
Соња Мираковска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање се однесува за случувањата крајот на минатиот месец во Клиниката за онкологија, можеби ќе речете ова прашање на минатите пратенички прашања беше поставено од колега од позицијата, но сега сметам дека ова е прашање кое треба да ви го упати опозицијата и затоа денеска прво прашање што ќе упатам до вас се однесува токму за случувањата во Онкологија. Се случи една хуманитарна катастрофа, недостиг на биолошка терапија на Клиниката за онкологија на сметка на човечки животи кои директно зависат од неа. И не треба јас вас да ви објаснувам што значи биолошка терапија, вие знаете многу подобро од мене. Но за жал тоа го знаат многу семејства кои се судруваат со таков проблем, учат многу повеќе од она што животот треба да им даде како знаење заради болестите кои ги доживуваат во сопствените семејства и знаат многу добро што значи оваа терапија затоа што затоа што според Светската здравствена организација редовен пристап до онколошка терапија поготово биолошката го зголемува преживувањето на пациентите од 30 до 40%. Во нашата држава се соочивме со системски пропусти кои ја загрозуваат оваа шанса за живот. Тоа не смееше да се случи ни 10 дена. Вие дадовте пред два дена некаков одговор кој мене сепак ми остава простор дека не е кажано се. Велите дека сте сигурни дека веќе имаат терапија онколошките пациенти и дека дисперзија веќе мора да функционира, значи во Битола, Тетово, Штип, 8 Септември ќе мора да се дистрибуираат и веќе ги имаа терапиите. Но ниту збор за тоа кои видови терапија фалеа, во колкав обем, колку се пациентите кои не добија терапија. Не добивме ништо што се случува. Дали пресметавте добро од сега натаму да не ви се случува, дали имате решение што ќе се случува понатаму. Дали предвидовте какви се зголемувањата на бројот на пациенти на годишно ниво имаат таков проблем. Факт е дека повеќе од 10 дена онколошките пациенти беа оставени без животно потребната терапија. Одговорот како што ви реков не е задоволителен и затоа ќе бараме од вас да дадете малку повеќе информации од вас за се што се случуваше овие 10 дена, без изговори затоа што 8 месеци, а и две години претходно додека на власт беше ваш министер за здравство не е мал период и вие треба да имате јасна визија, а спротивно на тоа вие покажавте неспособност да ги обезбедите тие лекови и тоа е факт. Тоа кај многу луѓе предизвика стрес, предизвика загриженост, предизвика болка дополнителна затоа што знаат оти дека секој ден е исклучително важен за нивниот живот. Се кажаа до сега многу изговори во јавноста дека имало административни пречки, дека немало регистар на лекови, дека не се знаело за колку точно пациенти треба да се обезбеди лек, а прашањето е зошто, зошто тоа не успеавте да го направите. До сега не слушнавме системско решение ниту одговор на прашањето зошто тоа се случува, ниту во иднина точно конкретно планирате за да видат овие пациенти растеретени од тоа дека некогаш повторно ќе им се случи. Ако Клиниката за онкологија нема прецизна слика за потребите на лекот зошто се чекаше толку месеци со тоа да се направи регистар претпоставувавме дека веднаш со влегувањето во Клиниката вие тоа можете да го направите. Верувам дека сте се запрашале, но јас ќе ве прашам, дали знаете како овие луѓе се чувствуваат чиј живот секоја минута е врзан со добивањето на лекот и дали знаете дека секој ден одложената терапија претставува нова болка за сите тие граѓани. Ова го кажувам затоа што сметам дека оваа хуманитарна катастрофа на онкологија и голгота низ која поминуваат пациентите мора да има политичка одговорност од оние кои што управуваат со Клиниката и со здравството и не презеле доволни мерки за обезбедат лекови на време. Здравствените услуги и услугите кои граѓаните ги добиваат во нив се огледало на тоа дали некоја Влада или дали некој министер успеал или не. Она што се случува на Клиниката за онкологија верувам ќе се сложите не е само здравствен скандал. Овој случај е поткопување на довербата во инструментите и воопшто поткопување во довербата во здравството. Моето прашање до вас министре како најповикан зошто дозволивте да нема лекови и кој ќе ја понесе сега одговорноста за тоа.