Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Муса праша за довербата во ИПАРД, заменик-министерот најави продолжување на програмата

Резиме

Пратеничката Мимоза Муса праша дали ИПАРД функционира транспарентно и дали земјоделците можат да аплицираат со доверба, како и кои мерки се преземаат за нејзино зајакнување и за поголем опфат на земјоделците.

Заменик-министерот одговори дека проверките на терен опфатиле над 70% од апликациите и дека неправилноста била изолиран случај, а не системски проблем. Тој соопшти дека на 28 април 2026 година била укината суспензијата на исплатите, кои, како што рече, започнале, а потпишувањето нови договори и разгледувањето нови апликации ќе продолжат. Најави дополнителни контроли и план за дејствување, а посочи дека административните постапки се мониторираат на секои два месеци од Европската комисија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Мимоза Муса

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Мимоза Муса, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Во последниот период сме имале многу информации и дискусии кои создадоа нејаснотии кај земјоделците. Ова е загрижувачки бидејќи довербата е главен елемент за секоја инвестиција. Земјоделецот не инвестира во несигурно време, тој инвестира каде што има доверба. ИПАРД програмата е значајна можност за развојот на земјоделскиот сектор и за приближување со европските стандарди. Затоа, секоја нејаснотија во врска со функционирањето на ова директно влијае во одлуките на земјоделците да инвестираат. Загрижувачки се званичните информации, не се констатирани, значи, да го отфрлиме ова, фондовите се присутни тука, значајни се, можат да помогнат, но оваа информација треба да се врати во сигурна информација за тие кои добиваат на терен. На крај на денот, земјоделците немаат потреба само гаранција, писмена гаранција, туку систем кој јасно функционира и без попречености. Затоа и моето прашање за заменик министерот за земјоделие, господин Хоџа е следно. Дали може да ни потврди дека ИПАРД системот функционира транспарентно, со доверба и земјоделците може да аплицираат за нивните инвестиции. Исто така, кои се конкретни мерки кои се преземаат за да се зајакне довербата и да се зголеми опфатот на земјоделците во оваа програма. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Мимоза Муса, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благодарам. Почитувани пратеници, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Почитувана пратеник Мимоза Муса, ви благодарам првично за поставеното прашање, кое е со големо значење бидејќи директно задира во довербата на граѓаните во институциите и безбедноста на земјоделците да инвестираат во нивната иднина. ИПАРД освен што е една финансиска програма е добра можност, добра европска можност за модернизација на земјоделството и руралниот развој. Затоа, секоја нејаснотија која може да ја намали довербата кај земјоделците треба да се добро третира. Вистина е дека во јавноста имаше загриженост во врска со интегритетот на овој процес и кога сме овде тоа што ја прави разликата помеѓу една држава која пропаѓа и една држава која функционира, значи реакцијата и тука треба да се истакне дека институциите ре4агираа, постапките се проверија и денешната порака за нашите земјоделци е јасна. Системот функционира, фондовите се безбедни и поткрепата, европската помош за земјоделците продолжува. Треба да истакнам, од моментот кога беа првите сомнежи во врска со овој случај, ние не ја скривме главата, значи не се скривме како претходните влади. Не, не заштитивме ниту една личност, кое беше карактеристика за претходната Влада, но реагиравме со контроли, многу ригорозни контроли со цел да се врати довербата во институциите. За транспарентност во ова Собрание, сакам да истакнам, од моментот на констатирање на неправилност во ноември минатата година, ние сме презеле ригорозен процес на верификација, немаше само изјави, туку извршивме административни проверки на терен на над 70% на сите апликации на актуелните програми за ИПАРД. Оваа детална контрола кажа дека неправилноста беше изолиран случај и не беше системски проблем со Агенцијата за поткрепа на земјоделството. Ова беше главната причина зошто европската комисија, откако ги виде нашите извештаи, даде зелено светло за продолжување на Програмата. На 28 април 2026 година, националниот координатор за авторизација ја тргна одлуката за суспендирање на исплатите и ова за нас ќе истакне дека Брисел, значи не ни дал само една дозвола за плаќање, туку ни дал и еден вид на сертификат за доверба. Ова ќе каже дека денес исплатите се почнати, сите земјоделци кои имаат активни договори и реализирале инвестиции, ќе ги земат тие, значи, ќе ги земат нивните финансиски средства без доцнење. Нови договори ќе се потпишат, процесот на изгласување на новите апликации ќе продолжи нормално. Ќе има дополнителна контрола. Имаме еден план за дејствување за зголемување на административните постапки кои се мониторираат на секои два месеци од Европската комисија. Почитувана пратеник, нашите земјоделци не треба да имаат дилема, ние гарантираме дека системот е стабилен и транспарентен. Сме ги зголемиле филтрите за контрола за да обезбедиме секое евро од Европа да оди директно кај фармерот и агро бизнисменот кој работи чесно. Ги повикуваме сите земјоделци да аплицираат и да имаат доверба. Овој процес кој го поминавме на верификација го засили нашиот систем. Земјоделството е нашиот приоритет. Благодарам.

Сите пратенички прашања