Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за анализата и последиците од оптимизацијата во образованието

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша дали Министерството за образование и наука има сеопфатна и јавно достапна анализа за последиците од оптимизацијата, колку наставници ќе имаат намален фонд на часови, каков ќе биде ефектот врз нивните примања и како ќе се одлучува за технолошки вишок. Таа изрази загриженост за спроведувањето на процесот и ги пренесе наводите на синдикатот за притисок врз наставници да преминат на работа како образовни асистенти.

Министерката одговори дека Министерството со УНИЦЕФ ја ажурира анализата и дека за прераспределбата се координира со општините и ресурсните центри. Таа рече дека прераспределбата, со согласност на наставниците, има цел да им обезбеди работа и плата, а не да ги отпушти; според неа, станува збор за прераспределување на часовите за наставниците да имаат оптимален фонд. Не соопшти бројки за наставниците што ќе имаат намален фонд на часови или податоци за ефектот врз нивните примања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Министерке, оптимизацијата е сериозен процес кој бара сериозен пристап бидејќи последиците се далекусежни и верувам дека тоа го знаете. Но, евиденто е дека овој процес како многу други работи до сега ги правите набрзина, без сериозна комуникација со засегнатите страни, без податоци на кои што треба да бидат достапни до јавноста. Всушност воспоставивте вие ден систем, една пракса да донесувате одлуки зад затворени врати, само со вашите избрани партиски војници. Ама, сето тоа е на штета на учениците, на наставниците, на образовниот процес. Она што деновиве сведочиме се сериозни забелешки од независниот синдикат кој реагира по пристигнатите забелешки од наставниците кои од него бараат правна заштита. Но, никако не може да ги занемариме и сите оние гласни реакции на родителите. Еве, само пред два, три дена имавте јавен повик од родителите во кумановско Режановце да престанете со наредби и притисоци. Да ги слушнете затоа што, нема да ги пуштат нивните деца на настава од 1ви септември. Исто така, да не ги занемариме и реакциите на родителите кои што велат дека во некои општини, по наредба и импровизација на вашите градоначалници се врши дискриминација при упис на деца во прво одделение родени во јануари затоа што, тие пресметале дека следната година ќе имаат помалку запишани деца. Независниот синдикат за образование јавно објави дека дел од раководствата во училиштето според пријавите секако што ги добиле од наставниците. Вршат притисок врз наставниците да потпишат изјави наводно за доброволно префрлување од работно место наставник со активен договор на неопределено време на позиција образовен асистент кој има статус на вработување на определено време. Синдикатот ова го квалификува како можен обид за деградирање на наставниот кадар и ставање во несигурна и неизвесна положба и најавува правна помош за овие наставници. Па, дури најавува и поднесување пријави поради сомневање за изнуда. На ова министерке, треба веднаш да реагирате освен ако тоа не е по ваша наредба. Наставниците не смејат да бидат принудени да потпишуваат документи за да ја зачуваат својата егзистенција во наредната учебна година и да се плашат што ќе биде понатаму со нив. Особено загрижува и дописот на министерството испратено до општините и училиштата со кое се бара итна анализа за наставниците кои остануваат без наставни часови и нивна можна прераспределување како образовни асистенти. Ваквиот ваш допис се заснова врз одредби од закон и подзаконски акти, кои што апсолутно никаде ги нема, односно вашиот допис не се заснова врз одредби на законот и апсолутно е спротивно на сите афирмативни законски прописи. Истото е испратено до 22 мај 2026 година, а во него се бара да се исконтактираат ресурсните центри најдоцна до 28 мај, со кои во координација ќе се направи планот за прераспределба и ангажирање на наставниците кои остануваат без часови како образовни асистенти. Зарем сметате, како што велите во писмото, итната анализа која треба да се направи за шест дена, е доволна за еден ваков сложен процес. Министерке, дали сте свесна дека со итна шест дневна т.н. анализа вие сакате да решите сериозен проблем, кој не подразбира само статистика и бројки, туку подразбира човечки судбини, подразбира образование на нашите деца. Затоа, од оваа говорница ве прашувам, дали Министерството за образование и наука има изработена точна и прецизна анализа, колку наставници, но на ниво на државата, ќе останат технолошки вишок по спроведување на оптамизациските сценарија. Како директорите ќе изберат кој наставник ќе биде технолошки вишок, по кои критериуми тие ќе се водат, колкав е бројот на наставниците на кои што драстично ќе им се намали фондот на часови, а со тоа и нивните месечни примања и како планирате да го надоместите тој финансиски удар врз нивните семејства. Каков е конкретниот план за наставниот кадар опфатен со оваа реорганизација. Дали планирате само прераспределување или некакви до обуки, до остручување или едноставно ќе создадете нова армија на невработени. Или, ајде по прецизно. Дали имате сериозна анализа, ако ја имате, зошто таа не и е достапна на јавноста. Или ќе се потпрете само на оваа шестдневна анализа на општините. Дополнително во јавноста веќе се појавуваат информации кои отвораат сериозен сомнеж за селективен пристап. На пример, во Штип, а доаѓаат и од друго место вакви информации, па се поставуваат прашањата како е можно во едни училишта да се отвораат нови работни места и да се вработува нов кадар, додека во други училишта се зборува за технолошки вишок. Ако во системот постои реална потреба од наставници, зошто постојните вработени не се распределат таму каде што се