Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Муцунски: Нема писмо до партнерите за оваа состојба

Резиме

Халил Снопче го праша министерот Тимчо Муцунски што содржи писмото за кое, според Снопче, Владата ги информирала партнерите на НАТО и Европската Унија дека албанската опозиција преку студентите сака да ја дестабилизира државата. Побара да дознае и до кои држави било испратено писмото и врз што се засновале обвинувањата.

Муцунски одговори дека не постои писмо од државните институции до партнерите за оваа состојба. Наведе дека со партнерите се комуницирало за различни внатрешнополитички теми, а дека е природно со нив да се споделуваат информации за наративи што, според него, се создаваат во земјата и во други држави од регионот. Тој оцени дека дејствувањето на опозициските субјекти има за цел да ја наруши внатрешната кохезија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е до Тимчо Муцунски. Господине министер имавте една изјава која што протестите на албанската опозиција преку студентите сакаа дестабилизација на државата. И како последица Владата на Република Северна Македонија упати писмо на нашите партнери на НАТО и на Европската Унија информирајќи за оваа тенденција на опозицијата на Албанците дека преку студентите сакаат да ја дестабилизираат државата. значи ова е едно големо обвинение. Ова го кажа и премиерот. Да ве потсетам дека имавме изјава од премиерот. И јас како дел од опозицијата ме интересира многу бидејќи два пати сум учествувал на тие протести и давајќи им поддршка мислејќи дека е едно легитимно прашање, едно барање врз основа на Уставот и законите. Сакам да знам и другите пратеници сакаат да бидат информирани. Затоа е директно прашањето што содружува тоа писмо и каде ги земавме тие обвиненија врз основа на што се тие обвиненија. Бидејќи ова писмо е упатено преку Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ги информира нивните колеги дека Албанците сакаат дестабилизација. Ме интересира што содржи тоа писмо и до кои држави е упатено тоа писмо. Мислам дека имаме елементарно, легално и легитимно право да имаме информација околу ова. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Господине Снопче заедно сме служеле во ова Собрание и ве ценам како човек кој што не импровизира. Се случува да не се согласуваме со многу работи, но ве ценам како човек кој што не импровизира. И морам да ви кажам за вакво нешто сте можеле да ме прашате и директно да ви кажам дека писмо од нашите државни институции кон нашите партнери по однос на оваа состојба не постои. Значи нема такво нешто. Дали ние сме комуницирале по однос на различни теми поврзани со внатрешно политичките состојби со напите партнери, да. И дали јас како министер имам информации и сум лично убеден дека дејствувањето на опозициските субјекти имаат за цел да ја наруши внатрешната кохезија во државата, врз основа на измислени состојби, да. Најдобрите одговор ви го даде претседателот на Владата. сте дел од коалиција кое што ова прашање ради кое што протестирате сте можеле да го решите. Сте имале години и години во мандат на една власт каде што сте можеле да го решите прашањето заради кој што одлучувате да протестирате. Или лицемерно е да вие излегувате на протести да организирате протести. И да, да вмешувате интереси на други земји од регионот во тие процеси. И тоа многу јасно знаете дека го правите. И наративите кои што ги градите се такви и злоупотребата на младите луѓе е таква. И многу добро ви кажа и претседателот на Владата, но дозволете ми да ви повторам. Срамно е да се одржи протест за право во оваа држава без државното знаме. Тоа е навреда за сите овие луѓе кои што седат тука. навреда за еден цел систем. И ако вие сте учествувале во тој процес сте можеле вие да биде тој што ќе земе, со максимална почит доколку сакате да се изразите со албанско знаме, ваше право, но вие сте можеле да бидете баш тој пример да земете и вие македонско знаме во рацете ако ви била намерата чесна. И жално е што одредени поединци, субјекти и во оваа земја и во регионот точно е тоа се обидуваат да ги инструментализираат тие процеси, а инструментализацијата потекнува токму од тие кои со години свесно не ги решаваат. И тоа е барем фер да им го кажете на сите оние студенти кои што протестираа. Доаѓаме на протести со вас но со години ние бевме тие кои што не го решија проблемот. Тоа е реалноста. И вие знаете дека е таква реалноста длабоко кога ќе се погледнете навечер, кога ќе зборувате знаете дека тоа е состојбата која што ја имаме во државата. Дали јас како министер имам информации и сум свесен и ќе повторам за создавање на наративи не само од оваа држава, туку и од други држави во регионот, да. И дали тоа го споделуваме со нашите партнери? Природно е тоа да го споделуваме со нашите партнери. Но дали постои писмо како што вие зборувате такво писмо одговорно ви тврдам, а институционалната меморија на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија тука е да ви докаже дека такво писмо не постои.

Сите пратенички прашања