
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање се однесува до министерот за образование, почитувана министерка за образование, до сега и вам сум ви поставил повеќе прашања за проблемите во образованието на турскиот јазик, во основните и средните училишта, од отворање на паралелки, обезбедување на книги и потребна литература, до недостаток на наставнички кадар на турски јазик. Ги знаете овие проблеми, сте запознаени со проблемите, бидејќи добивам од вас одговори со сите 102 на системот, ова не е проблем настанат во времето на вашата Влада, морам да признам, тоа е еден пола вековен проблем, тој системски и континуирано се акумулира со години наназад. Особено е загрижувачки состојбата на наставничкиот кадар во паралелките на турски јазик. Најконкретен пример беше средното училиште во Радовиш каде во осум паралелки од турската заедница од десетици професори што треба да бидат, само еден единствен професор за осум паралелки за четири години, предава само турски јазик и литература. Поднесов барање до Државниот просветен инспекторат, до општина Радовиш, до Слободен пристап на информации, имам документи каде отворено 25 години се повредува уставното право - гарантирано образование на мајчин јазик. Но остана тука, поднесов до Комисија за дискриминација предлог за утврдување на дискриминација и до преставка до Народниот правобранител. Знаете и вие дека за прв пат во нашата држава по 35 години благодарение на пратеникот Сали
Мурати се утврди јазична дискриминација на турската заедница во мојата татковина. Па прашувам вака, каков е планот на Министерството за решавање на констатираниот недостаток на наставен кадар на турски јазик со јасни дефинирани мерки, кој е комплетниот рок во кој Министерството планира овој недостаток да биде отстранет, какви динамики на спроведување по фази, по училишта и по временски период, кои конкретни училишта се опфатени со преземените или планираните активности, знаеме дека состојбата не е изолирана, како во Радовиш, во гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, основното училиште во Струмица, гимназија во Гостивар, Кичево, Центар Жупа, Струга и Ресен. Дали и кога Министерството ќе постапи согласно со наодите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, вие имате обврска да постапувате по ова, а 20 години, знае македонската јавност, од страна на директорите и подрачните служби во Министерството за образование, не се отвораат конкурси за вработување на Турци во средното училиште во Радовиш, тоа пишува во пресудата. Благодарам на вашето внимание.