Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати праша за застапеноста на Турците, премиерот најави закон

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша дали премиерот е запознаен со, како што ја опиша, недоволната застапеност на турската заедница во јавната служба и побара став од Владата и конкретни мерки со рокови и мерливи резултати. Повикајќи се на извештајот на Народниот правобранител за 2024 година, Мурати наведе дека застапеноста е 2,1 отсто и дека во 875 институции нема вработен, раководител или именувано лице од турската заедница. Тој ја оцени состојбата како системска и продолжена дискриминација.

Премиерот одговори дека наскоро во собраниска процедура ќе влезе закон за кој рече дека ги вклучува забелешките на Венецијанската комисија. Според него, прв критериум ќе бидат стручноста и компетентноста, а потоа ќе се разгледува прашањето за застапеноста. Тој ги охрабри припадниците на турската заедница да аплицираат во јавната администрација и рече дека е подготвен да разгледа предлози за дополнителни механизми, но не посочи конкретни рокови или мерливи цели.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван премиер уставниот Амандман 6 претставува темел на нашата демократија и мултиетничка држава. Овој амандман не е само формална одредба која е основ на една правна држава, гарант на уставноста и услов за европската иднина на нашата татковина. Принципот на правична и соодветна застапеност во јавната служба не е привилегија почитуван премиер, туку основно уставно право на секоја заедница. Оваа вредност е воведена во нашата држава со цел да се обезбеди рамноправно учество на сите заедници во јавниот живот и институциите на државата, како одговор на историските не еднаквости и потребите за градење на инклузивни општество. Функционира како механизам за заштита на помалобројните заедници, обезбедувајќи им власт и учество во процесот на одлучување и креирање на политики. Но што е реалната состојба почитуван премиер? Според официјалниот извештај на Народниот правобранител доставен до Собранието, веќе имаме сите пратеници увид на извештајот за 2024 година турската заедница која претставува 4% од населението на нашата држава остварува учество само со 2,1% застапеност во јавната служба. Ова значи дека Турците го остваруваат своето уставно право 55,7% во нашата држава. Бројките се шокантни почитуван премиер. Од 875 институции од вкупно 1250 институции кои дадоа извештаи до Народниот правобранител, тоа е 70% од државните институции, од јавните институции немаат ниту еден вработен од турската заедница, ниту раководител, ниту избрано и именувано лице од турската заедница. Значи ниту еден од 875 јавни институции, а дефицитот изнесува според над 2000 вработени од турската заедница. Можеби ќе бидеме по способни од сите други и да допринесува за развојот на нашата татковина. Ова е според мене системска и продолжена дискриминација која не е само вина на оваа Влада која трае 23 години. Цела една генерација на Турци се исклучени од својата држава. Па почитуван премиер ви поставувам конкретно прашање дали сте запознаени со оваа алармантна состојба за кршење на уставниот амандман 6. Не е закон, уставниот амандман. Каков е ставот на вашата Влада кон оваа 23 годишна и системска и продолжена дискриминација на турската заедница? И најважно што конкретно со јасни рокови и со мерливи резултати ќе преземе Влада да си го спроведе уставниот амандман 6 и да се обезбедат повеќе од 2000 недостасувачки работни места на турската заедница? Јас се обратив писмено со еден голема анализа до Владата за оваа работа, но и за ова се уште не сум добил одговор. Барам децидни и издржливи одговори согласно Деловникот. Благодарам на вашето внимание.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 04 март 2026 година Благодарам претседателе. Прашањето се однесуваше на правилната застапеност на етничките заедници во рамките на јавната администрација. Многу скоро од денеска, можеби деновиве, ќе влезе во собраниска процедура законот кој што ги помина филтрите и на Венецијанската комисија. И забелешките се од Венецијанската комисија се вклучени во рамките на законот. се надевам дека и очекувам дека пратениците ќе дадат поддршка за овој закон кој што според наше длабоко убедување, но и според тоа што го кажа Венецијанската комисија прво е во согласност со сите меѓународни стандарди. А второ, очекуваме да немаме проблеми со уставноста како што тоа што се случуваше со некои минати законски решенија. Па така очекува Македонија сите пратеници во Парламентот да го поддржат овој закон каде штоп прв критериум ќе биде стручноста и компетентноста, а дури потоа ќе зборуваме за она за кое што вие го поставивте прашањето. Бидејќи на тој начин со стручноста и компетентноста само се дава одговор на сите оние би рекол скептици, но и луѓе кои што се загрижени, а од друга страна се лицемерни и се трудат на оваа тема да имаат потпалувачки говори. Реторика која што не одговара на 21 век, посебно не одговара на 21 век во држава која што пледира наскоро да биде дел од Европската Унија и е дел од НАТО Алијансата. Јас апсолутно ги охрабрувам граѓаните кои што се дел од турската заедница, дел од турскиот народ во нашата земја да аплицираат во рамките на државната и јавната администрација. Апсолутно сме покажале и докажале како Влада дека тука немаме никаков проблем. Напротив, образованието на мајчин турски јазик го поттикнуваме, го поддржуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме. Турската заедница во Македонија е дел од идентитетот на нашата заедничка македонска нација. Турската заедница во Македонија е ценета заедница. Чесни граѓани, граѓани кои што апсолутно си ја почитуваат својата татковина Македонија, но исто така имаат и нераскинливи врски со Турција. Јас апсолутно тука немам никаква дилема, туку напротив, ја имаат мојата поддршка и ќе бидат дел од моите приоритети и мојата оптика. Така што би ве замолил да бидете спокоен. Граѓаните како претседател на Владата плидирам да бидам претседател на сите граѓани, вклучително и на турската заедница, односно на дел од турскиот народ. Така што апсолутно доколку имате било каква сугестија за некој дополнителен механизам кој што ќе го подобри квалитетот на апликантите или пак ќе стимулира повеќе апликанти во рамките на државната администрација јас би бил навистина среќен и ви стојам на располагање да тие предлози ги добијам. Но она кое што за мене претставува предизвик, а претпоставувам и за сите нас претставува предизвик е да мотивираме што е можно повеќе луѓе да се пријавуваат на тие конкурси во јавната администрација. За жал се помалку имаме мотивирани луѓе кои што би се пријавиле на тие конкурси. Во минатото во одредени институции сме биле сведоци на девијантно однесување. Луѓе кои што фигурирале на платни списоци, а не оделе на работа. Луѓе кои што фигурирале на платни списоци, а биле долго време отселени од државата. Или пак имало и такви случаи кои што биле за жал и починати, а сепак добивале плата од државата. Се надевам, односно да бидам по прецизен сум сигурен дека е тоа минато време и дека сите ние заедно ќе работиме за интересот на нашата заедничка татковина Македонија. А што се однесува, ќе повторам, турската заедница апсолутно ја има мојата поддршка и доколку имате било каков предлог ви стојам на располагање заедно да го разгледаме. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања