
Даниела Николова
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Сите ние зборуваме за проблемот со иселување на младите од нашата држава, загрижува податокот што и понатаму имаме одлив на интелектуалната младина надвор од нашата држава и овој проблем сите знаеме дека не е ниту од денес ниту од вчера туку станува збор за еден децениски проблем. Во таа насока Владата на Социјалдемократски сојуз на Македонија посветено работеше на студентскиот стандард, студентите со поздравување ги дочекаа мерките како што беше студентскиот оброк, покачувањето на стипендиите над околу 100%, воведување на нови категории на стипендии, враќањето на стипендиите за постдипломците повеќе од една деценија после повеќе од една деценија, воведувањето на стипендиите за докторантите како и обновата и реконструкцијата на студентските домови. Со задоволство констатирав дека и вие сте го согледале овој напредок во однос на студентскиот стандард во изминатите години кога Владата беше предводена од СДСМ па така во едно интервју потенциравте дека средствата од германската развојна банка во вредност од 20 милиони евра и грантот од 5 милиони евра преку програмата за регионална енергетска ефикасност на Западен Балкан на ЕУ кои се однесуваат на реновирање на студентските домови кое што е во тек. Се обезбедени од претходната власт. Исто така, потенциравте дека оваа Влада треба да ги дозаврши што побргу реновирањата на студентските домови. Значи, во што е можен побрз рок за да може студентите да имаат и пристоен живот. Во истото интервју потенциравте дека не сте биле ниту свесна за тоа колку многу средствата се издвојувале за студентскиот стандард, потврдувајќи дека државата издвојувала, ве цитирам: Огромни пари за студентскиот стандард. Констатиравте дека и студентите добиваат стипендии за дефицитарните струки што е еден од начините да се поттикнат да се запишуваат на овие студентски групи. На 22.10.2024 година претставници на студентите односно Националното студентско тело ви испрати барање за преразгледување на бројот на стипендии на студентите од општествените науки од конкурсот за академската 2024 -2025 година. Ова нивно барање до вас е по реакција на студентите за намалување на бројот на стипендиите. Имено, на минатогодишниот конкурс биле доделени 10 стипендии за општествените науки а годинава се предвидени само 4 и покрај тоа што бројот на стипендиите за техничко – технолошките и природно математичките науки остануваат на високо ниво или 40 стипендии а податоците велат дека лани биле искористени само 24. Студентите ви предложија решение и тоа велат дека треба да оние кои што не се искористени, што ќе останат не искористен број на стипендии во останатите научни подрачја апликантите од општествените науки да им дадете можност дополнително да ги разгледате нивните апликации и тие да ги добијат стипендиите. Иако во јавноста можеше да се прочита едно ваше соопштение дека го прифаќате ова понудено решение сепак во комуникацијата со студентите добивме одговор дека се уште нема ништо конкретно во однос на овој проблем. Затоа, јас ќе ја искористам оваа прилика и ќе ви поставам 3 прашања. Првото прашање, ме интересира зошто го намаливте бројот на стипендиите за студентите од општествените науки кога на конкурсот ги приклучивте и студентите од интегрираните студии со што се зголеми бројот на потенцијалните кандидати.