
Миле Талевски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Македонската јавност сведочи на скандалозното однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој наместо на работа, јавноста го гледа на патување низ Тајланд и Азија. Додека Владата молчи, а граѓаните сфаќаат. Со месеци не присуствува на владини седници, со месеци не дава отчет пред јавноста, со месеци не се појавува таму каде што треба да ја извршува функцијата за која зема плата од граѓаните. Го нема ни во Собранието каде треба да одговара на прашања од самите народни избраници. Но, покрај тоа, се плаќал од страна на граѓаните, функцијата си ја ужива, фотографиите од Бангкок се тука и еве, македонската јавност ги има видено, еве министре и вие да ги видите. И денес граѓаните со прави прашуваат, дали законите во оваа држава важат за сите или само за обичниот народ. Секој кој не е функционер не би бил вака толериран на работното место. Секој во ваква ситуација би добил отказ. Но кога вицепремиер со месеци не оди на работа тогаш очигледно се е дозволено. Тој понатаму зема целосна вицепремиерска плата и ги користи сите бенефиции на функцијата, иако со месеци не е присутен на своето работно место. Особено срамно што човек кој треба да биде, замислете, лице за добро владеење, отчет од институционална култура, стана симбол за неодговорност, ароганција и потценување на граѓаните. Затоа јавноста има право да знае, дали Арбен Фетаи и понатаму користи полициско обезбедување од Министерството за внатрешни работи, иако фактички не ја извршува функцијата. Колку полициски службеници се ангажирани за негово обезбедување. Дали припадници на МВР патувале со него во Тајланд и други азиски држави. И конечно, дали Владата и МВР сметаат дека е нормално граѓаните, кои едвај преживуваат во услови на инфлација, сиромаштија и милијарди задолжувања, да плаќаат обезбедување, службени привилегии и луксуз за функционер, кој очигледно повеќе време поминува на егзотични дестинации, отколку на своето работно место. Затоа граѓаните денес бараат одговори, господине министер. Дали МВР е институција што треба да ги штити граѓаните или приватен сервис за функционерите кои не работат, уживаат привилегии на товар на народот. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не ароганција и потценување. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за внатрешни работи.