
Соња Мираковска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Бесправното градење претставува, господине министер, долгогодишен системски проблем кој директно го поткопува владеењето на правото, урбанистичкиот ред и еднаквоста на граѓаните пред законот, државата со години носи закони, стратегии и мерки за спречување на дивоградбите, но нивната примена во пракса често е нецелосна, задоцнета или селективна. Наместо законите да се применуваат еднакво и континуирано, сведоци сме на ситуации на кои рушењето на бесправно изградените објекти се спроведува повремено, кампањски и зависно од политички, финансиски или други околности, што создава оправдан сомнеж за селективна правда. Особено загрижува фактот што дел од локалните власт јавно признаваат дека рушењето се врши врз основа на правосилни решенија, не се врши на правосилни решенија, туку додека има средства што е целосно спротивно на принципите на правна држава. Она што статистиката го имаме, 2015-та, од државната Завод за статистика 2015-2016 од над 1000 бесправно изградени објекти, 2023, 2024 е паднато на околу 700, но сепак тој број е многу голем и таа тенденција и понатаму продолжува. Само ќе спомнам дека од голема грижа, се надевам на јавноста пред се, а би требало да биде и на власта и она што се случува со Охрид и дали ќе го загуби статусот на заштитен регион. Ќе го спомнам Маврово каде што се гради цела една населба, каде што дивоградбите стојат, се градат уште, ништо во тој контекст не е направено. Куманово, евидентирани се над 600 нови дивоградби. Функционерите од локална самоуправа кажуваат дека тие не реагираат, оној момент кога ќе снема пари за рушење и затоа сакам да ве прашам дали постои список на правосилни решенија за рушење кои со години не биле извршени и дали меѓу тие објекти има објекти поврзани со лица блиски до власта или до локалните носители на функции, како Владата ќе ја увери јавноста дека рушењето на дивоградбите не е политички селективна мерка, туку еднаква примена на законот и како Владата ја објаснува очигледната разлика меѓу предизборните ветувања нулта толеранција кон дивоградбите и она што денеска се случува да се руши само ако за тоа се обезбедени средства. Благодарам.