларност, практична настава, потребно за пазарот на труд, интернационализација и поголема соработка, поголема видливост на универзитетите и професорите, фокус на стручни студии и усовршување на вистини што до сега никогаш ги немало во земјата и интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација за адаптација на потребите од пазарот на трудот. Тоа се основните постулати и политики на кој се базира Законот. Законот се базира на политиките на оваа Влада за јавниот интерес на сите граѓани на оваа земја односно за јавниот интерес на државата. Како тоа едноставно би го кажала. Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во корист на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава. Универзитетот нема само задача да направи добар стручњак, добар инженер, добар доктор, добар наставник. Тој треба да направи одговорна морална личност. За да може тоа да го направи квалитетот на високото образование треба да се поткачи затоа што и вие сите се сложувате и од оваа говорница кажавте дека не сме задоволни. Сите не сме задоволни, јас сум среќна што имаме консензус по тоа прашање. Значи, мора да се направат промени кои ќе влијаат позитивно за универзитетот да ја добие својата улога за која де факто и постои. Законот нема намера да ги направи сите универзитети исти, мерливи споредливи, но критериумите за тоа како ќе се одвива образовно научната дејност во универзитетите треба да бидат еднакви. Тоа го бара Законот. Од тука би тргнала еве од веп оф сајнс ха индекс, а потоа едно по едно ќе ви одговорам на сите ваши прашања. Веп оф сајнс е база на реномирани најпознати, нај реномирани научни списанија. Во нашата земја има научници кок сега без да им бара Законот објавуваат во базата веп оф сајнс и во базата скопус. Што се однесува на општествено хуманистичките науки ние сме ги напишале хуманистичките науки сме ги набројале. Хијзаистите, националната историја, археологија итн., дека не е Законот од нив не бара веп оф сајнс, Законот од нив бара само скопус. Јас го слушнав барањето на општествените науки, бидејќи ги посетив сите универзитети и вие добро знаете разговарав со колегите, благодарна сум им, има навистина убави предлози. Но, да го расчистиме ова. утре во 2 часот ќе се собере работната група и ќе одлучи дали и општествените науки ќе влезат во веп оф сајнс или ќе одлучи работната група дека можеби дека не се во право тие тоа што го прават. Генерално тоа го бараат само правниците, никој друг и само до одредени универзитети, не сите универзитети. Ха индексот не е дефиниран во Законот, затоа што сме го оставиле за дискусија. Хиршовиот индекс точно мери цитираност. Но ако Законот бара цитираност тоа значи дека ги мотивира наставниците, професорите да соработуваат. Нема закон пратеничке кои не може да се изигра, тоа барем во Македонија е јасно видливо и да ако има криминални умови во високото образование кои ќе сакаат да прават кругови на само цитирање ќе можат тоа да го направат. Но науката во светот не го дозволува. Затоа ние во Законот велиме етика дека треба универзитетите да развиваат, етички комисии да имаат, кодекси да има. Но еве остават простор дека може да се злоупотреби како и секој друг закон. Не се согласувам дека е тоа Закон за елитистички кругови и вие добро знаете дека не е така. Не знам колку искуство имате во високото образование каде што родители и деца работат на иста единица, но ги има и во Западна Европа и за да не потенцирам и нагласувам сега само ќе ви кажам дека Пјер и Марија Кири работела во една иста институција и добиле Нобелова награда затоа што како сопружници работеле во една иста институција. Пример, океј, повеќето вработени мноштвото вработени на нашите универзитети немаат сопствени деца сопружници и роднини. Јас ова веќе јавно кажував, тоа е мое длабоко мислење. Не може децата на професорите, не е фер, не е етички да ги натовариме на нивниот грб да го носат товарот на сопствените родители. Затоа критериуми пратеничке, ако ги исполнат критериумите ќе бидат рамноправни сите и ќе влезат во трката како сите. Но, бидејќи и ова е генерално на Фејсбук дискутирано, вие сте прва која јавно го кажувате и ова ќе биде разгледано утре на работната група и како ќе одлучи работната група така ќе биде во законот ставено. Не е право способни деца кои завршиле во странство, кои и овде во земјата кои се покажале и докажале да ги ограничите иако во светот се повеќе и повеќе, јас тоа е мое лично мислење нели, постојат фамилијарни бизниси или традиции на адвокатски фамилии, докторски фамилии, наставнички фамилии итн. Бидејќи барањето за базите се однесуваат за сите универзитети во државата, дискриминација нема. Дали ќе има дискриминација на некој што ќе може да го постигне резултатот или не, не тоа не се вика дискриминација, тоа се вика способност, работа, проактивност, вмрежување, интернационализација, создавање проекти, читање книги, читање трудови итн. Од тука оваа теза ви паѓа. Ќе продолжам и во следниот за секоја точка одговор да ви одговорам оти навистина сметам дека е навистина значајно, ќе имаме време. Статутот на универзитетот, сега да си одговориме, и сега преку Влада доаѓа во Собрание. Владата го одредува бројот на студенти и сега Владата го одредува бројот на студенти, а вие се распишувате според акредитација. Владата партиципацијата и сега, значи со сите претходно закони било така, ништо овој закон не менува. Ги презел тие членови од тогаш. Владата во ништо не им попречила на универзитетите. ДПИ и сега по 5 години, во период од 5 години може да одлучува за изборот и сега и во овој закон е така, ништо не е променето. Она што е променето, Статутот вие во Собрание го потврдивте, Владата го процесира до Собрание, вчера, завчера имаше нели, Владата има право ако нешто не е законски во Статутот оти универзитетите не можат да бидат надвор од правниот систем. Тие може да имаат автономија, ама не можат криминал да спроведуваат и вие овде ќе си изгласате, нема да си изгласате, вие сте нели највисокото тело во државата. Националниот совет и сега така делегира членови, по стариот закон, за Националниот совет зборувам и сега е така, ништо не е променето, добиле три ингеренции повеќе. Е, сега боли Советот на универзитетите кои сега постоел во Законот никогаш не бил формиран, а сега ќе биде формиран оти Советот има исклучително значајна улога на отчетност на универзитетите за јавните средства кои државата ги дава на универзитетите. Граѓаните плаќаат за зградите, за режијата.

Сите пратенички прашања