Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството за правда вели дека постои акциски план за препораките за затворите

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша дали Министерството за правда има детален акциски план за препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура, Европската комисија и Народниот правобранител, кога тој ќе биде објавен и каков независен мониторинг е предвиден.

Министерството одговори дека Управата за извршување на санкциите има акциски план од 8 мај 2019 година, кој редовно го ажурира и го доставува до Комитетот, а на барање и до Министерството, Владата и Европската комисија. Наведе дека Управата известува за преземените активности преку квартални извештаи или двапати годишно, зависно од напредокот. Одговорот не наведува рок за јавно објавување на планот ниту конкретни механизми за независен мониторинг. За дел од препораките на Народниот правобранител, нивната реализација, според Министерството, зависи од финансиски средства или координација со други органи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Република Македонија има обврска да ги имплементира препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура на Советот на Европа, Европската комисија и Народниот правобранител. Овие препораки се однесуваат на подобрување на условите во затворите, справување со пренатрупаноста, обезбедување на здравствената заштита, борба против корупцијата и подобрување на ресоцијализацијата. Европскиот комитет за превенција од тортура во Извештајот за 2024 година констатира дека состојбата во затворот Идризово останува алармантна со сериозна пренатрупаност, распространета корупција на персоналот и неадекватна здравствена заштита. Исто така Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата држава за 2024 година заклучи дека цело купната состојба во затворите останува многу лоша и повикува на итна акција и подобрување. Исто така и Народниот правобранител на нашата држава во извештаите за 2023 и 2024 година повторно констатира нехумани услови, екстремна пренатрупаност, недостаток на здравствена заштита и апелира на итно затворање на применото одделение во затворот Идризово поради деградирачки услови. Согласно нашите меѓународни обврски, произлезени од членството на Советот на Европа и процесот на пристапување на нашата држава кон Европската Унија, државата мора транспарентно и одговорно да ги имплементира препораките на овие институции. Па, поради тоа почитуван министер ве прашувам, дали Министерството за правда има детален акционен план со јасно дефинирани рокови, одговорни лица и мерливи индикатори за имплементација на препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура, Европската комисија и Народниот правобранител во наведените извештаи како што кажав. Кога конкретно овој Акционен план ќе биде јавно објавен и достапен до граѓаните и граѓанските организации и меѓународната заедница? И какви механизми за независен мониторинг за спроведување на овој план се предвидени за да се обезбедат навремени и реални имплементации на препораките. Граѓаните на нашата држава заслужуваат транспарентен одговор во однос на подобрување на затворскиот систем. Прашањето го поставувам до министерот за правда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ Бр.-Nr. 08-1945/3 27.03.2026 год.-viti

Република Северна Македонија Министерство за правда Кабинет на министер

Бр. 21-655/4 Скопје, 24 -03- 2026 година

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Одговор на пратеничко прашање ВРСКА: Ваш број 08-1945/2 од 09.03.2026 година

Почитувани,

Во однос на прашање кое се однесува на препораките на Европски Комитет за превенција од тортура на Совет на Европа, Европска комисија и Народниот правобранител, а кои се однесуваат на подобрување на условите во казнено-поправните установи, обезбедување на здравствена заштита, борба против корупција и подобрување на ресоцијализација , поточно дали постои Акциски план за реализирање на препораките , а по добиен одговор од Управата за извршување на санкции, Ве информираме следново:

Управата за извршување на санкциите по добивање на секој Извештај по реализирана посета од комитетот со препораки редовно и навремено го известува Комитетот за борба против тортура за преземени мерки и активности во затворскиот систем преку квартални извештаи или двапати во година во зависност од напредокот и преземените активности. Дополнително, Управата за извршување на санкциите уште од 08.05.2019 година има изготвено Акциски план за степен на реализација на препораки на комитетот и истиот редовно го ажурира и доставува до комитетот кој ги следи активностите и чекорите кои Управата за извршување ги превзема. За превземени активности, Управата за извршување на санкциите ја информира и Банката за развој при Совет на Европа и врз основа на постигнат резултати на 12 јуни 2025 година одмрзнати се средства од Заемот и продолжен е рокот за градба за КЗПД Идризово (2фаза) со што значително ќе се подобрат условите во КПД Идризово.

Исто така Акциски план за степен на реализација на препораки, Управата за извршување на санкциите го доставува на барање и на Министерство за правда, Влада на РМ и до Европска комисија како дел од одговорот за Поткомитет и за прогрес Извештај на Република Македонија во делот на Поглавје 23 – Фундаментални права.

Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk ISO 9001 BUREAU VERITAS Certification

Република Северна Македонија Министерство за правда Кабинет на министер

Во однос на препораките на Народниот правобранител, Управата за извршување на санкциите во рамките на своите надлежности и можности постапува во најголемиот дел од препораките, но за дел, односно нивна имплементација зависи во голема мера и е поврзана и со поголеми финансиски импликации или потреба од координација со други органи (пр. Министерство за здравство, Министерство за образование и наука).

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Игор Филков

Изготвил/Катерина Гичев – посебен советник на министер

2 Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. Димитрие Чуповски бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

Сите пратенички прашања