
Сали Мурати
До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија
Почитуван Претседател на Собранието,
Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија:
1. Која е причината што Министерството за внатрешни работи сè уште нема одговорено на моето официјално барање од 17.01.2025 година за отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште, иако според Законот за општа управна постапка законскиот рок за одговор одамна е изминат? 2. Дали Министерството за внатрешни работи има изготвено анализа за потребата од отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште и доколку има, кои се резултатите од таа анализа? 3. Во кој временски рок Министерството за внатрешни работи планира да ја разгледа можноста за отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште, имајќи предвид дека слични канцеларии веќе функционираат во општините Желино, Липково, Јегуновце и Сарај? 4. Кои се конкретните критериуми што ги применува Министерството за внатрешни работи при одлучувањето за отворање на канцеларии за управни служби во руралните општини и дали општина Врапчиште ги исполнува тие критериуми?
Со оглед на важноста на ова прашање за граѓаните на општина Врапчиште, кои моментално се приморани да патуваат до соседните општини за вадење на лични документи и други административни услуги, очекувам целосен и прецизен одговор.
Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.
Со почит,
Скопје,
22.04.2025
Сали Муратти
Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија