Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Муртезани: Уставните измени ќе се поднесат кога ќе има сигурност дека нема бугарско вето

Резиме

Пратеникот Горан Мисовски го праша министерот за европски прашања Орхан Муртезани дали ВЛЕН ќе ја напушти Владата, откако уставните измени не беа донесени до крајот на декември, и дали коалицијата ќе го исполни претходно најавеното. Мисовски оцени дека земјата заостанува во европските интеграции во споредба со Албанија.

Муртезани одговори дека не рекол оти ВЛЕН ќе ја напушти Владата ако нема уставни измени до крајот на годината и дека коалицијата не влегла во Владата со таква закана. Тој рече дека Владата работи на решение и дека уставните измени ќе бидат доставени до Собранието кога ќе има сигурност дека нема да следува бугарско вето; рокот, според него, не е пресуден.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Горан Мисовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Горан Мисовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван Муртезани, по вчерашното обраќање на претседателката на Македонија станува јасно дека Република Северна Македонија се оддалечува од европските интеграции. Најверојатно ќе останеме некаде на маргините, а Албанија гледате како сигурно чекори напред кон европскиот пат. Господинот Изет Меџити, господинот Таравари, а и вие имам неколку изјави ваши децидно изјавувавте дека уставните измени ќе се случат до месец декември. Таравари велеше декември-јануари, Изет Меџити велеше до декември, а вие бевте многу поголем оптимист и од другите двајца ваши коалициски партнери и велевте или до декември или ја напуштаме Владата. Господине Муртезани моето прашање до вас: Бидејќи сега сме декември, месецот е пред крај, уставни измени немаше. Дали ВЛЕН како коалиционен партнер во Владата на ВМРОДПМНЕ, на чело со претседателот господинот Мицкоски ќе ја напуштите Владата? Дали ги изигравте чувствата и ветувањата на Албанците во контекст на она што пред малку го говорев? Албанија оди напред кон европските интеграции, ние остануваме на маргините. Ќе имате ли доблест да си го испочитувате тоа што сте го ветиле на вашите граѓани. Дали ВЛЕН, бидејќи очигледно нема да има промена на Уставот до крајот на декември, ќе видиме во јануари иако за таа процедура се потребни повеќе од два до три месеци, вие ќе ја напуштите Владата?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Горан Мисовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Почитуван господине Мисовски, не знам кој ги преведува изјавите кои што јас ги давам, јас и на македонски јазик имам изјавено дека никогаш не сум велел дека ако нема уставни измени до крајот на годината ние ќе излеземе од Владата. Ние кога ја создадовме оваа Влада не го направивме тоа со една нога надвор, една нога внатре, не со уцени дека ние ќе ја напуштиме Владата. Кога ве слушнав вас за тоа дека ние остануваме назад и дека Албанија оди напред и дека уставни измени нема да има и европската иднина е во знак на прашање се остава впечаток дека откако е дојдена новата Влада ние сме го блокирале патот кон Европската Унија. И вие сте ги отвориле сите поглавја и ние само сме биле тие што го саботираме овој процес. Значи ова не е вистина. Разликата во пристапот кое што ние го правиме од тоа што е направено до сега на место ова да се стави во една стратегија на пијар и само за да биде така ние секогаш сме велеле дека со ова прашање ние нема да направиме пијар, но ќе се обидеме да изнајдеме решение. Новата Влада работи за изнаоѓање решение. Ова го имаат потврдено сите претставници од Петер Лајн и американските претставници кои што не посетиле и Владата на Македонија не е само декларативна изјава, туку тие работат сериозно. Не е значајно тоа колку месеци ќе трае тоа, но ние кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието, тогаш тоа ќе биде само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници. Не е многу значајно тоа со рокови, тоа за мене лично како што го водам ресорот за евроинтеграции и сум присутен во сите тие средби за да изнајдеме решение, решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процес.

Сите пратенички прашања