О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Благодарам претседателе. Благодарам на прашањето почитувана пратеничке. Прашавте какво е чувството на министерот за внатрешни кога слуша, гледа после 30 и кусур години во оваа наша убава држава, какво е чувството кога слуша и гледа на еден спортски натпревар една навивачка група кога навредува, вреѓа, колне, пцуе, плука по еден етникум во Македонија. И обратно, кога друга навивачка група навредува, колне, пцуе, плука и така натаму. Гадно е чувството. Многу е гадно, многу е лошо и навистина ми е многу криво што изминативе 20 и повеќе години кога вие сте антиципирале во рамки на власта во Македонија не сте сториле ама апсолутно ништо за да денеска после 20 години од ваше учество во ваше учество во власта повторно го имаме она кое што го имаме кое не сакаме да го гледаме, не сакаме да го слушаме, а се случува. И да, дали е тоа пораз на едно демократско општество? Да, е. дали таквите настани ги има насекаде во свет на сите фудбалски утакмици? Да, ги има. И сега што прават нормалните демократии и нормалните држави на ваков тип на инциденти? Одговараат соодветно, како што одговараме и ние. И навистина верувајте ми дека доколку во минатото на провокации, незаконски дејствија, фрлање на знамиња, палење на знамиња, дали се тоа македонски, албански српски и така натаму, било одговорено од страна на институциите како што одговоривме ние претходната година. Неселективно и еднакво спрема сите и за секој еден за кој што обезбедивме докази се најде таму каде што се најде, а при тоа беше процесуиран со соодветна кривична постапка верувајте ми дека после 20 години доколку така се постапувало и во минатото денеска немаше да бидеме на ова дреџе на кое што сме при констатирање на навреди, ароганции, еве најблаго речено навреди и ароганции, од страна на навивачка група на фудбалски групи. Доколку и во изминатите 30 и повеќе години не селективно, соодветно било реагирано од страна на сите институции, не само од страна на Министерство за внатрешни работи. Од страна на сите институции кои што имаат надлежност да констатираат и реагираат соодветно на ваков тип на предизвици, денес немало да бидеме на ова дереџе на кое што сме. Но, факт е дека во изминатата година покажавме дека можело и поинаку да се постапува. Можело и Македонци кои палат албанско знаме да бидат предмет на кривичен прогон. Ама можело и Албанци кои палат македонско знаме да бидат предмет на кривичен прогон. И исто така трети припадници на етничка група кога палат српско знаме исто така да бидат предмет на соодветен прогон. И кога така се постапува имаме надеж дека за 20 години од сега државата ќе може соодветно да одговори а при тоа граѓаните ќе знаат дека ќе имаат соодветен институционален одговор и се надевам дека се помалце и помалце ќе се впуштаат во ваков тип на гадурии, ако јас се прашувам. Ама за тоа треба континуирано, посветено, не селективно, макотрпно да се пристапи од страна на сите институции и од вас пратениците. И вие пратениците кога отварате вакви прашања, кој што апсолутно ве поддржувам и се значајни за нашето општество, треба да имате соодветен став, еднаков став спрема сите етникуми и навивачки групи. И сега само пример ќе ви дадам. Доколку истово го сторевте кога имаше утакмица, а каде што други навивачки групи навредуваа друг етникум во Македонија и го поставевте прашањето пред сите овде и се боревте и за тие и за Македонците, и за Србите, и за Ромите и за Власите и за Бошњаците како што се борите за Албанците верувајте ми дека денес немаше да сме на ова дереџе на кое што сме. Затоа што не се гледа искреност во вашиот пристап за разлика од нашиот пристап каде што ние делуваме еднакво и соодветно спрема сите без оглед на кој од која религија е, кој од кој етникум е, кој од која и каква припадност има во било која општествена сфера. Кога сите ние ќе имаме таков пристап, кога вие ќе се борите и за Македонците како јас што се борам за Албанците, верувајте ми дека за многу кратко време, тоа нема да бидат 20 години, можеби тоа ќе бидат неколку години, но за многу кратко време нашите македонски граѓани каде што влегуваат сите и Албанците, и Македонците, и Турците, и Власите, и Ромите, и Србите и сите останата и Бошњаците ќе имаат многу поинаков пристап спрема сите предизвици кои што ни се случуваат во ова наше, пак ќе повторам, убаво општество. Затоа што јас сметам дека сите ние сме убави луѓе кои што живееме во многу убава држава. Само треба малце поинаков пристап да имаме кон работите. Ако имаме искрен и посветен пристап еднакво спрема сите тогаш се помалку и помалку ќе ги поставуваме овие прашања кои што вие ги поставувате овде денеска. Ве охрабрувам да продолжите понатаму да отварате теми кои што се од интерес на граѓаните, ама за сите еднакво. За сите еднакво. Ви благодарам. Се извинувам само. Во врска со конкретниот случај Министерство за внатрешни работи постапува, идентификува сторители, прегледува докази и ќе постапи соодветно во рамки на доказите кои што ќе ги обезбеди. Ви благодарам, да не испадне дека не сум ви одговорил за конкретниот настан.