Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Златеска праша за цените на горивата и продолжување на мерката за ДДВ

Резиме

Пратеничката Бисерка Златеска побара споредба на цените на бензините и дизелот во Македонија и во регионот, како и информација дали намалената стапка на ДДВ за дизел од 18% на 10% ќе биде продолжена по 28 септември, ако кризата продолжи.

Заменик-министерот за економија и труд рече дека кризата е непредвидлива и дека мерките ќе зависат од движењето на цените на светските пазари. Тој наведе дека според податоците на министерството, цените на горивата во Македонија се пониски од оние во наведените земји од регионот. Не потврди дека мерката за намален ДДВ ќе биде продолжена, но рече дека Владата е подготвена да реагира ако има потреба.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисерка Златеска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисерка Златеска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани, моето второ прашање е поврзано со цените на горивата. И ова е тема која директно го засега секое семејство и секој дел од економијата. Знаеме дека цените на нафтата на светските пазари се зголемија, а таквите движења неизбежно се одразуваат и врз домашните цени. Во регионот се водат различни политики за справување со нафтената криза. Кога расте цената на горивото, добро знаеме дека последиците не стануваат само на бензинската пумпа. Се зголемуваат транспортните трошоци, се зголемуваат трошоците за производство, се зголемуваат трошоците на земјоделците, трошоците на превозниците. Индиректно ценовниот притисок може да се пренесе и врз производите и услугите. Токму затоа, Владата презеде конкретна мерка за ублажување на ценовниот удар. На 13 и 14 септември беше донесена мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18% на 10% со важност од полноќта на 14 септември до полноќта на 28 септември. Целта е јасна. Да се ублажи ценовниот удар во услови на глобална енергетска криза и можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 21 септември која стапи во сила од полноќ, максималната малопродажна цена на Дизел е 104,5 денари за литар. Тоа покажува колку брзо може да се менува состојбата на пазарот. Само за Дизелот, последното зголемување беше 5,5 денари по литар. Во исто време, владата мора да ги следи и фискалните импликации од преземените мерки. И доаѓаме до суштината на моето второ прашање. Актуелната мерка за намалување на ддв на Дизелот од 18% на 10% има рок. Тоа е 28 септмеври, ак ризата на светските енергетски пазари, за жал, не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени. Затоа, моето второ прашање го упатувам до заменик министерот за економија Марјан Ристески. Може ли да направите споредба со цените на Дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот. И, дали доколку продолжи кризата, се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28 септември. Почитувани, не можеме да очекуваме Владата да може да ја контролира цената на нафтата на светските берзи. Ниту една влада тоа не може да го направи, но она што граѓаните го очекуваат од својата држава е навремена реакција. Очекуваат институциите да го следат пазарот, да ги анализираат последиците, да имаат подготвени сценарија и кога е потребно да преземат мерки. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза на државно нив. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисерка Златеска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за економија и труд Благодарам. Поздрав до сите присутни во салата и голема благодарност за прашањето до пратеничката. Навистина е актуелно прашање во последниов период, не само во Македонија, туку во Европа и во целиот свет. Станува збор за една од најголемите кризи, енергетски и економски кризи во поновата историја, која што енергетска криза и те како ги погодува сите држави, пред се, во снабдувањето со енергенсите, меѓутоа индиректно преку снабдувањето со енергенсите, погодена е и секоја економија во секоја држава. Во однос на видот, структурата на економијата, секоја држава трпи и различни последици. Во сето ова не и изоставена и нашата држава Македонија која има и те како кревка економија и во однос на донесени одредени одлуки и мерки од страна на ресорните министерства и Владата на Република Македонија и те како треба да внимава. Пред се, треба да се внимава во заштита на животниот стандард на граѓаните кој е главен приоритет токму на оваа Влада. Како влада на Република Македонија покажавме и докажавме дека сме кадарни и имаме капацитет да се справуваме со вакви големи економски кризи и енергетски кризи и дека можеме многу поразлично да делуваме отколку некои претходни влади, кои што навистина со нивното лошо владеење во такви кризи, направиле и тектонски пореметувања во економијата на државата кои последици и ден денеска ги чувствуваме. Инаку да напоменам дека кризата почна во март месец, трае до ден денеска и никој не е сигурен, не само во земјата, секаде во светот кога би завршила оваа криза и со каков интензитет би се одвивала истата во наредниот период. Нашите одлуки и мерки се добро анализирани, разговарани помеѓу повеќе институции, повеќе министерства и пред се, гледаме не само да го заштитиме животниот стандард како што кажав, да внимаваме на кревката економија да не предизвикаме големи последици, меѓутоа исто така да не направиме и големи финансиски импликации по Буџетот на државата, односно да не запреме со доредени големи инвестиции кои се во тек во државата, капитални проекти кои што и те како значат за развојот на севкупната економија. Тоа го покажува и растот на бруто домашниот производ и сите економски параметри во последниот период, а сето тоа на крајот значи и подобрување на квалитетот на живеење на севкупното население. Последната мерка беше намалување на ДДВ. Знаете дека претходно имавме и други мерки. Значи, намалување на акцизата која се плаќа за горивата, а последната мерка е намалување и на ДДВ и секој период различно реагираме, со цел да мерките да имаат вистински ефект. Намалувањето е секако од 18% на 10%. Инаку во бројки, ќе кажам и ќе го повторам она што го кажа и премиерот на Република Македонија, господинот Христијан Мицкоски пред една недела, така да со оваа мерка, ние на дневна основа заштедуваме од 250 до 350 илјади евра на граѓаните од нивниот џеб, односно, знаеме дека најмногу се троши нафта, Дизел и 75% од граѓаните и економијата функционираат со ова гориво. Само на тој основ заштедата е 250 илјади евра, меѓутоа, ако ги додадеме и бензините, таа заштеда би стигнала и до 350 илјади евра на дневна основа. Ако пресметаме, мерката која би траела до 28-ми, како што е Одлуката на Владата, вкупната заштеда на граѓаните и на нивниот животен стандард би било грубо отприлика, 3,5 до 4 милиони евра за овие два месеци, што не е така мала сума. Слушам и многу голем број на критики имаме од опозицијата, од разни нивни ботови по медиумите, по социјалните мрежи и така натаму. Иако имаме најниска цена на нафтата и на нафтените енергенси во Македонија, сепак викаат дека не е доволно. Меѓутоа, едно да ги потсетам и да укажам на граѓаните на Република Македонија дека нафтата има иста цена на светската берза. Сите држави, без разлика дали е тоа Македонија, Србија, Словенија, Данска, Германија и така натаму, ја набавуваат од исто место и по иста цена. Според тоа, голем успех на Владата да цената на нафтата и нафтените деривати биде најниска во Европа и во целиот регион. Исто така, да не грижат граѓаните за резервите на нафта. Ги има доволно. Така да, вратите се отворени на Македонија и за сите граѓани кои транзитираат, или кои живеат во околните држави околу Македонија да дојдат и да наточат бензин или нафта на пунктовите каде што тоа се прави во малопродажбата. И тоа е добро за државата бидејќи пак од таа страна имаме девизен прилив во Буџетот на државата од странство. Инаку споредбено, да ви кажам, на вашето прашање, дека имаме најниска цена на нафтата во регионот и пошироко во Европа. Ќе карикирам со оние податоци кои ги добивме од Министерството за економија и труд. Во Македонија литар бензин 95, оној кој најмногу се троши од бензинот, се продава за 99 денари по литат. Додека пак, на пример цената на по која се продава литар бензин 95, во Грција е за цели 30% повисока и изнесува цели 129 денари. Опозицијата ако не се уверени во ова, можат да го прашат и нивниот лидер од сенка, каква нафта и по која цена купува за неговата јахта. Исто така, следи Албанија со цена од 126 денари, за 27% повисока. Понатаму, соседна Србија со 108 денари, односно за 9% повисока. Следат Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е