потребни. По кои критериуми се прима нов кадар, додека искусните наставници живеат во неизвесност. И, најважното прашање. Како ќе ја убедите јавноста дека оптимизацијата не се користи како параван за партиски вработувања? Оптимизацијата подразбира и присуство на доверба на наставниците и на родителите и кон вас и кон раководствата во училиштата. Но, денес за жал, наместо доверба, сигурност, можеме да зборуваме само за страв, неизвесност и за сомнеж. И се додека не понудите јасни бројки, јасни критериуми, јасни гаранции за наставниците, ова нема да биде реформа. Ова ќе биде импровизација и поигрување со туѓи животи. Министерке, никој во оваа сала не е против промени во образованието. Никој не тврди дека училишната мрежа не треба да се приспособува на намалениот број на ученици или на потребата од поквалитетна настава. Но, постои огромна разлика помеѓу реформа и импровизација и постои огромна разлика помеѓу грижа за образованието и третирање на училиштата само како обично буџетски ставки. Свесни сме дека Буџетот ви е празен. Знаеме дека немате пари, ниту пак имате капацитети како Влада да ги обезбедите. Но, децата никако е треба да бидат жртви на лошо испланирани политики. Наставниците не се бројка, децата уште помалку, затоа немојте да ми зборувате за тоа дали е потребна оптимизацијата. Зборувајте ми за начинот на кој што таа ја спроведувате, затоа што наместо дијалог, гледаме само притисок. Наместо транспарентност, повторно имаме молк за јавноста и решенија донесени во партиски простории. Наставниците не знаат што ќе се случи со нивните работни места веќе од први септември. Родителите не знаат што ќе се случи со нивните деца од први септември. Општините не знаат какви обврски ќе им префрлите во овој период. А, вие очекувате сите слепо да ви веруваме дека се е во ред. Затоа денес ви поставувам две едноставни, но суштински прашања. Првото прашање, дали Министерството за образование и наука има изработена точно сеопфатна, јавно достапна анализа за последиците од оптимизацијата, односно колку наставници на ниво на целата држава ќе бидат технолошки вишок. Колкумина ќе останат со намален фонд на часови и колкав ќе биде финансискиот ефект врз нивните месечни примања. По кои критериуми ќе се водат директорите при прогласување на технолошки вишок.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 јуни 2026 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке се согласивте, јавно овде на говорница, дека оптимизација е потребна. Истата со помош на УНИЦЕФ се прави обид да се спроведе во минатите седум години, но никој не ја започнал. Оваа Влада, како одговорна Влада, да, ја започнува оптимизацијата од сосема познати причини, бидејќи се согласувате, ги знаете. Независниот синдикат, почитувана пратеничке, очигледно не го прочитал законот, а излегол со соопштение, еве јас за вас да ви помогнам, Основно - член 19 став 10, Средно - член 3 став 10. Законска основа за прераспределување на наставниците во помошници на своите колеги, за децата со посебни потреби постои и не е преименување во образовен асистент, тие си се редовно вработени, ќе си примаат плата како наставници, само ќе учествуваат во наставата како образовни асистенти. Тоа е напишано во законот, со нивна согласност, ако и немаат доволен број на часови, токму за да не ги изгубат работните места, а ние сме побарале од ресурсните центри да кажат колку треба за да ги здомиме прво наставниците, не да вклучуваме луѓе од надвор, за да може наставниците да имаат сигурност и да имаат плата. Првото прашање, има ли изработена анализа. Вие знаете дека УНИЦЕФ има изработено пред седум години. Министерството заедно со УНИЦЕФ ја абдејтира. УНИЦЕФ е на терен, нашите луѓе се на терен, но ние не можеме како министерство арбитрарно да носиме одлуки. Училиштата се на општините. Да не се полнеше образованието така како што се полнеше во изминатите години, многу години, и таму да не се вдомуваа луѓе со лажна надеж дека некогаш ќе бидат вработени при очигледно намалување на бројот на ученици во земјата, сега нема да бевме во оваа ситуација. Не станува збор за отпуштање на наставници. Благодарам што ме слушате. Не станува збор за отпуштање на наставници, станува збор за прераспределување на часовите, за сите да имаат оптимален број. Дополнително, пет години велам дека треба едносменска и целодневна настава и вие ја поддржувате, за да може двајца наставници да работат во едно одделение, еве Бирото е на терен да ги обучи како треба. Ниту наставниците преземаат посебна акција, не дека не слушнале, не дека не се обучени, не дека немало состаноци, но мора со општините да бидеме во координација за да знаат како тоа да го направат. Значи, не е во прашање она што го кажува синдикатот, ниту па тоа што го тврдите вие. Значи, да план имаме, новиот е-дневник ги има сите податоци, ние ги спроведуваме и оптимизацијата и вие знаете дека е неопходна да се направи. 147 училишта во земјава сами се затворија, без оптимизација. Ниедно запишано дете. Знаете дека притисокот е само во големите градови. Има ли логика да имаме училиште со пет деца, наместо да дојдат со наставниците во централното училиште и да имаат целодневна настава за два наставника. Значи, ако споите две одделенија во едно, двата наставници ќе работат во едното одделение, двајцата ќе си ја заработат платата, двајцата ќе постигнат подобар успех од овој што сега го имаме, последни на ПИСА. Мислам дека овој процес требаше и вие да го почнете од претходната Влада, за да биде безболен. Јас не го правам насилно, не јас, не, оние секторите, луѓето, УНИЦЕФ, општините, го правиме постепено и се трудиме да го надокнадиме времето за пензионирање. Значи како ќе се пензионираат наставниците, така другите ќе си остануваат. Нови вработувања нема.

Сите пратенички прашања