
Јован Митрески
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, две прашања се поврзани со минималната плата и со цените на артиклите. Јас знам дека денес дадовте одговори, ги следам вашите изјави, вашите прес конференции, секако изјавите и на премиерот. Некако кога се зборува за минималната плата и она што го давате како одговор како да се прави впечаток во јавноста дека Владата не сака да дојде до одговор и зошто ова го кажа. Претходно во однос на износот на минималната плата се кажа и денес дека не е најниска и дека се прави погрешна споредбено со другите земји од соседството, дека таму наводно е бруто плата, кај нас е нето, не, не е точно. Значи правиме споредба помеѓу нето минималната плата кај нас и нето минималната плата во соседството и за жал дојдовте да сме на најниско ниво. Повисока минимална плата од нас имаат дури некои земји кои што се формира како независни земји пред само неколку години. До тоа ниво сме дојдени. И сега вие секако користејќи пијар реченици, пијар зборови продолжувате да и ние сме за повисока минимална плата, не 500, 1000 евра да е, јас сум и за 2000 евра, ама да се договорат работниците и работодавачите. Тоа некако во превод му доаѓа како да кажете дека треба да се договорат волкот и јарето што вечер да вечераат. Така тоа би доаѓало од прилика, што да се дојде со ситуација или да дојде до некој договор помеѓу чеканот и стаклото. Значи, како да се договорат тие кои што ги даваат платите и оние што треба да ги примат. И, едно образложение кое што секако држи вода и вие го кажувате како министер за економија, каде што велите, да, треба да се договорат затоа што може да дојде до испуштање на работници, може да дојде до затворање на компании, да изгубат работниците, не само платата, тука да ја изгубат својата работа. Јас имам еден ваш документ, владини документ, каде што според тие бројки стои дека фирмите во 2025 година ќе остварат добивка, според вашиот документ, ќе остварат добивка од 4,3 милијарди евра во 2025 година. И сега кое е очекувањето, или вашето објаснување дека фирмите може да не исплаќаат плата, да не можат да го издржат трошокот, може да се затвораат, а од друга страна вие кажувате дека ќе остварат 4,3 милијарди евра добивка во 2025 година. Значи, кога зборуваме за добивка, зборуваме за тоа што ги покриле сите трошоци од работењето, вклучувајќи ја и платата на работниците и приходот што го оствариле е толку голем за да остварат 4,3 милијарди евра добивка во 2025 година. Моето прво конкретно прашање е, до кога, почитуван министер ќе играте мајтап со работниците. Затоа што, ако чекаме на договор помеѓу работниците и работодавачите и бизнисите, тој договор никогаш нема да се случи. И не случајно тој договор или тој дијалог е наречен трипартитен за да биде вклучена Владата. Мислам дека не е коректно да се кажува дека, да, сите сме за поголеми плати, не 500, 1000, 3000, дај Боже, на сите малку им се платите, ама нека се договорат тие. Волкот и јагнето, почитуван министер, никогаш нема да се договорат. Затоа го поставувам тоа прашање за играње мајтап со работниците. Секако и со потпрашање на тоа прво прашање, до кога ќе капитулирате пред оние кои трупаат богатства на грбот на работниците.