Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството за култура одговори за заштитата на Турбето на Гази Баба

Резиме

Пратеникот Сали Мурати побара информации за статусот и заштитата на Турбето на Ашик Челеби во Гази Баба, по оштетувањата наведени во неговото прашање. Праша и за итна реставрација, буџетски средства, надзор и постапување против сторителите.

Министерството за култура и туризам одговори дека турбето е заштитено и заведено во Централниот регистар. Наведе дека објектот е ограден, а потребата од реставрација и постојан надзор може да се утврди по стручен увид на лице место. За мерки кон сторителите, Министерството посочи дека по утврдување на штетата треба да бидат известени надлежните институции и МВР, за да се соберат докази.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 24.04.2026 Број Прилог Вредност 08 2956/1 0

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и членовите 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за култура на Република Северна Македонија:

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби), заштитено недвижно културно наследство во Општина Гази Баба – Скопје, реставрирано во 2012 година со јавни средства, е намерно и тешко оштетено од непознати сторители. Нанесените оштетувања опфаќаат: разбивање на надгробниот споменик со изложување на коскени остатоци, кршење на влезната врата, оштетување на внатрешните декорации и испишување графити.

Во врска со наведеното, поставувам следниве прашања:

1. Дали Турбето на Гази Баба е редовно запишано во Регистарот на заштитено недвижно културно наследство и кои конкретни мерки за одржување и заштита биле преземани по реставрацијата во 2012 година? 2. Кои итни мерки ги презема Министерството за конзервација, реставрација и физичко обезбедување на споменикот? 3. Дали се обезбедени или ќе се обезбедат буџетски средства за итна реставрација и постојан надзор на локацијата? 4. Дали Министерството ќе поднесе кривична пријава до МВР и ќе координира со Јавното обвинителство за откривање и процесуирање на сторителите?

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје, 24.04.2025

Сали Мураті

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Бр.-Nr. 08-2956/3 27.05.2026 год.-viti

Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам

Бр.29-5358/4 Датум22 .05 .2026 година

До: Африм Гаши/Afrim Gashi – претседател на Собранието на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Почитувани,

Во врска со вашиот допис бр. 08-2956/2 од 27.04.2026 година го доставуваме одговорот на пратеничкото прашање на пратеникот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати поставено до Министерот за култура и туризам меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 24, април 2026 година.

Со почит,

МИНИСТЕР Зоран Љутков

Подготви: Рејхан Абдулова,соработник Одобри: м-р Оливера Ливриник, Раководител на Сектор Согласен: м-р Елена Павлова, Државен советник Согласен: Диме Маџовски, Државен советник

1 Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија Ул. „Гуро Гаковик“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 207 405 www.kultura.gov.mk

Пратеникот г-дин Сали Мурат, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, 24, април 2026 година ги постави следниве писмени прашања до министерот за култура и туризам:

Турбето на Гази Баба (Ашик Челеби),заштитено недвижно културно наследство во општина Гази Баба-Скопје, реставрирано во 2012 година со јавни средства, е намерно и тешко оштетено од непознати сторители. Нанесените оштетувања опфаќаат:разбивање на надгробниот споменик со изложување на коскини остатоци, кршење на влезната врата, оштетување на внатрешните декорации и испишување графити.

Во врска со наведеното, ги поставувам следниве прашања:

1.Дали Турбето на Гази Баба е редовно запишано во регистарот на заштитено недвижно културно наследство и кои конкретни мерки за одржување и заштита биле преземени по реставрацијата во 2012 година?

2. Кои итни мерки ги презема Министерството за конзервација, реставрација и физичко обезбедување на споменикот?

3. Дали се обезбедени или ќе се обезбедат буџетски средства за итна реставрација и постојан надзор на локацијата?

4. Дали Министерството ќе поднесе кривична пријава до МВР и ќе координира со јавното обвинителство за откривање и процесуирање на сторителите?

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на собранието.

Министерството за култура и туризам, во врска со пратеничкото прашање, го подготви следниот

ОДГОВОР

Министерството за култура и туризам, во соработка со Управата за заштита на културното наследство и надлежната установа – Националната установа Конзерваторски центар Скопје, изврши увид во достапната документација и ја доставува следната информација.

Прашање 1 – Дали Турбето на Гази Баба е редовно запишано во регистарот на заштитено недвижно културно наследство и кои конкретни мерки за одржување и заштита биле преземени по реставрацијата во 2012 година?

Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам

Турбето на Ашик Челеби е заштитено со Решение за поставување под заштита на Турбето на Ашик Челеби во Скопје (бр. 04-113/90 од 10.12.1963 година), донесено од поранешниот Централен завод за заштита на културните споменици и природните реткости Скопје и со Решение за прогласување на Турбето на Ашик Челеби во Скопје за значајно културно наследство (Уп.бр. 18-772 од 18.12.2012 година), донесено од Управата за заштита на културното наследство, а врз основа на изработен Елаборат од страна на НУ Конзерваторски центар Скопје, запишано во Централен регистар под рег.бр.156.

Прашање 2 - Кои итни мерки ги презема Министерството за конзервација, реставрација и физичко обезбедување на споменикот? „Реставрацијата“ на турбето во 2012 година е реализирана без известување и учество на надлежната НУ Конзерваторски центар Скопје. И покрај тоа во неколку наврати се вршени увиди во состојбата при што е констатирано дека доброто е предмет на деградирање со графити и смет во негова непосредна околина. Турбето се наоѓа на самиот врв на ридот Гази Баба, во ненаселен дел и од тие причини, веројатно во 2012 година, истото е оградено со висока метална ограда и на тој начин е физички обезбедено.

Прашање 3 - Дали се обезбедени или ќе се обезбедат буџетски средства за итна реставрација и постојан надзор на локацијата? Какви мерки ќе треба да се превземат на културното добро се дефинира по извршен увид на лице место за состојбата и видот и обемот на настанатите оштетувања на Турбето. Во конкретниот случај, потребата од итна реставрација, како и потребата од постојан надзор може да се утврди по извршен стручен увид на лице место од страна на надлежните институции.

Прашање 4- Дали Министерството ќе поднесе кривична пријава до МВР и ќе координира со јавното обвинителство за откривање и процесуирање на сторителите?

3 Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија

+389 2 3 207 405 www.kultura.gov.mk

За да се превземат било какви мерки кон сторителите, треба веднаш по констатирањето за нанесени штети на културното добро да се извести надлежната НУ Конзерваторски центар Скопје, Управата за заштита на културното наследство како и МВР со цел навремено да се увиди состојбата и да се соберат релевантни докази за сторителот на делото.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ

Сите пратенички прашања