
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е за министерот за правда. Значи искрено се работи за првите избори што ќе се одржат во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа. Имено, според член 132 господине министер, став 2 од Изборниот законик вели дека ако една третина од граѓаните не излегуваат на избори, нема цензус, ќе се повторат изборите. Тука нема проблем. Значи тука сме на чисто. Меѓутоа член 132 став а, 132-а, јас не сум правник вие подобро ги знаете од мене овие работи вели дека повторените избори треба да се одржат најдоцна 60 дена по објавувањето на конечните резултати при што веќе не се применува критериумот на цензус. Значи 60 дена по објавувањето на конечните резултати. Еве сега, господине министер баш ме интересира што вие мислите како министер. Беше ова дали е ваша компетенција да не мешаме ДИК, да не мешаме претседател на Собрание како министер за правда што мислите. Мислам дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу заклучокот за објавување на конечните изборни резултати и заклучокот за завршување на изборниот процес. Значи според член 132 став а вели дека значи 60 дена треба рокот треба да помине од моментот на објавувањето на конечните резултати. Државна Изборна Комисија конечните резултати ги објави на 29 октомври за овие општини. Логично рокот треба од 60 дена да тече од тој ден, а 12-ти ноември каде што Државна Изборна Комисија излегува со заклучокот за завршување на изборниот процес. Значи законот е јасен, денот на објавувањето според тоа што пишува во Законот најточен датум за изборите требаше да биде 19 декември, 60 дена, а вака одиме на 11-ти јануари веќе закажани се, океј, ме интересира вашето мислење. И друга дилема сега ако има рок од 60 дена тоа е максимален рок господине министер. Дали тоа значи во хипотетички дека изборите мора да се одржат за 20,30,40 дена дали треба да се чека фикс 60 дена. Што е вашето мислење за ова и трета дилема дали треба да се оди со истите кандидати пошто се вели изборите се повторуваат ако нема цензус, или се менуваат кандидатите. Е сега ако дозволуваме хипотетички да се менуваат кандидатите, тоа би значело дека се нови избори со нови кандидати. Ако се нови избори каде е логиката сега да нема цензус. Е сега, и затоа велам ако е дозволено да не одиме до 60 дена, да може и за 30 дена, тогаш тоа може да се исполни само со старите кандидати повторно избори. Тоа не може да се исполни со нови, пошто ДИК им треба 30-40 дена да организира и сега хипотетички. Премиерот изјави во јавна изјава дека јас имам рок од 15 дена да го информирам претседателот на Собранието. Тоа е јавна изјава на премиерот. Еве значи премиерот го користи 15 дена, 15 дена да го информира хипотетички. Колку останувате со овие избори со нови кандидати, 45 дена. Дали е возможно да се организира за 45 дена, не е возможно пошто на ДИК му требаат 53-54 дена. Значи овие се некои дилеми баш ме интересира да го слушнам вашето мислење и поради времето само вие ќе имате 5 минути тука да објасните. Прашањето го поставувам до министерот за правда.