Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Митрески праша за планираните трансфери во Буџетот за 2025 година

Резиме

Пратеникот Јован Митрески праша од кои нивоа на власт се планираат приходи од околу 475 милиони евра во централниот Буџет за 2025 година. Тој посочи дека износот значително отстапува од планираното за 2024 година и изрази сомнеж дека приходите и расходите се реално планирани, како и дека дефицитот може да биде прикажан понизок од очекуваниот.

Министерката за финансии одговори дека не ѝ е јасно на кои приходи се однесува прашањето и рече дека не постои ставка за трансфери од други нивоа на власт во централниот Буџет. Таа наведе дека приходите се прибираат преку даноци, придонеси и неданочни приходи, а растот на приходите го поврза со борбата против сивата економија. Побара Митрески да го достави прашањето писмено за да добие одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јован Митрески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, при дебатата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со Буџетот за 2025 година поставив неколку прашања, ниедно не беше одговорено, меѓутоа едно од тие прашања сакам да ги поставам и денес и очекувам дека ќе одговорите. Станува збор за приходите во делот на Буџетот кои што секако се планираат, а врз основа на нив и трошоците односно така се распределуваат по буџетските корисници. Станува збор за ставката трансфери од други нивоа на власт. Имено, во првиот Буџет, во Буџетот кој што го разгледувавме на Комисијата за финансирање, планиравте дека од други нивоа на власт, во централниот буџет ќе влезат над 15 милијарди денари или над 250 милиони евра. Во Дополнетиот предлог на Буџет, значи после 20 дена, планирате дополнителни 140 милиони евра или вкупно 475 милиони евра. Ако гледаме историски и ако гледаме тоа што е логички и реално, трансфери од други нивоа на власт е од централниот буџет кон другите нивоа на власт. Вие со овој Буџет предлагате, предвидувате дека од други нивоа на власт во централниот буџет ќе се слеат околу 475 милиони евра. Ако правиме разлика помеѓу другите буџети или претходните буџети или буџетите од претходните години, тогаш во однос на 2024 година тоа што било планирано, значи тогаш се планирало минус 334 милиони евра, односно 334 милиони евра да одат од централниот буџет кон другите нивоа на власт, сега правиме фантастична разлика од 809 милиони евра. Значи, ваква разлика со дополнет предлог и со тоа што било планирано за 2024 година е 809 милиони евра. Ако правиме разлика со претходните буџети, добиваме со Буџетот за 2025, 22-ра, добиваме разлика од над 1 милијарда евра. Ова ствара сомнеж дека приходите не се добро планирани, ствара сомнеж дека при не добро планирани приходи имаме лошо планирање и на трошоците. Ако приходите не се такви какви што треба да се, тогаш даваме можност да се ствараат долгови во буџетските корисници и на крај сомнежот кој што се јавува е дека ова се прави единствено да се прикаже лажен буџетски дефицит. Значи да не е тој реалниот што ќе се случи во 2025 година, туку се прикажува со Дополнетиот предлог Буџет на помал износ. Значи прашањето ми е прво, од кои нивоа на власт планирате да во централен буџет се слеат 475 милиони евра или 808 милиони евра разлика од Буџетот за 2024 година.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Митрески, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година Благодарам на прашањата иако морам да признам дека во однос на првото прашање навистина не разбрав ништо и никогаш не сум разбрала до сега. Кога другите нивоа на власт трансфери прават во централниот Буџет. Не ми е јасно, ќе треба написмено точно да ми се обратите, да напишете на што точно мислите а јас ќе ви одговорам. Во однос на приходите во Буџетот, зошто се зголемени. Многу јасно стои во Буџетот за 2025 година дека имаме сериозен пристап во борба со корупција и криминал односно со сива економија. Мислам дека во изминатиот период и царинската Управа и Управа за Јавни Приходи го покажуваат тоа во пракса. Значи, јас сега, нема такво нешто. Кажете ми која приходна ставка е таа каде што стои трансфери од други нивоа на власт да се внесуваат во централниот Буџет, не постои таква ставка. Значи, не може да биде трансфер од други нивоа на власт. Не се разбираме. Пишете го написмено, ќе го одговориме и ќе ви одговориме затоа што, не може да се случи некое друго ниво на власт да пушта пари во Буџетот. Може Буџетот на 630ка сметка да ги прибира парите така да, во однос на тоа немам што повеќе да одговорам. Јас кажувам, парите во Буџетот се знае по кои основи влегуваат. Имаме по основи на даноци, имаме по основи на придонеси и има неданочни приходи. Во однос на даноците знаеме кои се, знаеме како се наплаќаат, во однос на придонесите знаеме кога ги добиваме платите се распределуваат директно од Буџетот така да, повеќе во однос на тоа не знам кои ви се тие други нивоа на власт. Се знае како оди прибирањето на приходите во Буџетот. Ако мислите нешто на расходната страна, тоа е сосем друга работа. Обратете се написмено во Министерство за финансии, ќе добиете одговор по однос на ова прашање. Но, повторно. Она што можам да го кажам е дека, приходната страна се зголемува како резултат на нашата отворена борба со сива економија. Повеќе од тоа не можам да одговорам.

Сите пратенички прашања