
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван потпретседателе. Почитувани колеги пратеници, почитувани граѓани, Имам едно пратеничко прашање за министерот за внатрешни работи. Последниот пат кога ви се обратив од оваа говорница за мојот роден град Дебар вие ме обвинивте дека кажувам невистини. Денеска после 2 месеци реалноста на терен го потврди спротивното. Вознемирувањето што го подигнав тогаш значи било сосема реален и ако некој кажувал невистини тогаш тоа сте вие и затоа би било коректно најмалку да барате јавно извинување. Пред два месеци ова прашање изгледаше како еден локален проблем, раширен само во Дебар. Денеска овој проблем е едно вознемирување на државно ниво, како што беше техничката реорганизација. Значи ова е нарушување со конкретни последици на терен и тоа што уште по вознемирувачко е населени места каде што мнозинствата се Албанци. Вие овој процес го нарекувате процес за усогласувања, но граѓаните вака не го чувствуваат. Реалноста е многу подиректна, но се редуцираат раководните структури и одлуките се централизираат. Значи ова не е форма каде се обезбедува безбедноста, тоа е процес кој создава несигурност. Граѓаните не бараат оправдување, бирократски оправдувања. Тие бараат конкретна безбедност дома, на патиштата и на граничниот појас. Овдека реално треба да биде присутна државата кога се соочуваат со опасности. Вие рековте дека регионалната координација ќе донесе ефикасност, но во пракса не може да донесе ефикасност каде што со тргање на одлуките каде што се случува проблемот. Значи на терен имаме тешки кражби и друго, се е во опасност за имотот и животот на граѓаните. Значи ова не може да се рече ефикасност. Јас ќе земам за пример граничниот појас во Блате, една добра илустрација, значи овој граничен премин, за мене не е само еден обичен граничен премин но е стратешки граничен премин каде што имаме илегални преминувачи и контра банда. Овдека кога немаме безбедност и ова го чувствуваат граѓаните. Значи ова го чувствуваат граѓаните секој ден. И ова не е само функционално прашање, има и многу јака политичка димензија. Во една институционална функција која што е чувствителна, овдека ги допира и балансерот на етнитетот каде што голем дел беа Албанци. Да кажеме дека овие позиции треба да бидат само од професионалци, ставајќи ја на страна правичната застапеност, значи ова е градено врз правичната застапеност, не е политички компромис, тоа е уставен стандард и гаранција за довербата на граѓаните во институциите за безбедност. Значи секое нарушување кое се прави за зачувување на овој балансер, се става во опасност овој дел и оваа сфера. Значи ова не е опасност само за овој град, туку за целиот систем. Господине министер, општите изјави за не вознемирување веќе не се доволни. Граѓаните бараат конкретен одговор. Тие сакаат да знаат кои се критериумите за систематизација и како ќе се гарантира правичната застапеност во едно време каде што вие го укинавте балансерот, додека Законот за правична застапеност уште не го виде своите светло и како ќе се обезбедуваат градови како мојот роден крај Дебар да не останат без капацитет што се однесува до безбедноста. Институциите за безбедност не може да се третираа како простор за експерименти без влијание на стабилноста на општеството. Секоја одлука во овој сектор треба да биде транспарентен и со голема одговорност. И на крај да кажам, многу јасно уште еднаш ќе повторам граѓаните не бараат оправдување, тие бараат реално присуство во оваа држава. Кога вие зборувате за регионална координација овде има недостатоци и се чувствуваат небезбедни. Моето прашање е директно, дали ќе го разгледувате ова решение и дали ќе обезбедите Дебар и другите места да не останат без обезбедување и правичната застапеност не биде укината и како ќе го направите тоа, бидејќи безбедноста не е работа на администрацијата, туку е државна одговорност. Во овој случај е ваша одговорност. И за граѓаните во Дебар и во целата држава, безбедноста не е само привилегија, туку е основно право. Благодарам.