Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Муцунски: Учебници не биле испратени во Софија на одобрување

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил праша врз која основа учебниците за петто и шесто одделение биле испратени во Бугарија на одобрување и дали тоа е поврзано со билатералните договори, францускиот предлог или протоколот потпишан во Софија. Тој ја критикуваше и работата на комисијата за историски прашања.

Во одговорот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија рече дека ниту учебник ниту друг документ бил испратен во Софија на одобрување и ги нарече таквите тврдења дезинформација. Тој додаде дека комисијата треба да работи слободно и независно, врз основа на историски факти и научни сознанија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И второ што сакам да прашам, господине Муцунски по коj основ вие ги пративте на цензура учебниците за 5-то и 6-то одделение во Бугарија. Дали тоа беше по основ на бугарскиот договор што го потпишавте од времето. Дали по основ на Францускиот предлог кои што беше усвоен тука, дали по основ на вториот протокол кои што Бујар Османи го потпиша во Софија. По кој основ вие конкретно, овие учебници ги пративте на аминување во Република Бугарија. Да ве потсетам дека пред да двете на власт ги негиравте буквално сите овие договори. Од бугарскиот договор, францускиот предлог и двата протоколи кој што беа потпишани од Бујар Османи. За сега истата таа комисија за која што зборевте и фрлавте дрвја и камења за сега не да ја укинете туку едноставно да ја надградите и само да ги смените со ваши луѓе. Значи што се случува по ова прашање во односите помеѓу Република Бугарија и Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Во суштина и првото и второто прашање беа длабоко поврзани, но ете уште еднаш експлицитно да одговорам бидејќи зборуваме пред поширока јавност. Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Сакам да биде јасно пред целата македонска јавност. Нашите државни институции ништо не пуштиле. Ни учебник, ни документ во Софија на таканаречен амин. Лесно е да ги парафразирате работите такви како што велите дека се, но тоа е невистина, неточно, не се случило такво нешто. И на крајот на денот времето покажува дали јас лажам или дали вие не ја кажувате вистината. Затоа што целосно се сеќавам како вие претставници на вашата политичка партија пред година и половина велеа само да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт наредниот месец ја почнува постапката за промена на Уставот. Дали имате или немате напишано така? Реторичко е прашањето, јас одговарам пред вас, не вие пред мене. Но имате пишувано така, еве јас ви кажувам. И повторно ќе пишувате еве ги готово само што не седнаа да се договорат. Да, точно е дека ние треба да имаме дијалог со сите наши соседи. Да, точно е дека треба да работиме на затварање на сите отворени прашања. Но да, точно е дека тоа не смееме и немаме право да го правиме по секоја цена и на штета на нашите национални интереси. И повторно ќе ви кажам целосно верувам дека професорот Ѓеоргиев заедно со неговиот тим знаат како треба да функционираат, а тоа е слободно, независно и врз основа на знаењата и фактите кој што тие ги имаат на располагање. И тоа ќе биде комисија која што долги години ќе работи и нема да може да постигне заклучок ќе дискутира, ќе дебатира по однос на одредени прашања и природно ќе има развој на настаните кој што можеби нема да биде секогаш на задоволство на другата страна. Но тие дискутираат врз основа на факти историски и врз основа на нивните научни познавања. И знам дека би биле најсреќни да се докаже дека вашата поставен теза е точна. Дека ВМРО-ДПМНЕ е попусливо во делот на надворешната политика, дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка. Но ете набројте една, една отстапка од таква природа што е направена во последните години. А повторно ќе кажам на секоја седница на пратенички прашања кога сум присутен во државата, сум присутен и тука во Собранието и кога има прашања насочени кон мене се обидувам да го одговорам. И ќе повторам уште еднаш верувам дека не сте координирани со историчарите во Софија и еве во добра верба настапувам спрема вас. Но случајноста е таква во истите неколку дена и од Софија и од вас добивам многу слично прашање.

Сите пратенички прашања