Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МВР: Обезбедувањето на Груби трае додека постои опасност; Рамадан е вратен на работното место

Резиме

Пратеничката Јована Мојсоска праша дали на поранешниот вицепремиер Артан Груби му се одобрени мерки за обезбедување и за кој период, како и дали командирот со иницијали Е.П., споменат во прашањето, повторно е поставен во Ропотово.

МВР соопшти дека на Груби му биле определени мерки со решение од 13 јуни 2024 година и дека обезбедувањето трае додека постои опасност. За второто прашање, МВР одговори во врска со Ердал Рамадан, кого го наведува со иницијали Е.Р. По повторна дисциплинска постапка, на Рамадан му била изречена парична казна, а со решение од 6 септември 2024 година бил вратен на работното место командир во Полициското одделение Ропотово, со важност од 26 март 2024 година.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јована Мојсоска

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ЗА: г. ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ – МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Пратеничкото прашање ги опфаќа следниве две потпрашања:

1. Дали имате одобрено мерки и активности за обезбедување по престанок на функцијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби и доколку има, во кој временски период се определени истите?

2. Дали командирот со иницијали Е.П. кој во август 2023 година пукаше со автоматско оружје и беше уапсен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ - повторно е поставен за командир на полициската станица во Ропотово?

*** Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 17.12.2024

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи

Рег. бр. 13.1.1 — 145416/08 Скопје, 26 ДЕК 2024 2024

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Одговор, доставува.- ВРСКА: Ваш акт бр.08-6182/2 од 18.12.2024 година

Почитувани, постапувајќи по вашиот акт погоренаведениот број и датум со кој доставено на мислење пратеничко прашање поднесено од пратеник од Левица, г-ѓа Јована Моjсоска, согласно утврдениот делокруг на надлежност на Министерството за внатрешни работи, известуваме за следното: 1. Во однос на прашањето кое се однесува на тоа дали се одобрени мерки и активности за обезбедување по престанок на функцијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби и доколку има, во кој временски период се определени истите, информираме за следното: Врз основа на член 6 став 3 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите и мерки и активности и степените на обезбедување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 56/14 и 161/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/19 и 244/23) е пропишано дека од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат редовни мерки и активности за обезбедување по престанок на функцијата на други личности, во случаи кога е оценет висок ризик на однос по животот и личниот интегритет поради определени дејствија во вршење на нивната функција за време траење на опасноста. За таа цел, со решение бр. 23.6-62247/1 од 13.06.2024 година на г-дин Артан Груби - поранешен прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на Република Северна Македонија, му се определени мерки и активности за обезбедување, потпишано од тогашниот министер за внатрешни работи г-дин Назим Буши.

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи

Согласно горенаведената Уредба, личноста за која со безбедносна проценка е утврден висок степен на опасност по неговиот живот и личен интегритет се обезбедува во времетраење на опасноста.

2. Во однос на второто прашање кое се однесува тоа дали командирот со иницијали Е.Р, кој во август 2023 година пукал со автоматско оружје и бил уапсен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ повторно е поставен за командир на полициската станица во Ропотово, известуваме за следното:

Од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен донесено е решение РО.бр.0907-75 од 22.04.2024 година со кое се поништува решението на министерот за внатрешни работи донесено во дисциплинска постапка бр.20.1-20476/1 од 16.02.2024 година за „откажување на договор за вработување со отказен рок во траење од 1 месец, сметано од денот на врачување на решението”. Имено, во образложението на решението на Државната комисија е утврдено дека при донесувањето на оспореното решение не бил земен во предвид извршеното вештачење на оружјето и чаурата БАЛ-7490/23, како и вештачењето на видеото акт.бр.22.22.6.2.5-2565/1 од 14.09.2023 година од Одделот за форензички испитувања со што утврдила дека погрешно и нецелосно била утврдена фактичката состојба, поради што предметот го вратила на повторно одлучување. Од страна на Одделот за дисциплински и судски постапки во рамки на Министерството за внатрешни работи била спроведена повторна постапка согласно задолжението и дадените насоки во второстепеното решение, при што била донесена предлог одлука за изрекување на дисциплинска мерка, врз основа на која е донесено решение бр.20.1-83955/1 одм 08.08.2024 година со кое на Ердал Рамадан му е изречена дисциплинска мерка “парична казна во износ од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот во траење од 6 месеци” поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Согласно наведеното, а со цел постапување по вака донесеното решение, од страна на началникот на Секторот за внатрешни работи Битола бил доставен предлог бр.23.22/4219 од 21.08.2024 година Ердал Рамадан да се врати на работното место командир во ПО Ропотово (со прилог доставено барање бр.23.11.3-4444 од 16.08.2024 година од именуваниот), при што од страна на министерот за внатрешни работи е донесено решение бр.23.6-94754/1 од 06.09.2024 година со кое Ердал Рамадан е вратен на работа во Министерство за внатрешни на работно место

Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи командир на Полициско одделение Ропотово, ПС од ОН Прилеп при СВР Битола, сметано од 26.03.2024 година.

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Панче Тошковски

Подготвил: м-р Милијана.С.Ѓошевска Контролирал: Емилија Ш.Митев Согласен: Весна И.Наумовска Одобрил: м-р Анета Златаревска

Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија

Ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk

Сите пратенички прашања