Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати прашува за содржините за турската заедница во програмата по историја

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша кои се причините за наводното изоставување содржини за историскиот континуитет и придонесот на турската заедница во новата програма по Историја за седмо одделение. Побара и информации за инклузивното претставување на заедниците, формирање стручна комисија, ревизија на програмите и учебниците и консултации при изработката на програмата.

Министерството за образование и наука одговори дека програмата за седмо одделение опфаќа средновековен период пред походот на Османлиската империја и нејзиното доаѓање на Балканскиот Полуостров. Според Министерството, хронолошкиот континуитет ќе се запази со сукцесивно воведување програми за осмо и деветто одделение, а придонесот на турската и другите етнички заедници ќе биде прикажан во програмите и учебниците за тие одделенија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија:

1. Кои се причините за исклучувањето на содржини кои го прикажуваат историскиот континуитет и придонесот на турската заедница во изградбата на македонското општество низ вековите во новата наставна програма по Историја за VII одделение (бр. 12-1900/4 од 29.1.2025 година)? 2. На кој начин Министерството за образование и наука планира да обезбеди балансирано и инклузивно прикажување на сите етнички заедници во наставните програми по Историја, вклучувајќи ја и турската заедница која историски има значаен придонес во нашата држава? 3. Дали Министерството планира да формира комисија составена од историчари и експерти од сите етнички заедници која ќе обезбеди балансиран пристап во пишувањето на наставните програми и учебници? 4. Во кој временски рок планира Министерството да ги ревидира постоечките наставни програми и учебници со цел усогласување со уставните вредности за мултикултурно општество и почитување на етничките, културните и јазичните различности? 5. Дали Министерството ги консултираше претставниците на турската заедница и другите етнички заедници при изработката на наставната програма по Историја за VII одделение, и ако не, зошто овој инклузивен пристап не беше применет?

Со оглед на фактот дека турската заедница е трета најголема етничка заедница во Република Северна Македонија со вековно присуство и значаен придонес во историјата и културата на нашата држава, сметам дека нејзината соодветна застапеност во наставните програми е од исклучителна важност за одржување на мултикултурниот карактер на нашето општество и градење на заедничка иднина.

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје, 22.04.2025

Сали Мурати Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

Република Северна Македонија Министерство за образование и наука

Датум 2.5.2025 година

До: Собранието на Македонија, одговор на прашање од пратеникот Сали Мурати

Врска: допис со ваш архивски број 08-2334/2 од 23.4.2025 година, пристигнат на 24.4.2025

Почитуван пратеник, г-дин Мурати

Во врска со вашите прашања по однос на наводно исклучување на наставни содржини од кои го прикажуваат историскиот континуитет и придонесот на турската заедница во изградбата на македонското општество низ вековите, од наставната програма по Историја за седмо одделение, Ве известуваме за следното:

Со наставната програма по предметот Историја за седмо одделение е опфатено изучување на периодот на средниот век, пред походот на Осмалиската империја и доаѓањето на Балканскиот полуостров. Додека, хронолошки континуитет на историските случувања поврзани со Македонија ќе биде запазен со сукцесивно воведување на наставните програми во осмо и деветто одделение.

Турската заедница, како и други етнички заедници има важен придонес во градењето на македонското општество и секако, тоа ќе биде прикажано во наставните програми и учебници во посочените погорни одделенија во основното образование.

Со почит,

Министерка за образование и наука Проф. Д-р Весна Јаневска

1 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk

Сите пратенички прашања