Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова бара јавна дебата за реформите во гимназиското образование

Резиме

Даниела Николова ја праша министерката за образование и наука како ќе одговори на критиките од стручната јавност за нацрт-концепцијата за гимназиско образование и дали ќе ги разгледа нивните предлози. Николова побара и поширока јавна дебата, а изрази загриженост дека реформата може да ги ослаби критичкото размислување и наставничките работни места.

Министерката рече дека јавната дебата е во тек, дека разговарала со претставници од универзитетски единици и дека очекува конкретни предлози. Најави дополнителни средби и дебати и рече дека програмата може да претрпи промени. Таа увери дека реформата нема да остави наставници без работа и дека изборните предмети ќе се организираат така што заинтересираните ученици ќе можат да ги изберат.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Министерке, навистина се радувам што сега сте во салата бидејќи ќе можеме еве да дебатираме овде денес во однос на прашањата кои што сакам да ви ги поставам. И, еве едно нешто добро од паузата што ја направивме, ја имаме министерката во сала. Неодамна ја објавивте нацрт концепцијата за реформите за гимназиското образование и навидум ги повикавте сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната дискусија со пишување коментари на официјалната страна на БРО. Несомнено е дека реформи во гимназиското образование се потребни и тука никој ништо не смее да спори во однос на тоа. Навистина требаат реформи. Но, прашањето е како тие реформи се подготвуваат и како тие реформи се реализираат. Сериозни реформи бараат исклучително сериозен пристап особено ако тие реформи се однесуваат на образованието и знаете зошто. Верувам дека знаете како професор дека кога креирате образовен систем всушност ја креирате иднината и на секој поединец ни и на иднината на државата. Во оваа предложена концепција наставните предмети како што се предметите филозофија и социологија стануваат изборни предмети иако до сега беа задолжителни а наставните предмети етика, логика, педагогија и уште некој целосно ги укинувате. Ве прашувам, зошто за ова не организирате јавна дебата. Зарем јавна дебата сметате е дека само поставување на коментари на страницата на БРО. Како помисливте дека ќе правите сериозни реформи без јавна дебата. Носевте системски закони за образованието, одбивте јавна дебата. Сега правите реформи во гимназиското образование, нема јавна дебата. Е, токму поради тоа имате сега многу реакции. Професорите по филозофија од гимназиите, Институтот по филозофија при филозофскиот факултет а нив со реакции се приклучија и Институтот за социологија и родови студии. Потоа, реагираа професорите по ликовна и музичка уметност. Понатаму филозофското друштво на Македонија, здружението на социолози на Македонија, средношколскиот Сојуз и ова се само некои од оние кои што ја критикуваат вашата концепција. Тие истакнуваат дека реформите во образованието треба да бидат резултат на една широка јавна дебата и консултации со сите кои што се засегнати. Како ќе одговорите на овие нивни критики и дали ќе се разгледаат нивните предложени решенија. Бидејќи тие не само што критикуваат туку ви нудат и одредени решенија. Сметате ли дека е дозволиво засегнатите страни во овој процес да комуницираат со вас и да ги изразуваат своите ставови и своето незадоволство само преку јавни реакции. Ве прашувам министерке. Дали ќе преземете лична, морална но и политичка одговорност за уништување на критичката мисла кај младите луѓе. Ќе ја понесете ли одговорноста и за сите наставници кои што ќе останат без работа. Стравувам за колешки и колеги брилијантни умови, професори со кои растат генерации, кои што децата ги паметат цел живот дека ќе останат без работа поради ваква неуспешна концепција. Недостаток на критичка мисла кај младите луѓе може да има далекусежни последици и тоа не само по нивниот личен развој туку ќе има последици за општеството во целина. За мене образованието без критичка мисла е како тело без душа. Кога образованието не ги поттикнува младите да размислуваат критички се создаваат генерации кои не можат да поставуваат прашања но и да препознаваат не аргументирани ставови. А, со тоа не можат да ја разграничат вистината од заблудата, сто има нели, заблуди се почесто им се наметнуваат и во секојдневното живеење. Предметите од општествено хуманистички корпус се тие кои што ја поттикнуваат свеста и ги оспособуваат да разликуваат знаење од обични претпоставки, факти од впечатоци. Наставниците од гимназиите со право ви ги поставуваат следните прашања: како ќе мислат учениците ако не ги знаат законите на логиката? Како ќе бидат доблесни ако не ги знаат начелата