
Јован Митрески
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е поврзано со цените, исто така од аспект на тоа за остварување на добивка од 4,3 милијарди евра, гледајќи ги цените кои што реално се на пазарот. Значи, заработуваат толку за да остварат 4,3 милијарди евра добивка. А велиме дека ги решаваме проблемите дека не знам што се случува, граѓаните се задоволни, очигледно никој не оди во продавница да види што е тоа што се случува. Сега имате ситуација наши граѓани, почитуван премиер, да одат дури во соседни земји да пазарат. Зборуваме за како проблем, еве видете, појдете во Тирана видете трговски маркети, сите коли со таблици македонски. Секаде. Значи таа е реалноста. Е сега, па видете ако донесовме ние недела да не работат, вие донесете да работат во недела. Не би сакал да имаме ваква дебата, прашањето е до министерот за економија. Не, не, ми дофрлате, затоа одговарам. Значи, прашањето е до министерот за економија. Ние имаме ситуација, откупот на млеко да биде од 29, 30, 31 денари за домашните млекари. Од истата, да не спомнувам фирми на домашни млекари, истите млекари имаа на пазар цена во маркет на млеко, литар млеко 85 денари. Фактички имаме ситуација, ем да не се задоволни земјоделците поради тоа што се случува, ем добиваме висока цена на готов производ кој што се продава во маркетите. Фактички од она што се гледа и како заработка или чиста добивка во вашиот документ кој што го давате, остварува некој екстра профит. Поднесовме закони кои што мислевме дека како опозиција дека ќе придонесат во тоа да се намалат цените, кажавте, нема да се намалат. Нема да се прифатат опозициски. Поднесовме мерки кои што биле ветени во програмите предизборни и тие не беа прифатени. Кажавте дека ќе се донесат кошнички. Донесовте, училишна, дека ќе има предновогодишна, велигденска, рамазанска и така натака. Денес имате изјави дека тие не ги дале своите резултати и дека треба така да се остави на пазарот. Јас барем така го разбрав. Затоа, моето прашање, ако лошо сум разбрал, е што ќе преземете за ова да се стопира, за да не биде на штета на граѓаните, како што ова со минималната плата е на штета на работниците.