Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мираковска праша за достапноста на билетите во државните културни установи

Резиме

Соња Мираковска праша што планира Министерството за култура и туризам за културните настани да останат достапни за сите граѓани. Таа оцени дека билетите во некои установи, меѓу кои Драмскиот театар, Филхармонијата и Националната опера и балет, значително поскапеле и предупреди дека товарот на финансирањето сè повеќе паѓа врз публиката.

Министерството одговори дека буџетите на националните установи за 2025 година биле зголемени, во зависност од установата, за 20 до 100 проценти. Цените на билетите, наведе, ги утврдуваат самите установи преку управните одбори, а не Министерството. Според одговорот, дел од установите добиле делегирани буџети и автономија во управувањето, цените зависат од продукцијата, а се предвидуваат и посебни цени за ученици, студенти и пензионери.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Соња Мираковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање кое сакам да го поставам до министерот за култура, не е исто така неважно, мислам дека е важно поготово за граѓаните. Во изминатиот период забележливо е значително зголемување на цените на билетите во некои клучни културни институции во Скопје пред се, меѓу кои Драмскиот театар, Филхармонијата и Националната опера и балет, установи кои се финансираат директно од државниот буџет, преку Министерството за култура, од каде се покриваат платите на вработените, програмските активности и материјалнотехничките трошоци за нивното функционирање. Културните институции финансирани од државниот буџет имаат за цел да бидат јавен сервис, а не да бидат, да функционираат како пазарни субјекти. Тоа подразбира достапност, инклузивност и еднаков пристап до културните содржини за сите граѓани, независно од нивната куповна моќ. Новите ценовници покажуваат дека билетите за одредени претстави и концерти се зголемени за повеќе од двојно, во споредба со претходните години. Овие промени го откриваат клучното прашање за јавниот карактер на културните институции, како установи што се финансираат со пари од даночните обврзници, нивната основна улога е да обезбедат широк и рамноправен пристап до културата, а не да создаваат услови во кои културните настани стануваат ексклузивни и финансиски недостапни за голем број од граѓаните. Дополнителен контекст е воведувањето на делегираниот буџет за годишни програми и на дел од институциите. Овој модел им дава поголема финансиска автономија на управите, што е добро, не можеме да кажеме дека е лошо, но не ја менува суштината, а тоа е средствата и понатаму доаѓаат од државниот буџет и се наменети за реализација на културната дејност од јавен интерес. Делегираниот буџет не е наменет да ја претвори културата во пазар на услуга, туку да овозможи поефикасно управување со програмите. Иако Министерството за култура не ги утврдува директно цените на билетите, институциите формално имаат автономија во нивното дефинирање, факт е дека јавните средства не ги покриваат целосно продукциските трошоци, се почесто се наметнува преку повисоки цени за публиката. На тој начин, за жал, товарот на одржливост на културната понуда се повеќе се префрла врз граѓаните. Затоа сакам да ве прашам, што планирате како Министерство и вие како прв човек на институцијата, културните настани да станат достапни за сите, што е ваша основна улога да го обезбедите јавниот карактер на културните институции или ќе дозволите да се случи оддалечување на културните и јавни манифестации од граѓаните од оние кои ги финансираат, а тоа се граѓаните.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Благодарам. Ние сме доставиле допис до Собранието, еве на првото, но сеуште немаме одговор. Но како и да е ќе го провериме уште еднаш. Во однос на второто прашање за цената на билетите, во конкурсот за 2025 година на сите национални установи им е зголемен буџетот 20, 30, 50, некаде до 100%. Бидејќи како што знаете во последните седум години пред да дојдеме ние на власт буџетите во националните установи беа намалени за некаде околу 70% во делот на продукцијата. Сега таа грешка е исправена и некои национални установи добија дури и по 100% зголемување на буџетите, а оваа година во недела ќе го објавам и конкурсот за 2026 година, ќе видите уште поголемо зголемување во однос на националните установи и по тоа се гледа и грижата која што ја имаме во делот на националните установи, националната култура. Во делот на зголемувањето на цената на билетите, цената на билетите си ја одредува самата установа со одлука на управен одбор, во зависност од тоа за каква продукција се работи. Бидејќи поголем дел, скоро 18 национални установи добија делегиран буџет. На тој начин им се дава автономна можност на раководителите на овие установи да ги покажат своите менаџерски способности да можат да управуваат со своите буџети, но и на тој начин да ја определуваат цената на билетите. Не на сите проекти им е зголемена сумата на билетите. Вие како што знаете и по закон голем дел од институциите скоро сите институции определуваат посебна цена за учениците, посебна цена за основците, за средношколците, за студентите и за пензионерите. Не секоја претстава или не секој проект тргнува со билет со висока сума. Понатаму како оди во текот на периодот во изведбите сумата се разбира и се намалува, но се зголемени и трошоците, но се разбира и проектите кои што ги продуцираме. Сега ако на времето се правело со 4 столици или немале буквално еден денар за да направат продукција, денеска ние имаме продукции кои што се исклучително скапи, големи и кои што се достојни публиката да ги види. Што значи дека ние вложуваме во квалитетот на продукциите. Од таа причина некаде се зголемени цените на билетите. Благодарам. Но сепак ќе повторам уште еднаш тоа не е одлука на Министерството за култура, туку секоја национална установа си има автономно право преку своите управни одбори секој проект посебно да му ја определи цената на чинење на проектот или на билетот. Благодарам.

Сите пратенички прашања