на етиката? А , знаете етиката се занимава единствено таа со проучување на доброто и на злото. Етиката е онаа чии што проблем низ изучување на среќата и несреќата, страдањето и радоста. Зарем во време кога булингот е во пораст, кога се погласно се зборува за тоа вие решавате да ја исклучите етиката од образовниот процес. Од тука ве прашувам, како министерка за образование и наука. Можете да ги предвидите последиците кои што ќе се случат и се напредокот на науката но и со општествениот напредок ако се укине критичкото размислување во образованието. Дали сакате да укинете главната цел на образованието а тоа е дека образованието треба да ги поттикне младите луѓе да мислат, да создаваат, да истражуваат а не само да сприемаат готови а понекогаш и наметнати идеи. На крајот ве молам да ги именувате поединците кои беа креатори на оваа поразителна концепција. Веќе и вие длабоко во себе знаете дека предложената концепција го уништува критичкото размислување и со тоа и слободата. Како што вели Гете: Критичкото размислување е основа на слободата. Затоа ве прашувам и ве молам да ми дадете одговор: Кои конкретно поединци сте ги ангажирале за да ви ја наметнат оваа идеја со која го уништувате критичкото размислување а со тоа им ја одземате и слободата на младите. Јавноста има право тоа да го знае. И, сега вие со право можете да кажете дека навистина ви поставив многу прашања а не само три а можам да ви поставам и уште повеќе. И, тоа токму упатува на тоа колку сомнежи и колку проблеми отвори оваа концепција за која што треба да се организира јавна дебата на иста маса да седнат сите засегнати страни и да ги споделат идеите помеѓу себе. Никако не може за јавна дебата да третираме дека е пишување онлајн забелешки. На крај сепак ќе издвојам три прашања на кои што сакам да ми дадете одговор. Министер не ви се обраќам вас, односно извинете вие како член од Влада разговарам со министерката и ќе ве молам да ме почитувате. Министерке ви поставувам три прашања. Кој е вашиот одговор на сите критики кои јавно ви се упатија, особено оние од стручната фела. И, дали ќе ги разгледате нивните предлози.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитувана пратеничке многу ви благодарам за поставеното прашање. Ова е можност да се вклучам како министер во јавната дебата која е во тек. Значи, првото нешто што се прави е концепцијата да се постави на јавна дебата за широката јавност и тоа во овој момент се случува. Значи, прво така со писмени дописи но не е точно дека нема јавна дебата јас не памтам, минатата недела кој ден бев на филозофски факултет и се сретнав со сите членки единки односно со нивните претставници. Јас не одредувам кој ќе дојде на состанокот но таму беа деканите, раководителите на психологија, на филозофија, на социологија и кои и други и да беа, се извинувам не сакам да ги навредам професорите но таму имаше претставници од сите единки и разговаравме, дискутиравме. Јас ценам дека дискусијата беше конструктивна од моја гледна точка. Претпоставувам дека не е во прашање само стручното мислење туку дека после таа дискусија она што се појавува во печатот има и некаква друга позадина. Но, тоа е право, демократско право и јас си ги читам отворените писма до мене затоа што, очекувам дека таму нешто и конструктивно ќе дадат. Ние се договоривме дека во рок од 10 дена ќе дадат предлог. Сега се критиките, остануваат уште 3, 4 дена да дадат предлог за тоа каква треба да биде концепцијата а ќе ви кажам уште нешто бидејќи по професија сте наставник. Вие траба да знаете дека во она што во моментот се пишува, не станува збор за концепцијата, станува збор за наставниот план и програма. Јас тоа таму го кажав, ниеден од професорите не дискутираше за концепцијата. Што сметам дека го прифаќаат како добро. Имаа забелешки на наставниот план и програма односно на бројките. А, тоа е бројките на часовите. Од тука не сте во право н кога велите дека нема јавна расправа и дека нема да има јавна расправа. Да, можеме да организираме ако сакате и собраниска. Јас со целосна одговорност. Јас не другите, ќе ја бранам таа концепција но доколку не постигнеме консензус не е никаков проблем и понатаму да дискутираме. Јас ќе одам идната недела според моите можности како ми дозволува бремето и на терен и ќе се сретнам и со наставници и со ученици. Јас се сретнав со претставници на ученичките сојузи и ќе продолжам да се среќавам и со сите други. Учениците не најдоа ниту една замерка, ниту една единствена. Стигнуваат писма од родители кои исто така, честитаат на она што сме го направиле. Бидејќи се согласувате дека е потребна реформа во гимназиското образование која 24 години не е променета, 24 години. Знаете ли што значи тоа? 24 години нашите ученици во