
Јован Митрески
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е поврзано со егзистенцијата на граѓаните. Зголемувањето на трошоците на живот е предизвик за се поголем број семејства. Обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи од ден во ден станува луксуз. Од друга страна наместо мерки за реално пониски цени за прехранбените производи Владата донесе мерки, народски кажано, за мачкање очи, тотално неефикасни, односно чист популизам. Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега таа, таканаречената, помпезно најавувана новогодишна и двете најавени, секако со пијар кампањи во маркетите. На крајот цените не се намалија и тоа ги интересира граѓаните. И да потенцирам, двете мерки ги донесовте на ист начин. Првин му оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерки стапуваат на сила. Значи проверката на фактите е многу лесна и едноставна и односно може да се заклучи фактички за кого биле мерките, а тоа сигурно не биле за граѓаните. После првата есенска кошничка голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистички ако гледате и статистиката фактички регистрираше раст, раст на инфлација во месец ноември од 4,3, а раст на цели на мало 4%. Впрочем и вие министерке самата кажавте дека оваа мерка не е ефикасна, тоа го изјавивте на 10 октомври, како што кажавте, цитирам, никогаш не можам да се согласам со таква мерка. Но тоа што вие не се согласувате секако не ве иззема од одговорност бидејќи сте член на Владата, еден од министрите кои што треба најмногу треба да се грижи, од кој најмногу зависи економската ситуација во државата, она што значи фискална политика односно политика на Влада. Со втората новогодишна кошничка направивте фактички нова класична измама на граѓаните. Дозволивте трговците да ги покачат цените па, сега наводно да ги намалуваат цените без при тоа да има механизам и за контрола и за казни. Фактички класично манипулирање и потценување на граѓаните. Претпоставувам дека посетувате маркети како и секој граѓанин секако и ние како пратеници ако не сигурно добивате информации од граѓаните. Следите што е тоа што се случува, еве и јас и синојка и сабајле ги проверувам. На пример цената на зејтинот од различни компании за еден литар се движи од 92,00 до 98,00 денари а на 1ви октомври истата била 83,00 денари што значи за 2 месеци зголемена сега наводно ќе се намалува но таа во реален живот значи зголемување за 20,00 денари за 2 месеци. Цена на сирење, мешано сирење 459,00 денари иста не е променета, може сигурно добивате слика ако не ќе ви пратам да ги видите како изгледаат. Кравјо сирење, намалување 5,00 денари наместо до сега била 403,00 денари сега 398,00 денари за граѓаните не важи ништо. И, тоа да не набројувам понатака значи реалноста за измамата која што граѓаните ја гледаат во продавниците секој ден е очигледна на сите. Фактички ова ниту ги решава проблемите на граѓаните напротив ги дополнува. Затоа не ја добивте довербата од граѓаните. Моето фактички моето прашање за ова бидејќи кажавте дека не се согласувате со оваа мерка првата за есенската претпоставувам дека не се согласувате и со оваа по таа аналога и за новогодишната. Моето прашање: Зошто не го прифативте законот на опозицијата, тој што го предложивме како пратеници. За укинување на ДДВ на храната фактички да биде од 5% на нула проценти. Прашањето ми е конкретно. Зошто не го прифативте законот за намалување на ДДВ на основните прехранбени производи. Да ги повторам трите бидејќи остануваат уште 40 секунди. Првото прашање за вас е од кои други нивоа на власт планирате да соберете плус 475 милиони евра. Второто е поврзано со унгарскиот кредит во врска со договорните услуги. И, третото е поврзано со законот за укинување на ДДВ на храната.