107 денари, а споредбено со кај нас цената е 8% повеќе од оваа цена по која што се продава во оваа соседна држава е повисока во однос на Македонија. Црна Гора и Словенија со 106 денари, или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цена 104 денари е за 5% поскап бензинот 95. Исто така, имаме направено и анализа колку е разликата на нафтата. Дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари по литар, во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари. Па следи Грција со 126 денари, или за 20% повеќе. Потоа е Србија со малопродажна цена на Дизелот за 18,5% повеќе, или 124 денари по литар. Во Словенија дизелот се продава по 122,00 денари по литар што за 17% повисока цена од кај нас, а во Хрватска 119,00 денари односно, за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117,00 денари, односно 12% повеќе поскапа од кај нас и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од цели 116,00 денари, што е за цели 11% поскапо од дизелот кој се продава во Република Македонија. Оваа криза за жал е непредвидлива и не знаеме до кога ќе трае кризата. Меѓутоа ние сме спремни да одговориме и за понатамошниот период доколку има потреба. Интензитетот на мерките, одлуките ќе бидат во зависност од големината на светските берзи на цената на нафтата и нафтените деривати, а исто така, имаме и друг арсенал на законски можности за сето тоа го регулираме и пред се да го заштитиме животниот стандард на нашите сограѓани. И, да завршам, главен приоритет и цел се граѓаните, заштита на економијата и секако да не направиме големи финансиски импликации по Буџетот...

Сите пратенички прашања