средно гимназиско учат по учебници стари 24 години. И, сега вие барате или други бараат. Вие го поставувате прашањето, ништо да не се менува во тој наставен план и програма, нели да продолжиме исто како и до сега и нашите ученици кога ќе одат на ПИСА тестирањето во први клас да ги имаат истите резултати. Во таа програма е точно, во право сте дека е различен бројот на часови на општествени предмети од ова што е понудено во првата драфт верзија на концепцијата. Точно е тоа, не ве разбирам. Точно е тоа, но досегашниот број на часови на општествени предмети не ги направи нашите ученици да бидат погоре на ПИСА. Не ја намалувам согласна сум дека треба етика дека треба логика дека филозофија опфаќа и етика и логика. Четири часа филозофија сме им дале во трета и четврта година, по четири часа неделно и филозофите не се задоволни. Знаете ли зошто? Затоа што, ќе треба да биде избран предметот. Стравот дека нема да се избере предметот е голем меѓутоа ако добро го погледнале наставниот план и програм оти не станува збор за концепција, повторувам, ќе виделе дека нема никаква шанса да не бидат избрани од тие што се заинтересирани. Концепцијата е направена во фокусот да е ученикот, неговите потреби, неговите таленти, интересот на ученикот до сега ние постариот систем од СФРЈ им велевме: Вие мора ова да учите. Резултатот од „Вие мора ова да учите“ го гледаме на ПИСА. Сега ние и велиме, што е новината. Ние им велиме: Ќе учите тоа што сакате, тоа што ве интересира, тоа што ве интересира, продлабочено ќе го учите. Наставниците ќе ви го предаваат тоа на друг начин. И, децата тоа го бендисуваат. Произлезе страв кај наставниците дека ќе останеле без работа. Тоа не е точно. Да ја прочитале концепцијата а да не го гледале само наставниот план и програм, овие кои зборуваат оти јас имам и контакти со наставници кои прочитале и кои велат одлично е оваа концепција. Еве ќе ви кажам, имав средба со здружението на наставници по латински јазик - старогрчки и култура. И, тие велат идејата е одлична, идејата е одлична, конечно некаква промена и прашуваат што станува со изборноста. И добро е што прашавте од овде и еве гарантирам ниту еден единствен наставник нема да остане без работа. Без оглед што јас кажувам дека се вишок. Целата концепција, целата програма владина за едно сменска за цело дневна е направена со цел ниту еден наставник да не остане без работа. Но, дали ќе бидат повеќе ангажирани, да ќе бидат повеќе ангажирани. Да, за нашите ученици на следното тестирање барем 2 скали да одат погоре. Јас не велам дека со овој министер ние ќе се качиме на врвот на Пиза. Вие како наставник знаете дека за тоа треба време. Ама ако се качат 2 места погоре ние сме направиле голем исчекор. Еве и ќе објаснам како наставниците нема да останат без работа. Значи, ако ги мешаме, а и сега ги мешате ОХБ, ОХА не знам и така во 6 групи. Јас велам ќе ги измешаме исто во 6 групи. Ако ги мешаме во 6 групи не можат цели паралелки да одат на предметите што ги избрале. Туку ќе мора да се направат групи. И во Законот дозволувам тоа да биде групи од 10, а таму каде што има помалку на пример Крушево да имаат и менторски систем. Значи, нема никаква опасност дека наставникот по филозофија нема да има ни еден ученик. Поготово затоа што децата бираат од првата група два предмети, од втората група два предмети. Дополнително она што веќе 2 години го зборувам и тие што ме следат им е јасно, а го зборувам за да разбере јавноста. Сите изборни предмети секоја додатна активност на наставникот по програмата на училиштето ќе биде вреднувана. Значи, ако он има 16 часа по предметот и 4 часа било кој друг изборен предмет, општествено поресна активност, било каков клуб или било каква програма тоа ќе му биде вреднувано како час. Нема опасност, по пети пат повторувам, ако треба и по стоти пат ќе повторам дека наставниците ќе останат без работа. Стравот е дека кога ќе треба учениците да ги бираат ќе ги бираат оние наставници за кои што смета дека е најдобро. Но, не е ни така. Учениците ќе бираат по своите афинитети. И сега што се однесува до логичното мислење, критичното мислење не вели Весна Јаневска, не вели Владата, вели стручната светска литература, критично мислење децата првенствено се соочуваат кога почнуваат да учат математика. Математиката не е собирање и вадење и множење и делење. Математиката е мислење. Само во оваа чудна земја излегоа децата и родителите пред Владата и со свирчиња викаа не за математика, не за математика. Знаете дека е тоа така. Програмата ќе трпи промени, ќе ги слушаме. Ќе разговараме и понатаму ќе имаме јавни дебати. Се што треба и може не по желби, се што треба и може ќе се промени. Но едно кажувам, за овие факултетиве од Филозофски.

Сите пратенички прашања