
Сали Мурати
До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија
Почитуван Претседател на Собранието,
Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за финансии на РСМ:
ПРЕДМЕТ: Распределба и реализација на унгарскиот кредит за инфраструктурни проекти на општините
Во рамките на остварување на надзорната улога како пратеник при трошење на јавните средства, особено средствата од унгарскиот кредит наменети за инфраструктурни проекти на општините, ве молам за детален и прецизен одговор на следните прашања:
I. ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ПРВИОТ ЈАВЕН ПОВИК
1. Дали е започната исплатата на средствата од унгарскиот кредит на општините чии проекти се одобрени за финансирање на првиот јавен повик?
2. Која е вкупната сума на одобрени средства од првиот јавен повик и колку од овие средства се веќе исплатени на општините?
3. За Општина Врапчиште конкретно, ве молам да наведете:
• За кои проекти има аплицирано Општина Врапчиште на првиот јавен повик? • Кој беше основниот износ при апликација за секој проект поединечно? • Кои проекти беа прифатени за финансирање (назив и намена на средствата за секој проект)? • Колкави се одобрените средства за секој одобрен проект за Општина Врапчиште? • Дали има посебно одобрени проекти за населеното место Врапчиште и во кој износ? • Дали е започнат некој од одобрените проекти и дали е започнато со префрлување на средствата на Општина Врапчиште?
II. ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК
4. За Општина Врапчиште на вториот јавен повик, ве молам да наведете:
• За кои проекти има аплицирано Општина Врапчиште? • Назив на проектите со наведување на населенито место каде што се планира реализација? • Кои се износите за секој проект поединечно? • Кој е збирниот износ на сите проекти за кои аплицирала Општина Врапчиште?
III. ОПШТИ ПРАШАЊА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
5. Дали постои јавно достапна листа со сите одобрени проекти од првиот повик со износи по општини?
6. Која е временската рамка за целосна реализација на проектите од првиот повик?
7. Дали се водат посебни евиденции за напредокот во реализацијата на секој одобрен проект?
8. Кои се критериумите за евалуација на проектите од вториот јавен повик и кога се очекува донесување на одлуки за одобрување?
Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.
Со почит,
Скопје, 26.03.2026 Сали МуратИ
Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија